Веројатно го познавам најдобро од пациентела на форумов што го поддржува, бидејќи ем го знам од пред да стане градоначалник, пола друштво му се/беа активни Комити, а и кога на почна градоначалничката кампања, ќари гласови на тие што протестиравме против градењето противзаконски згради кај мене во населба
Човекот е заљубен во партијата, веројатно стварно верува во некоја нејзина ориентација или идеологија која ја одржуваат само на хартија. Беше претседател на УМС Кисела Вода, веројатно најдобар кој го имаа досега. Нема некое завидно образование, како и цело негово друштво (едвај школо завршија) и како што кажав на почеток на темава, од старт не ми се допаѓа што партиски има добиено работа во јака фирма, на позиција од која допирна точка нема (клати врата, земај плата).
Како што можеш да видиш на темава, најголем противник сум на поставување некадарни луѓе на позиции, затоа што така пропадна државава.
Е сега, за позиција градоначалник се потребни други квалитети. Не треба да си најпаметен на цел свет. Орце е народен човек, сака да помага. Во овие 4 градоначалнички години во Кисела Вода не се покажа дека е лопов. Почна одлично, првите година и кусур направи доста за општината и беше достапен цело време за комуникација.
Е после тоа влезе уште во старт во плановите за градомачалник на Скопје и ја заборави општината. Односно, како и сите негови претходници, почнаа да вложуваат само во Драчево.
Во дел од населбите почна со јака битка со урбана мафија, стави ограничување на градбите (П+2+П), со по еден стан на спрат. Ги набрка паркирачите од мвр кои правеа опсада на сите улици кај Св. Петка со нивните коли.
За во втора половина од мандатор полека да ја губи оваа битка. Никнаа неколку згради кои не ја почитуваа нормата за градба. Џандарите пак паркираат во сите можни улици, блокирајќи го функционирањето на жителите на цела населба.
И кога нешто не може да го спроведе, ни збор не се кажува за тоа.
Кај мене ќе добие многи повеќе поени, ако излезе и рече пробавме, ама ете, појаки се од нас и не успеавме. А не додека е добро, ќе се фалиме, ќе се сликаме, а после ќутенката.
Ќутенка за многу важни теми:
1. Загадувачот Усје
2. Пола населби беа без вода летото, никаква помош немаше од општината. Немаа вода затоа што шпоновите од Сарај трошеа за наводнување базени и ниви, а нашиве заветни патриоти си ќутеа за да после МОЛАТ ЗА ГЛАСОВИ на локални избори.
3. Ќутенка за несобирањето ѓубре. Јасно е дека дпмне намерно ја кочеше Данела на ова поле, за ко ќе дојде Орце како градоначалник да биде спасител. Од нивната партиска игра, еве го Скопје, пацови овелики.
Нешто што мене најмногу не ми се допаѓа е кога имаш екипа што те брани по социјални мрежи и не ти дава да оставиш критика. Многу критики имаше за некои работи во Кисела Вода, од типот на незатворање на Поинт кафичот кој пушташе музика до 3 сабајле и цела зграда ја реметеше, година дсна беа ископани пола улици дека си правеа сопки со Данела, им пропадна цел пат за Сопиште, па го затворија, дел од игралиштата ги изведоа најфушерајски што може, не најдоа начин да се реши проблемот со сообраќајниот хаос и паркинзите итн.
Мислам, ова сообраќајната тема е нешто што никој не може да го реши, освен ако не собереш независна екипа стручњаци од Македонија или странство да развие проект кој после тоа треба да го спроведеш неселективно, што кај нас е научна фантастика.
И не знам кој го советува да стои така со рацете, мислам дека целосен промашај му е советничкиот тим. Општо, за големи проекти, требаат учени непартиски луѓе, затоа сум скептик за сите овие ветувања.
Исто ова сликањево со шпонскиве градоначалници, стварно нема потреба, секако ќе победи.
Да беше градоначалник на Велес ило Кавадарци, он секако ќе беше добар како Марко и Митката. Ама скопските пренаселени општини се многу поголем залак, имаат многу поразлични проблеми и не се доволни само популистички потези за да бидеш 10/10.
Да, Орце беше досега најдобар градоначалник на Кисела Вода, особено во првите две години, ама далеку од нешто сензационално во поглед на големите проблеми. Сепак, очекувам да биде и добар градоначалник на Скопје. Сигурно ќе е бар на ниво на Коце. Активен е, сака да се истакнува, ако ништо друго бар ќе среди некои работи кои срамота е да ги немаме во Скопје (од типот на почист град, отворено и одржувано Кале, среден кеј, подобар превоз, повеќе манифестации итн).
Во Кисела Вода воведе неколку привилегии за учениците од основните школи, од типот на бесплатни ранци и летни одмори за дел од нив, го реобнови киното, има доста манифестации за деца, имаше и неколку концерти кај Расадник, салата ќе ја прави старо нов дом на РК Вардар итн. Не е многу, ама други и тоа не го правеле.
Голем плус е што добро го менаџираше буџетот на општината. Го сакаат луѓето, иако како што кажав, медиумите не дозволуваат да се истакнуваат некоо негативни страни од неговото владение, што за мене е најголем turn off.
Најидеално е да биде он градоначалник, а да постави независни стручни кадри на позиции да ги средат градските претрпијатија и да го советуваат. Ама тоа, знаеме дека ќе биде мало морген. Сепак, Мицко го има последниот збор, не дека Орце има одврзани раце.
Прифати и дебата со Амар што е за поздрав, за разлика од сите пички градоначалници, ама па сите намести свој терен каде што ќе си има однапред спремни прашања и пристрасен водител. Во неутрална дебата, ќе го потепа Амар.
Најубаво е Орце да е градоначалник, на Амар да му даде шанса да директорува со некој градски сектор, без да го кочат партиски
Е сега, тоа што тебе повеќе ќе те интересира.
Орце е вардарец. Во тешкиве години беше единствен градоначалник што го помагаше Вардар, иако и он по партиска наредба не се вложи целосно на крајот, затоа што сакаа по парламентарни избори да бидат ексклузивни спасители. На почетокот се спротистави на Свињенко, ама после се повлече затоа што почна да му виси кандидатурата за градоначалник. Мицето се уплаши дека Орце е попопуларен од него и сакаа да кандидираат некој кловн ко Стефковски или Перински. Ама кога сфатија дека може да изгубат, сепак го одбраа Орце. Ако си приметил, Свињенко нема ниту една објава за поддршка на Орце

Тоа што сите се надеваат е дека КОНЕЧНО Град Скопје ќе даде помош на ФК Вардар и смрдежот ќе замине во историјата. Тоа што е лошо е што друг партиски пацов го планираат за негова замена, што во ситуацијата е дали змија да те апне или магаре да ти го бапне.