Lord of the Rings трилогијата + Хобитот

  • Креатор на темата Креатор на темата Morbidnio
  • Време на започнување Време на започнување
Можете да стопирате негде 1:59 - 2:00 и да ги видите троловите (од појас надолу) што ќе ги заробат.

Што? На никој не му е битно ова?
--- надополнето: 22 декември 2011 во 14:41 ---

Зашто поајвата на Саруман би била ГОООЛЕМО изненадување?
:tapp: Каде во Хобитот (книгата) го има Саруман?
 
:tapp: Каде во Хобитот (книгата) го има Саруман?
Па настаните во дводелниов филм не се само од книгата Хобит, туку ги опфаќаат и другите многу битни случувања кои се случуваат паралелно со дејствието во Хобит, се до пред почетокот на разврската за Прстенот, која е дадена со LOTR (Бел Совет, Дол Гудур...).
 
Малку офтопик, дали мислите дека е можна екранизација на Силмарилион?
 
Малку офтопик, дали мислите дека е можна екранизација на Силмарилион?
Види по горе - последното облаче од стрипот.

Јас лично мислам дека тоа никако не би било екранизација на целата книга, туку на одредени поглавја од историјата на Средната Земја, настани, по кратки периоди.

Реално, ќе молзат док можат.
 
Ама признај дека би сакал да ги видиш Феанор, Финголфин, Турин, Елендил... :D
 
Хух, едвај чекам да го видам филмот, очекувам многу па според трејлерот моите очекување се на место, и ветува многу, едвај чекам да го гледам.
 
:tapp: Каде во Хобитот (книгата) го има Саруман?
па ќе биде во белиот совет кога ќе решат да го протераат Некромансерот(саурон) од дол голдур

многу ме бендиса песната што си ја пеат џуџињата на трејлерот :) си ја слушам барем еднаш дневно :)
иначе мислам дека the Children of Hurin заслужува екранизација, Силмаларион ќе биде многу тешко да се екранизира поради специфичноста и стилот на книгата
 
Па настаните во дводелниов филм не се само од книгата Хобит, туку ги опфаќаат и другите многу битни случувања кои се случуваат паралелно со дејствието во Хобит, се до пред почетокот на разврската за Прстенот, која е дадена со LOTR (Бел Совет, Дол Гудур...).
Све ми е јасно тоа мене, прашањето го поставив очекувајќи токму ваков одговор наменет за помалку упатените софорумци. ;)

Туку, целата фрка околу „изненадувањето“ беше што иако пред безмалку година дена беше најавено враќањето на Крис Ли како Саруман (откако претходно се реши дека вториот филм ќе претставува мост помеѓу Х и ГНП), истото сепак беше неизвесно поради здравствените проблеми на Британецот (кој патем догодина треба да полни 90 години!)

Неговото појавување во продукцискиот блог/клип на претходната страна (облечен како Саруман) е всушност изненадувањето, налагајќи дека човекот е во далеку подобро здравје отколку на почетокот од годинава. (y)

Погледни само колку е кревок на клипов (февруари 2011) - едвај наградата успеа да ја крене...
http://www.youtube.com/watch?v=_dbtbk3V19A
 
Дилемите околу Кристофер Ли, завршија пред година дена. Он се плашеше во врска со тоа дали може со неговите години уопште да патува толку долг лет. Па влезе некоја комбинација у игра он да го глуми само Шмауг (како глас), па работата да ја заврши од дома, без да патува.
Но, уште во јануари се дозна дека напраиле веќе договор и дека ќе игра.
А во јули беше на снимање на Хобитот.

Една од добрите работи во врска со евентуалното некогашно екранизирање на настаните од Силмарилион (од аспект на филмска продукција), е тоа што многу мал процент (или можеби и 0%, зависно од тоа што ќе се екранизира*) од кастингот ќе биде врзан со овој кастинг од ГнП и Хобитот.

*Пошто ја не верувам, а и никој нормален не верува, во можноста за само еден филм од Силмарилион
 
[quote="Björn, post: 4648583, member: 4670"

*Пошто ја не верувам, а и никој нормален не верува, во можноста за само еден филм од Силмарилион[/quote]

Квалитетна серија, изработена од HBO, во неколку сезони.That's what I am talking about! :)
 
[quote="Björn, post: 4648583, member: 4670"

*Пошто ја не верувам, а и никој нормален не верува, во можноста за само еден филм од Силмарилион

Квалитетна серија, изработена од HBO, во неколку сезони.That's what I am talking about! :)[/quote]

И многу пцовки.Да се разбереме,НВО е во прашање.
 
Квалитетна серија, изработена од HBO, во неколку сезони.That's what I am talking about! :)

Ааа не. Не кај нив. Они секирата ја збрцаа у друго буре со мед. Сеа за сеа им иде супер. HBO направија добар потег со тоа што на самиот Мартин му дадоа одврзани раце. Мада ја не верувам дека AGOT/SOFAI ќе биде доволно долго време исплатлива за да може сите книги да се "сезонираат". IMO, после третата ќе прекинат. Не е тоа лесно продуцирачка серија.

Да. Начелно би можело нешто такво (серија Силмарилион)да се случи. Ќе видиме после Хобит. Јас лично не верувам дека тоа е начинот на Мирамакс и верувам дека нема да прекинат со филмови, све док течат пари. Али нема везе, ќе видиме одма после Хобит (тогаш ќе се почне со шпекулации).
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom