Логоа од Македонски фудбалски клубови

  • Креатор на темата Креатор на темата deko82
  • Време на започнување Време на започнување
еве кои логоа мене ми фалат од третите лиги:

Исток:
Астибо
Василево
Злетовица
Зрновка
Карбинци
Мак Млин
Младост Муртино
Младост Оризари

Југ:
Бабуна
Велес Табак
Големо Коњари
Илинден Башино
Корзо
Партизан
Полет
Превалец

Запад:
Арсими
Вардар Форино
Градец
Камењане
Лирија
Пирок
Речица
Ринија Неготино
Ринија Чаље
Руфеја
Фљамуртари
Шар

Север:
Беса Слупчане
Госно Лисиче
Јустинијан
Кадино
Лојане
Марино
Нова Колонија
Сан Сити
Сопиште
Фортуна

Југо-запад:
Борец Вапила
Вардино
Велешта
Кравари
Мирче Ацев
Младост Добрушево
Младост Горно Оризари
МФК Битола
Порече
Прпарими
Работник
Хераклеа Нова

Шар е поранешно име на Љуботен, инаку ваков клуб не постои!
 
Грешиш Деко, клубот постои. Оформен е сега скоро.

Незнам албански, ама можам да видам од следниот сајт http://www.yllpress.com/5249/kf-sharri-nje-klub-i-ri-i-futbollit-ne-tetove.html
според гугл транслејт летово е формиран. клубов е од мала речица а ќе игра на игралиштето кај земјоделското училиште или позади ректоратот на дут (поранешниот интернат во тетово).
 
Грешиш Деко, клубот постои. Оформен е сега скоро.

Незнам албански, ама можам да видам од следниот сајт http://www.yllpress.com/5249/kf-sharri-nje-klub-i-ri-i-futbollit-ne-tetove.html
Сега видов ама незнаев дека им се вика клубот Шар.

Значи Шар е новоформиран албански клуб од Тетово, сопственик е Дестани од фирмата Еколог и ќе играат на стадионот во Земјоделското Училиште во Тетово.

Мислев дека клубот им се вика Еколог, ама ете KF Sharri

Фала на инфрмација Мујо
 
Извинете што не ги преработив во Corel, ама еве ги постирам амблемите на Нова Колонија (поранешна Бетонка) од Јурумлери и на Дељадровци.

68493524.jpg


45264238.jpg
 
3 МФЛ Југозапад од ФК Подмочани
YVOw.0533622-02.jpg
 
Значи да сумираме, од цела историја на независна Македонија, ги имаме сите прволигашки и 90% од второлигашките амблеми, ги имаме повеќето градски клубови и доста голем број селски клубови.

Од екипите кои доаѓаат од градови, ни фалат само уште неколку:

Битола - најпрво се викале Мариово, играа како Битола во Втора Лига, немаат врска со сегашниот МФК Битола
Астибо (Штип)
Бело Брдо (Штип)
Осогово (Крива Паланка)
Напредок (Пехчево)
Пролетер (Македонски Брод) - сега Мирче Ацев (можеби не е баш наследник на Пролетер, ама де факто е прв градски клуб)
Металург (Велес)

Од селските екипи, како поважни за наоѓање се оние што играле барем во втора лига, како:

Работник (Лозово)
Слога (Горни Подлог)
Злетовица (Злетово)
Ударник (Пирава)
Светлост (Кукуречани)
Младост (Оризари)
Сувенир (Самоков)
Големо Коњари (порано Братство Г.Коњари)
Младина (Велешта) - сега само Велешта, веројатно името на македонски не му одговарало повеќе на локалното население?!?


За останатите екипи (селски клубови кои не виделе бел ден од општинска или трета лига) не ми е премногу гајле. Секако, доколку се најде амблем, повеќе е од добредојден, ама ако нема, не е трагедија.

Значи, апелирам, ако знаете луѓе од горенаведениве места, барајте им да ги сликаат амблемите.

И уште една работа... додека го свртиме кругот да ги најдеме сите амблеми, веќе ќе почнат да ги менуваат амблемите... на пример, слушнав дека Дојранско Езеро имаат друг (нов) амблем, со галеб нешто... а сигурно и ГФК Тиквеш има сменет амблем (од оној кога се викаа Тиквеш-Национал)
 
не можам да го најдам од Астибо никако, а могуќе е и да немаат амблем
 
не можам да го најдам од Астибо никако, а могуќе е и да немаат амблем

И јас мислам дека можно е да немаат,ама имаа на дресовите едно А во црвен круг,ај ќе се обидам да помогнам ! ! !
 
И јас имам видено слики од Астибо-Рудар, каде што јасно се гледа на дресовите на Астибо дека имаат амблем.
 
Имаат амблем Астибо, пред 5/6 години кога бев во Штип го видов на тренерки што го носеа некои дечки, ваљда фудбалери на Астибо. И амблемот е скоро ист со амблемот на фабриката Астибо, само што е во црвено жолта боја.
 
Најдов нешто за Астибо ама е лоша сликата.
 

Attachments

  • 07.10.png
    07.10.png
    5 KB · Прегледи: 53

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom