Онаа бринетата ми го фати окото. Седи сама на шанк, најпристојно е облечена. Ме заинтригира зошто е сама.
Ќе одам да видам.
Интересно, да седиш сам во бордел, да си жена, девојка, пристојно облечена. Не ми се чини дека е од оние, на работа дојдени. Ќе ја прашам. Да испијам уште едно. Се трезнам побргу од вообичаено. Топлината го чини своето. Најверојатно е дојдена на почивка. Наслушнав дека одвреме навреме Луцифер има давал починка на одредени групи на маченици, на оние кои одамна не излегле до котелот. Влегоа познати лица во барот. Сите мои загубени пријатели. Се прават дека не ме познаваат. Знам дека сум истиот. Веројатно чуле за партијата карти. Се мислам дека се плашат да ме поздрават, да дојдат рака да пружат. Или се плашат случајно да не им се налути Луцифер ако ме поздрават. Или пак не знаат како да прашаат што мислам да правам кога ќе го добијам пеколот во владеење по партијата. Знаат дека не губам. Никогаш. Но, и Луцифер досега нема загубено, а искусен коцкар е. Мислам дека убаво ќе се дружам со девојката. Дојдена била да известува за партијата карти. Слободен стрелец. Новинар. Знаев дека не е курва. Симпатично. Не знаев дека Луцифер планира да има прес покривање. Пие водка, со мраз. Без лимон. Убави раце има. Нежни, кадифена кожа. Убаво е во оваа бедотија да се погали таква кожа. Сигурно е добра во кревет. Запотени тела, на оваа врелина, испреплетени раце, нозе, замислувам ккао моите раце ја опипуваат, милуваат, како го истражувам секој дел од нејзиното сензуално тело. Како полека продирам во неа и полека се доближуваме до екстазата. Се трезнам штом ми доаѓаат вакви мисли. Можеби нема да сака да легне со мене. Има лек и за тоа. Секој е коцкар на свој начин, доволно е да откријам која е нејзината игра и да јадобијам. Чудна работа, секој сака да се обиде, да биде првиот што ќе ме победи. Малку ми е непријатно од пријателите. Под око погледнуваат кон мене. Ќе се направам фраер. Јас сепак дојдов тука, тие се домаќини. Редно е да поминат и да се поздрават. Се што можам за нив да сторам е да им испратам една тура. Девојката прифати да одиграме партија бриџ. Била експерт. Моја е, знам. Додека ги межа картите гледам како полека се редат џокерите кај мене, како се подредуваат една по друга по боја и големина. не е неормално. Ќе треба да се потрудам малку повеќе за веднаш да не затворам. Н ее интересно. Поинтересно ќе биде потоа. Новинар без талент за пишување не е веќе новинар. А талентот е исто така нешто што лесно може да го загуби. Има нешто во нејзиниот поглед. Длабоко продира. Мислам дека намерно посака да се коцка со мене. сака да загуби. сака да ја добијам. Ме гализ а раката во која ја држам чашата. Да не беше од најголема важност никогаш да не се отрезнам ќе ми беше поубаво. Вака, морам да се потргнам. Нека ме гали за другата, за лицето. Каде сака. Само не за раката во која ми е чашата. Барменто ми донесе нова тура. Колку побргу пијам побргу ќе останам пијан на врелината. Ме возбудува начинот на кој дише. Градите и се креваат и спуштаат во ритам на начин на кој сакам да водам љубов со неа. Гледам дека се заинтересираа сите за играта. Држам извонредни карти. Време е за победа. Нормално, го прифати поразот како дама. Со бакнежги спушти нејзините карти. Никако не можеше да победи и знаеше. Ме бакна зад увото. ме покани кај неа во соба. Подоцна. Приквечер. Сега е време за музика. Што да пуштам. Ќе пуштам Sisters of Mercy. Некако сум расположен за нив. За Floodland. Убаво се пие на нив. Повторно дојде квазимодото. Ми тутна ливче во раката. Луцифер ме кани на забава. Ќе правел журка. Поканети биле интересни личности. Што да не. Ако е здодевно можам барем да се изрипиам, на се изнаиграм. Или, знаејчи се, ќе најдам партнери за пиење и коцкање. Решив да го опијам грбавиот. Заборавив дали ми кажа како му е името. Не е важно, нема да го носам дома на вечера. Море, како седна да пие. Чобек ќе рече дека одамна никој ништо не го почестил. Ќе го натерам да завртиме зар-два. За да загуби и да мора да се избања. Ако веќе трчка по мене како кученце барем да не ми смрди. Конечно дојде другар ми што загина во војната. Едната од многуте во кои учествував и јас. Кога си бесмртен лесно е да се војува. Чинам дека само мене ме одбегнуваа куршумите. Не сакале да дојдат другите. Едвај добиле дозвола за излез од котелот. Реков јас дека им е страв од Луцифер. правеле муабет дали ќе има давам повеќе слобода ако станам сопственик на пеколот. Неминовно е тоа, но дали ќе добијат поголема слобода не знам и не ме интересира. Се додека не стане мој проблем, друг нека му ја мисли. Ќе имало вечерва жива музика. Бендови. Нормално. Кој би сакал снимка кога сите добри бендови се тука. Ете кого сакам да видам и чујам. Џим Морисон. И тој знае многу да испие. Будала. Да посакаш да умреш во Париз, Франција. Да ти доаѓа секој копук на гроб, да се слика, потоа да дрка на форографиите. Ужас. Да бев на негово место ќе побарав да ме фрлат во океанот. На најдлабоката точка. Каде што ни рибите не пливаат. Чуму ќе ми се да ме гледа секој. Но, јас сум јас. Сакав самотија и ја добив. Секогаш сам. Пијан, трезен, сам. Кој може да ме издржи подогло. Напорен среќлија. Така мајка ми велеше. Така татко ми рече кога му ја собрав колата на табланет. Не му било лошо во пеколот. Вели дека после се во животот конечно нашол мир тука. И јас ќе се чувствував така да имав син како мене. Другар ми пие ли пие, уште малку и ќе седне да ми плаче. Порано така правеше. Пијан плаче по девојката што го оставила. Се омажи за еден богат. Никако не м влегува во глава што виде во неа. Курва. Оној нејзиниот, мажот, грд, бубуљичав, дебел. Никаков. Ама полн пари. Сите ли женио се исти. Квазимодо почна да ја пее Marian! Чудо како добро го прави тоа. Е за ова заслужува да го налевам додека сум тука. Може и ќе му нарачам некоја девојка. Ем да си олесни, ем да го избања. Убаво е кога те бањаат. Особено за мрзливци како мене. Лежиш во кадата, околу тебе убави девојки, која од која поубава, се трудат да те задоволат. Како султан. Освен ако не е педер. Но, и за таквите ќе се најде некој. Другар ми ме изненади. фатил девојка од истио котел, заедно оделе на мачење. Идиотизам. Време да одам назад. Нема смисол. сепак сум му гостин. Да видам што сака и како ја замислува партијата. Плус и да каснам нешто. Волку пиење на гладен стомак не бива. Сигурно има нешто убаво. Ајде, колку повеќе одолговлечувам потешко ќе ми биде одењето назад низ врелината. Деноноќна жештина. Топла вода напретек. Кажав виц. Јас и вицеви. Не ме бива за нив, знам да ги прераскажувам ама не знам да ги измислувам.
Ме плесна горештината. Полека се навикнувам. Кавзимодото е до мене. Трчка по патеката. Ми раскажува што каде се наоѓа. Интересно е. Не знаев дека е се поделено на сектори. Сектор за мачење на хомосексуалци. сектор за варење на војници во котел. Сектор за нацисти и посебен дел за евреи. Сектор за коцкари. Тоа ми го задржа вниманието. Ќе одам да ги посетам. Да видам кој се, јас лично, сум го испратил тука. Не знаев дека Џон Квинси Адамс е тука, кај коцкарите. Нели претседател на САД беше. Мислев дека тие не смеат да се коцкаат.
Ќе му побарам на Луцифер да ми организира средба со темпларите и масоните. да видам дали навистина едните се предвесници на другите.
Тоа подоцна. Сега на ручек и почивка. Ако не ми додева Луцифер со муабети.
Salut.