Lord of the Rings трилогијата + Хобитот

  • Креатор на темата Креатор на темата Morbidnio
  • Време на започнување Време на започнување
И јас исто како членот погоре сум разочаран заради тоа што немаше битка во Морија. Исто така сакав да има и битки кај Хелмс Дип и Минас Тирит. Се согласувам дека Леголас немаше доволно скрин тајм. И не само тоа, туку мислам и дека требаше главен лик да го направат во филмот.
Не сум го читал хобитот викаш тука не завршува книгата, ја има и битката на Балин за Морија? За Какви битки за Хелмс Дип и Минас Тирит збориш?
 
може да има некаков спин оф за леголас, крајот ми мирисаше на продолжение ама ќе видиме
 
Вечерва и Каролина Гочева го гледа Хобитот.
Тоа е тој PR <3

@Smert другар си ги помешал филмовите/книгите. :) Legolas не постои во времето кога е издаден The Hobbit, смислен е подоцна како лик за во Lord of the Rings, и тоа време што му е посветено на нему и на Tauriel (кој е лик измислен екслузивно за филмовите) е премногу. Целиот тој романтичен тријаголник е за да се добие на драматичност. Исто и тие битки што си ги спомнал за Helm's Deep и Minas Tirith не се дел од The Hobbit. Затоа пак се додадени битки и локации кои само се спомнуваат во The Hobbit (Dol Guldur, Gundabad а Angmar е од LotR).

Во целина сум задоволен како помина трилогијата и единствена замерка ми е претераното користење на CGI и одредени cheesy моменти. Јас сум all in за ефекти и eye candy ама оригиналната трилогија имаше многу повеќе статисти, простетика, помоќни ликови, локации и епски саундтрак. Има мноооогу позитивни ствари кои се направени подобро од книгата, нешто што е реткост но имаше и глупави промени и неразврзан крај за одредени ликови, но што е тука е. Во принцип неможе а да не бидам задоволен, не трепнав дури го гледав филмот.

(y)
 
Што ви е со тоа битката во Морија, кога тоа не се случува за време на Хобитот? Битката во Морија се случува некаде по 30 години од случувањата во овој филм.

Искрено, очекував многу повеќе ама тоа е ефектот кога 2 страници од книга ќе ги направат да биде филм од два и пол саати. Тауриел, Кили и Леголас делот ми беше безвезе ама мора да додат жени иначе ќе се бунат. Змејската болест беше фин додаток во филмов. Но битките ми беа проблем, некако долго траеа ама немаше битки со статисти и буквално да гледаме како се пробиваат постепено војските. Се беше во трчање и фокусирање на неколку ликови. Сеедно, фина трилогија, послаба од LoTR ама сигурно ќе си ја гледам како маратон барем еднаш годишно.
 
А за карти,цени и такви ствари ако може некој да објасни ...
Поточно дали го има филмов и у Милениум освен Сити Мол !?!?
 
А за карти,цени и такви ствари ако може некој да објасни ...
Поточно дали го има филмов и у Милениум освен Сити Мол !?!?
200 ти е во Милениум 3д,али последен пат коа бев беше толку лоша снимката што радо дома би го глеал :)
 
Дијаманте станува пародија сама на себе :ROFLMAO:

Нека пише дали и се допаднал филмот
 
може да има некаков спин оф за леголас, крајот ми мирисаше на продолжение ама ќе видиме
Мислам дека немаат права веќе ништо да екранизираат од Толкин, Хобитот беше последен.
 
Мислам дека немаат права веќе ништо да екранизираат од Толкин, Хобитот беше последен.

абе права се купуваат, фондацијата на толкин има земено само 24 милиони долари за тие права а овие колку милијари направија:icon_lol: за лотр зборам
 
абе права се купуваат, фондацијата на толкин има земено само 24 милиони долари за тие права а овие колку милијари направија:icon_lol: за лотр зборам
Се купуваат ако тој што ги има сака да ги продаде. :) Имаше некоја заебанција со тоа, не ми текнува кај читав, ама толкиеновите потомци не сакале ништо веќе да продадат.
 
@Smert другар си ги помешал филмовите/книгите. :) Legolas не постои во времето кога е издаден The Hobbit, смислен е подоцна како лик за во Lord of the Rings, и тоа време што му е посветено на нему и на Tauriel (кој е лик измислен екслузивно за филмовите) е премногу. Целиот тој романтичен тријаголник е за да се добие на драматичност. Исто и тие битки што си ги спомнал за Helm's Deep и Minas Tirith не се дел од The Hobbit. Затоа пак се додадени битки и локации кои само се спомнуваат во The Hobbit (Dol Guldur, Gundabad а Angmar е од LotR).

Не сум помешал нишо ја, многу добро знам што има у книгата, ја имам прочитано книгата Хобит пред 8 години. Мојот пост беше саркастичен одговор на еден пост од претходната страна, каде што членот во спојлер таг имаше пишано дека очекувал на крајот да има битка во Морија и смета дека Леголас требало поголем скрин тајм да има.
 
3 dena e vo kino, pa da ve zamolam da diskutirate vo sppjleri toa sto bi go unistilo filmot na tie sto ne ni e gledan.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom