Lord of the Rings трилогијата + Хобитот

  • Креатор на темата Креатор на темата Morbidnio
  • Време на започнување Време на започнување
Ќе го гледам на 12-ти декември! :vozbud:

До тогаш морам да ја прочитам книгата, да не ми ја расипе филмот.
 
Може. Така ми се расипа „1984“.
Јас искрено не верувам дека тоа ќе биде случај со Хобитот. Питер Џексон ќе прави трилогија, значи ќе опфати буквално се од Хобитот, плус ќе вметне настани од Силмарилион (за да даде посериозен шмек на приказната, затоа што сепак Хобитот е литература за деца). Уште на невидено мислам дека филмов ќе биде ремек дело, а и општо целата трилогија.
 
Можда ќе звучам дебилно али ЊТФ е Силмарилион?
 
Можда ќе звучам дебилно али ЊТФ е Силмарилион?

Силмарилион е збир раскази (поточно забелешки, кои се малку дополнети, средени и доработени од син му и кои се издадени по смртта на Толкин. Веројатно, пишувајќи ги планирал и од нив да направи нешто пообемно. Се однесуваат на периодот пред Билбо (мојот омилен хобит) и Фродо. Одлична книга. За некои веројатно најдобра поради многуте податоци, имиња и настани кои расветлуваат еден голем дел од историјата на Средната земја и сведочат за величенствената имагинација на Толкин.
И покрај тоа што имам резерви кон Џексон имам големи очекувања од филмов. Може тоа да испадне проблематично, кога се имаат големи очекувања :)
 
Можда ќе звучам дебилно али ЊТФ е Силмарилион?
според мене најкратко објаснато силмарилион е библијата за средната земја, од нејзиниот почеток па до пред настаните во хобитот
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom