Локални избори 2025 (општа дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
  • Истакнато
Spored kolegite ekspetti sho se zanimavaat so golemata slika, za 500 godini ne samo sho nema da ima nacionalnosti ami nema ni rasi da ima, se kje se izmesha i taa unirasa homosapiensi ko kje ucat istorija so sho sme se zamarale vo 21-vi vek kje se smeat ko ludi. Mene gjubreto neocisteno me intetesira i glupa birokratija da avtomatizirame, boli me k koj e vo ustav, ja site bi ve stavil za sho pobrzo da se fokusirame na bitni neshta.
Тие големи 'ekspetti' не ја гледаат големата слика иако таа ги удира директно во глава, затоа ќе си живеат во калифат за некое време.
 
После тука луѓе се чудат зошто Македонците нема да гласаат за Амар, јас имам и лично искуство да учам со босанци, книгите на секоја страница ги шкртаа со UCK како провокација, спиј си Македонче.
Јас па имам комшии босанци па во секоја прилика ги пцујат и ги викаат племе шиптaрите ама па од друга страна реално ваљда ради религијата керките си ги даваат на шиптaрите
 
Има и океј луѓе, но генерално религиската поврзаност секогаш ќе превладее, но кај босанците јас би рекол и националната припадност, босанците попрво би имале блиски односи со албанците и бугарите, класичен пример е Џељо Хоџиќ, главен бугарски ас е тука и ги застапува бугарските позиции мислејќи дека со тоа и наштетува на Србија, а бугарите како Љубчо кои го споделуваат на фејсбук и по портали како Трибуна го сметаат за србин или хрват со погрешна вера, иронија максимална.
IMG_20251023_065712.jpg
 
@Saber Rider ај жив ти тебе една мала анализа и твое видување за Орцета :)
Веројатно го познавам најдобро од пациентела на форумов што го поддржува, бидејќи ем го знам од пред да стане градоначалник, пола друштво му се/беа активни Комити, а и кога на почна градоначалничката кампања, ќари гласови на тие што протестиравме против градењето противзаконски згради кај мене во населба :D

Човекот е заљубен во партијата, веројатно стварно верува во некоја нејзина ориентација или идеологија која ја одржуваат само на хартија. Беше претседател на УМС Кисела Вода, веројатно најдобар кој го имаа досега. Нема некое завидно образование, како и цело негово друштво (едвај школо завршија) и како што кажав на почеток на темава, од старт не ми се допаѓа што партиски има добиено работа во јака фирма, на позиција од која допирна точка нема (клати врата, земај плата).
Како што можеш да видиш на темава, најголем противник сум на поставување некадарни луѓе на позиции, затоа што така пропадна државава.

Е сега, за позиција градоначалник се потребни други квалитети. Не треба да си најпаметен на цел свет. Орце е народен човек, сака да помага. Во овие 4 градоначалнички години во Кисела Вода не се покажа дека е лопов. Почна одлично, првите година и кусур направи доста за општината и беше достапен цело време за комуникација.
Е после тоа влезе уште во старт во плановите за градомачалник на Скопје и ја заборави општината. Односно, како и сите негови претходници, почнаа да вложуваат само во Драчево.
Во дел од населбите почна со јака битка со урбана мафија, стави ограничување на градбите (П+2+П), со по еден стан на спрат. Ги набрка паркирачите од мвр кои правеа опсада на сите улици кај Св. Петка со нивните коли.

За во втора половина од мандатор полека да ја губи оваа битка. Никнаа неколку згради кои не ја почитуваа нормата за градба. Џандарите пак паркираат во сите можни улици, блокирајќи го функционирањето на жителите на цела населба.
И кога нешто не може да го спроведе, ни збор не се кажува за тоа.
Кај мене ќе добие многи повеќе поени, ако излезе и рече пробавме, ама ете, појаки се од нас и не успеавме. А не додека е добро, ќе се фалиме, ќе се сликаме, а после ќутенката.
Ќутенка за многу важни теми:
1. Загадувачот Усје
2. Пола населби беа без вода летото, никаква помош немаше од општината. Немаа вода затоа што шпоновите од Сарај трошеа за наводнување базени и ниви, а нашиве заветни патриоти си ќутеа за да после МОЛАТ ЗА ГЛАСОВИ на локални избори.
3. Ќутенка за несобирањето ѓубре. Јасно е дека дпмне намерно ја кочеше Данела на ова поле, за ко ќе дојде Орце како градоначалник да биде спасител. Од нивната партиска игра, еве го Скопје, пацови овелики.

Нешто што мене најмногу не ми се допаѓа е кога имаш екипа што те брани по социјални мрежи и не ти дава да оставиш критика. Многу критики имаше за некои работи во Кисела Вода, од типот на незатворање на Поинт кафичот кој пушташе музика до 3 сабајле и цела зграда ја реметеше, година дсна беа ископани пола улици дека си правеа сопки со Данела, им пропадна цел пат за Сопиште, па го затворија, дел од игралиштата ги изведоа најфушерајски што може, не најдоа начин да се реши проблемот со сообраќајниот хаос и паркинзите итн.
Мислам, ова сообраќајната тема е нешто што никој не може да го реши, освен ако не собереш независна екипа стручњаци од Македонија или странство да развие проект кој после тоа треба да го спроведеш неселективно, што кај нас е научна фантастика.
И не знам кој го советува да стои така со рацете, мислам дека целосен промашај му е советничкиот тим. Општо, за големи проекти, требаат учени непартиски луѓе, затоа сум скептик за сите овие ветувања.
Исто ова сликањево со шпонскиве градоначалници, стварно нема потреба, секако ќе победи.

Да беше градоначалник на Велес ило Кавадарци, он секако ќе беше добар како Марко и Митката. Ама скопските пренаселени општини се многу поголем залак, имаат многу поразлични проблеми и не се доволни само популистички потези за да бидеш 10/10.
Да, Орце беше досега најдобар градоначалник на Кисела Вода, особено во првите две години, ама далеку од нешто сензационално во поглед на големите проблеми. Сепак, очекувам да биде и добар градоначалник на Скопје. Сигурно ќе е бар на ниво на Коце. Активен е, сака да се истакнува, ако ништо друго бар ќе среди некои работи кои срамота е да ги немаме во Скопје (од типот на почист град, отворено и одржувано Кале, среден кеј, подобар превоз, повеќе манифестации итн).
Во Кисела Вода воведе неколку привилегии за учениците од основните школи, од типот на бесплатни ранци и летни одмори за дел од нив, го реобнови киното, има доста манифестации за деца, имаше и неколку концерти кај Расадник, салата ќе ја прави старо нов дом на РК Вардар итн. Не е многу, ама други и тоа не го правеле.
Голем плус е што добро го менаџираше буџетот на општината. Го сакаат луѓето, иако како што кажав, медиумите не дозволуваат да се истакнуваат некоо негативни страни од неговото владение, што за мене е најголем turn off.

Најидеално е да биде он градоначалник, а да постави независни стручни кадри на позиции да ги средат градските претрпијатија и да го советуваат. Ама тоа, знаеме дека ќе биде мало морген. Сепак, Мицко го има последниот збор, не дека Орце има одврзани раце.
Прифати и дебата со Амар што е за поздрав, за разлика од сите пички градоначалници, ама па сите намести свој терен каде што ќе си има однапред спремни прашања и пристрасен водител. Во неутрална дебата, ќе го потепа Амар.
Најубаво е Орце да е градоначалник, на Амар да му даде шанса да директорува со некој градски сектор, без да го кочат партиски :D

Е сега, тоа што тебе повеќе ќе те интересира.
Орце е вардарец. Во тешкиве години беше единствен градоначалник што го помагаше Вардар, иако и он по партиска наредба не се вложи целосно на крајот, затоа што сакаа по парламентарни избори да бидат ексклузивни спасители. На почетокот се спротистави на Свињенко, ама после се повлече затоа што почна да му виси кандидатурата за градоначалник. Мицето се уплаши дека Орце е попопуларен од него и сакаа да кандидираат некој кловн ко Стефковски или Перински. Ама кога сфатија дека може да изгубат, сепак го одбраа Орце. Ако си приметил, Свињенко нема ниту една објава за поддршка на Орце :D Тоа што сите се надеваат е дека КОНЕЧНО Град Скопје ќе даде помош на ФК Вардар и смрдежот ќе замине во историјата. Тоа што е лошо е што друг партиски пацов го планираат за негова замена, што во ситуацијата е дали змија да те апне или магаре да ти го бапне.
 
Левица нема доволно членови во партија за да ги постави на директорски места.
 
Они чекаат да го земат ВМРО од ДПМНЕ и автоматски ќе бидат сите на нивна страна.

Иначе Орце го потврди тоа дека Левица е во тајна коалиција со СДС и Дуи со оглед на тоа дека ќе ги молат за гласовите. И овој му враќа дека ширел теории на заговор. :kafence:
 
Последно уредено:
Човекот е заљубен во партијата, веројатно стварно верува во некоја нејзина ориентација или идеологија која ја одржуваат само на хартија. Беше претседател на УМС Кисела Вода, веројатно најдобар кој го имаа досега. Нема некое завидно образование, како и цело негово друштво (едвај школо завршија) и како што кажав на почеток на темава, од старт не ми се допаѓа што партиски има добиено работа во јака фирма, на позиција од која допирна точка нема (клати врата, земај плата).
Само што реалистично ги опиша типичните дпСмне кандидати/функционери/директори и остала партиска аристократија.
Е вакви не водеа 35 години (јер и сдесето си има ваква аристократија)!
Вакви не упропастија!
И сеуште по толку време од вакви очекувате спас и поштена работа :unsure:
Yea Right GIF
 
Мислам, ти ја сфаќам тотално поентата и реално во право си, ама за градоначалник најпрво човекот треба да е добар менаџер па после се останато. Џабе е и доктор на науки да си во некоја струка ако не знаеш да менаџираш. Кај нас двете варијанти се џабе затоа што се зависи од централната власт и се игра како што ќе диригираат тие.
 
ама за градоначалник најпрво човекот треба да е добар менаџер па после се останато. Џабе е и доктор на науки да си во некоја струка ако не знаеш да менаџираш.
Познато е дека најдобрите менаџери се луѓе без ден стаж реална работа! Без и/или со никаква теоретска подготовка! И уште побитно луѓе што ни за претседател на куќен совет не би ги избрале, да не била љубовта кон партијата...
Legit нема што!

Не е мала ствар да го печеш занаетот у некоја локална дупка со плакати на излогот, да менаџираш чичиња со црвени маици и ракија и месен нарезок за појадок, цуци што ти носат списоци со 10 сигурица гласови, теткици што од сигурни извори знаат кој од комшиите бил комуњара и како ќе гласа..
Надобудни Рончиња што треба да ги организираш за лепење плакати...
Па упикување кај локалниот шериф..
Па прв ред на митинг, и ежење додека ечи В-МА-Рооо, В-М-Арооо ти си наша...
Па после ако стигнеш да се поздравиш и направиш селфи со лидерот! Пооо..

Јебеш Ivy League, јебеш Харвард... јебеш пракса...
Тоа е тој "уличен" факултет! Тоа се тие референци! Докази за успешна работа, ефективност, креативност, поштеност...
Дајте одма функција да не се заебаваме! Го бива детето!
 
Тие големи 'ekspetti' не ја гледаат големата слика иако таа ги удира директно во глава, затоа ќе си живеат во калифат за некое време.
Prravish muabet za slednite 50 godini vo koi kje gi ziveeme posledicite od nerazmnozuvanje na tvojata generacija.
 
Веројатно го познавам најдобро од пациентела на форумов што го поддржува, бидејќи ем го знам од пред да стане градоначалник, пола друштво му се/беа активни Комити, а и кога на почна градоначалничката кампања, ќари гласови на тие што протестиравме против градењето противзаконски згради кај мене во населба :D

Човекот е заљубен во партијата, веројатно стварно верува во некоја нејзина ориентација или идеологија која ја одржуваат само на хартија. Беше претседател на УМС Кисела Вода, веројатно најдобар кој го имаа досега. Нема некое завидно образование, како и цело негово друштво (едвај школо завршија) и како што кажав на почеток на темава, од старт не ми се допаѓа што партиски има добиено работа во јака фирма, на позиција од која допирна точка нема (клати врата, земај плата).
Како што можеш да видиш на темава, најголем противник сум на поставување некадарни луѓе на позиции, затоа што така пропадна државава.

Е сега, за позиција градоначалник се потребни други квалитети. Не треба да си најпаметен на цел свет. Орце е народен човек, сака да помага. Во овие 4 градоначалнички години во Кисела Вода не се покажа дека е лопов. Почна одлично, првите година и кусур направи доста за општината и беше достапен цело време за комуникација.
Е после тоа влезе уште во старт во плановите за градомачалник на Скопје и ја заборави општината. Односно, како и сите негови претходници, почнаа да вложуваат само во Драчево.
Во дел од населбите почна со јака битка со урбана мафија, стави ограничување на градбите (П+2+П), со по еден стан на спрат. Ги набрка паркирачите од мвр кои правеа опсада на сите улици кај Св. Петка со нивните коли.

За во втора половина од мандатор полека да ја губи оваа битка. Никнаа неколку згради кои не ја почитуваа нормата за градба. Џандарите пак паркираат во сите можни улици, блокирајќи го функционирањето на жителите на цела населба.
И кога нешто не може да го спроведе, ни збор не се кажува за тоа.
Кај мене ќе добие многи повеќе поени, ако излезе и рече пробавме, ама ете, појаки се од нас и не успеавме. А не додека е добро, ќе се фалиме, ќе се сликаме, а после ќутенката.
Ќутенка за многу важни теми:
1. Загадувачот Усје
2. Пола населби беа без вода летото, никаква помош немаше од општината. Немаа вода затоа што шпоновите од Сарај трошеа за наводнување базени и ниви, а нашиве заветни патриоти си ќутеа за да после МОЛАТ ЗА ГЛАСОВИ на локални избори.
3. Ќутенка за несобирањето ѓубре. Јасно е дека дпмне намерно ја кочеше Данела на ова поле, за ко ќе дојде Орце како градоначалник да биде спасител. Од нивната партиска игра, еве го Скопје, пацови овелики.

Нешто што мене најмногу не ми се допаѓа е кога имаш екипа што те брани по социјални мрежи и не ти дава да оставиш критика. Многу критики имаше за некои работи во Кисела Вода, од типот на незатворање на Поинт кафичот кој пушташе музика до 3 сабајле и цела зграда ја реметеше, година дсна беа ископани пола улици дека си правеа сопки со Данела, им пропадна цел пат за Сопиште, па го затворија, дел од игралиштата ги изведоа најфушерајски што може, не најдоа начин да се реши проблемот со сообраќајниот хаос и паркинзите итн.
Мислам, ова сообраќајната тема е нешто што никој не може да го реши, освен ако не собереш независна екипа стручњаци од Македонија или странство да развие проект кој после тоа треба да го спроведеш неселективно, што кај нас е научна фантастика.
И не знам кој го советува да стои така со рацете, мислам дека целосен промашај му е советничкиот тим. Општо, за големи проекти, требаат учени непартиски луѓе, затоа сум скептик за сите овие ветувања.
Исто ова сликањево со шпонскиве градоначалници, стварно нема потреба, секако ќе победи.

Да беше градоначалник на Велес ило Кавадарци, он секако ќе беше добар како Марко и Митката. Ама скопските пренаселени општини се многу поголем залак, имаат многу поразлични проблеми и не се доволни само популистички потези за да бидеш 10/10.
Да, Орце беше досега најдобар градоначалник на Кисела Вода, особено во првите две години, ама далеку од нешто сензационално во поглед на големите проблеми. Сепак, очекувам да биде и добар градоначалник на Скопје. Сигурно ќе е бар на ниво на Коце. Активен е, сака да се истакнува, ако ништо друго бар ќе среди некои работи кои срамота е да ги немаме во Скопје (од типот на почист град, отворено и одржувано Кале, среден кеј, подобар превоз, повеќе манифестации итн).
Во Кисела Вода воведе неколку привилегии за учениците од основните школи, од типот на бесплатни ранци и летни одмори за дел од нив, го реобнови киното, има доста манифестации за деца, имаше и неколку концерти кај Расадник, салата ќе ја прави старо нов дом на РК Вардар итн. Не е многу, ама други и тоа не го правеле.
Голем плус е што добро го менаџираше буџетот на општината. Го сакаат луѓето, иако како што кажав, медиумите не дозволуваат да се истакнуваат некоо негативни страни од неговото владение, што за мене е најголем turn off.

Најидеално е да биде он градоначалник, а да постави независни стручни кадри на позиции да ги средат градските претрпијатија и да го советуваат. Ама тоа, знаеме дека ќе биде мало морген. Сепак, Мицко го има последниот збор, не дека Орце има одврзани раце.
Прифати и дебата со Амар што е за поздрав, за разлика од сите пички градоначалници, ама па сите намести свој терен каде што ќе си има однапред спремни прашања и пристрасен водител. Во неутрална дебата, ќе го потепа Амар.
Најубаво е Орце да е градоначалник, на Амар да му даде шанса да директорува со некој градски сектор, без да го кочат партиски :D

Е сега, тоа што тебе повеќе ќе те интересира.
Орце е вардарец. Во тешкиве години беше единствен градоначалник што го помагаше Вардар, иако и он по партиска наредба не се вложи целосно на крајот, затоа што сакаа по парламентарни избори да бидат ексклузивни спасители. На почетокот се спротистави на Свињенко, ама после се повлече затоа што почна да му виси кандидатурата за градоначалник. Мицето се уплаши дека Орце е попопуларен од него и сакаа да кандидираат некој кловн ко Стефковски или Перински. Ама кога сфатија дека може да изгубат, сепак го одбраа Орце. Ако си приметил, Свињенко нема ниту една објава за поддршка на Орце :D Тоа што сите се надеваат е дека КОНЕЧНО Град Скопје ќе даде помош на ФК Вардар и смрдежот ќе замине во историјата. Тоа што е лошо е што друг партиски пацов го планираат за негова замена, што во ситуацијата е дали змија да те апне или магаре да ти го бапне.
Искрено пост за почит.
Искрено, со факти, без многу глупости нафрлани. Ја ко шо не знаев многу за Орце ( освен шо гледам у кое стање е КВ) појасно ми е нешто.
А за тоа дека го спремаа за градоначалник, уште од лани се збореше.
Една шо ја знам, шо е вујко ѝ нешто у палатата таму, од 2024 уште збореше како Орце ќе е градоначалник на Скопје.
Затоа викам, не се гласа човек. Него партија..
никој не рече ,,честито на противкандидатот се надевам ќе ја среди општината”
Сите честитаа на противкандидатот и коалициите..

Еве што го чека Скопје.
Сликва е вчера направена од мене.

IMG_5197.jpeg

Он битно дал дозвола за градба. А вие летајте.
Цела улица е овде ваква.
 
Познато е дека најдобрите менаџери се луѓе без ден стаж реална работа! Без и/или со никаква теоретска подготовка! И уште побитно луѓе што ни за претседател на куќен совет не би ги избрале, да не била љубовта кон партијата...
Legit нема што!

Не е мала ствар да го печеш занаетот у некоја локална дупка со плакати на излогот, да менаџираш чичиња со црвени маици и ракија и месен нарезок за појадок, цуци што ти носат списоци со 10 сигурица гласови, теткици што од сигурни извори знаат кој од комшиите бил комуњара и како ќе гласа..
Надобудни Рончиња што треба да ги организираш за лепење плакати...
Па упикување кај локалниот шериф..
Па прв ред на митинг, и ежење додека ечи В-МА-Рооо, В-М-Арооо ти си наша...
Па после ако стигнеш да се поздравиш и направиш селфи со лидерот! Пооо..

Јебеш Ivy League, јебеш Харвард... јебеш пракса...
Тоа е тој "уличен" факултет! Тоа се тие референци! Докази за успешна работа, ефективност, креативност, поштеност...
Дајте одма функција да не се заебаваме! Го бива детето!

Еве со што Амарче ваш докажал дека е добар менаџер? Тоа што ви го менаџира фан пејџот на Левица?
 
Ти зашо не се искажеш за кој си?

На цел форум му лепиш ,,вашите” муабет. Истото и мене ми го имаше напраено.
Еднаш бев за ВМРО еднаш комуњарка.
Добар си?
Толку имаш слободно време, што нѐ сталкаш овде кој за кој е? Ја освен за Борат шо е апла, за ниеден не можам да препознаам за кој е. Нити ми е гајле. Само кажувам дека уште ги веслаат чим ги гласаат. А дека ќе се замарам овде со секој од вас кој за кој е? Па ја не сум луда бе.

Не идеш ти со никој од нас на гласање за да знаеш кој за кој е.
И не мора сите да сме за некој разбери више. Олабави дечко малце.
Ти поише набедуваш него шо дискутираш.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom