Литературното катче на Гарфилд

  • Креатор на темата Креатор на темата Divider
  • Време на започнување Време на започнување
Во меѓувреме за една мила кајганџика:

Божја милосте, небесна синевино,

ѕвездите безброј, што на небо се ројат,

плачат кога те нема,

танцуваат штом те видат,

те чекам, бездруго в прегратка,

сал стравувам, а се радувам,

да не занемам, знам, а чекам,

слово да скршиме, муабет да делиме,

да чујам, да те вдишам, да се загрцнам,

насмеан, како птица в небесна пирина,

како гороцвет в планина,

како сонце светлина,

месечино моја најмила.
 
Слово те манало
Ука ти доканало
Од таа мома прелична
Да се загрцниш
И врат да скршиш.

Ебате :pos:
 
Кој умее ќе прочита, кој не умее...еден ден ќе научи.


Се одморив, убава починка, ми требаше малку дремеж, сон. Одам да се прошетам. Можеби ќе најдам некоја загубена душа, карти да поиграм, верувам дека ќе најдам, пеколот е полн со небидници.
Ќе се срди Луцифер, ама има време, нашето допрва доаѓа.
Salut!
 
А сега имаш посебна инспирација или ваков ти е стилот на искажување?

Како ти притекнуваат оние ретко употребувани зборчиња? Посебен шарм му даваат на напишаното :)
 
Пишувам, оти да викнам не можам,
пијам, оти чаша од недопица не оставам.
Љубам оти љубов не се пропушта,
венеам, се радувам, плачам, тагувбам,
честопати се смеам, уживам,
нездрш и уфунет,
мисла покорница,
а како да одговорам,
убава сон-девојко?

Јас одамна пишувам, пред некоја година, попат, некаде, ги бев загубил зборовите.
Сега, наврапито, се вратија, тие мои мили друшки неверни.
Инспирација. Хм...животни случки и дејанија, тие се за мене вечна инспирација.

За зборовите, тие, мои, мили, оние, несекојдневните....
запознај ја својата татковина, за повеќе да ја љубиш ако е тоа возможно. Тоа се стари, од искона, македонски думи. Во Скопје заборавени, премногу "изми" се користат. Поубави се, најубави, искрени се повеќе, кажуваат токму тоа што треба. Немаат скриена мисла, а ако ја има, таа самата себе си се отркива.
 
Лично темава би ја префрлил во Култура - поезијата ти е одлична :music3:
 
Нека ја тука.
Јас пишувам, они ме цитираат, сеират со мене, одговараат, а мене ми се допаѓа овој начин на дружба и забава.
 
Uh, tamam se zaletav da pisam, se secnav... da ne te citiram...
 
сон-мечтателка
читателка
браво ти кажувам
и прашувам
зборчиња не ти разбирам
бисерчиња две
нездрш и уфунет што е?

:)

Мене ми се многу интересни тие ретки подзаборавени зборчиња, баш затоа ја читам „Народна лирика” темата.
 
Нездрш - тегобност
Уфунет - сафра (еден вид), мачнотија...жконтексуатлно значење, самостојно тоа значат, во контекст се менува делумно нивното значење.
 
Се одморив, убава починка, ми требаше малку дремеж, сон. Одам да се прошетам. Можеби ќе најдам некоја загубена душа, карти да поиграм, верувам дека ќе најдам, пеколот е полн со небидници.
Ќе се срди Луцифер, ама има време, нашето допрва доаѓа.
Нејсе, одам. Чекорам по единствената патека која е поплочена, не ни помислувам да погледам со што, веројатно со нечија бол, нечија мака. рекле старите, кој што си надробил, тоа ќе си срка. Вечната мака. Не знам, кој би сакал во рајот, здодевно е таму. Веројатно оние на кои животот им минал во досада. Мене не. Однекаде пак се појави квазимодоно, ме дрпа за ракав, сака нешто да ми шепне. Смрди на трво, полошо, Да не ги навредам творовите, овој, ужас. Виде дека го игнонирирам. Трчка до мене. Се мислам, дали ќе ги најдам курвите од Гомора, велат поубави биле од Содмочанките. Се прашувам дали требаше да ја прифатам поканава, кого лажам, себе си? Секако дека требаше, кој друг ако не јас. Од досада и вреќа сол ќе изголтам без да се загрцнам. Пареава ме цеди, се сушам од врелинава, покрај мене кломбурци од вжештена мемлива глина. Глетка невидена, кој не видел вакво нешто не знае што е лудило. Одвреме навреме ќе здогледам некој во далечината, мислев дека тука сите се напикани во понекоја дупка, котел, ги тепаат, мачат, малтретираат. Досега не сретнав, не видов такво нешто. Можеби се на годишен одмор. Пцишта лаат, зарем и во пеколот ме следат лавежите на сите души кои ги одзедов, на сите животи кои ги урнисам, уништив? Ќе треба да го прашам Луцифер, ако не епремногу лут што го оставив да дреме сам во салата со престолот. Оставив порака на креденецот дека одам да се подготвам психички. ека морам првин да разгледам, да се навикнам, да не бидам деконцентриран. Мора малку да лажеме иако мислам дека знае дека сум таков, едноставно ништо не ме држи подолг период, ништо не ми е интересно освен трасгањето, борбата да се стигне до целта, а кога таа ќе се освои...не нзма, потоа губи смисол. Овој грбавиот почнува повторно да ме трга за ракавот. Ми шепти со коравта муцка полна акни вулгарис. Колку е гаден. Нејсе, барем ми кажа дека напред има бордел. Убаво, можеби ќе најдам некоја да ме измасира ментално, да ми раскажува како не и е местото тука, како кутрата по грешка паднала на приемен за во рајот. Или ја фатиле како мами на тестот. Луцкаст сум, нели. Секој е невин. Дури и Чарлс Менсон е невин ако го прашате. Тој мисли, верува дека така требало да стори, дека не е виновен, напротив треба да му се даде медал што го ослободил светот од никаквеци невредни. Можеби тука се неговите жртви. Веројатно. Ќе прашам каде се, да ги посетам. Да ги прашам дали навистина чувствуваат без и лутина кон него или му простиле.
Не сум нормален, ама барем ми е убаво. Пијан сум. Кога сум бил трезен последен пат? Не се сеќавам. Што друго освен да пијам и да се коцкам.
Пциштана лаат погласно, им се приближувам. На што или накого му лаат? Велат дека навечер, Луцифер ги пушта во горниот свет, меѓу луѓето, преправени, да збираат залутани души и предвреме да му ги носат. И тој си има мака. Да бидеш прв меѓу првите, да се возгордееш и да поднаше. Колку грешна претпоставка. Мислам дека е сто тоа сторено во дослух со бога. Требало да се исчисти куколот меѓу нагелите, акој тоа подобро отколку највериот, најблискиот. Секое пријателство е засновано на доверба, но и на одрекнувања. Се одрекнале од заемните секојдневни разговори затоа што му требло некој доверчив да го води пеколот. Барем јас така мислам. Се договориле. Ти дело, јас горе, а ќе се гледаме на полугодишни состаноци да утврдиме кој колку души успеал да земе за шесте месеци. Ниту рајот не смее да биде преполн, ниту пеколот да има ексклузивитет. Сега гледам,пциштана си лаат меѓусебно, се расправаат за некое парче мрша. Не ми лаеле мене. Не сакам кога ми лаат. Подобро ми е кога не ме гледаат. Имав еден пес, ама ми умре, со сопствени раце го закопав. Многу го сакав, веројатно последен пат кога проплакав беше кога му го спуштив мртвото тело во гробот. Додуше си плачам одвреме навреме, аам од депресијава, алкохолот. Борделот е убав, однадворе е како бо баркоен стил, на вратата има големо звоно, старинско. Послугата е облечена во ливреи, уабво, убаво. Со стил. Шанкот е во стил, од дабово, со темен лак излакирано, дрво. Барменот, како и секој друг, постојано да се најде во работа го брише и пребришува. Лицата околу се сите омацулени, како покајници. Само јас отскокнувам. Имаат ирско виски. Допра нема да стигнам на вечерата со Луцифер. Можеби ќе го пуштам квазимодото да му пренсе дека сум тука. Ако сака нека ми се придружи. Негов избор. Се појави однекаде полуголи девојки. Згодни. Се разбира, само грдите се во рајот. Чедни, невини, безгрешни бидејќи никој не ги посакал. Кого лажам. Нема девојки во рајот. Нема девојка грда. Сите се убави, некоја повеќе, некоја помалку, ама сите се убави. Милни се, а овие тука се прекрасни. Високи, ниски, цилцести, газлести. Бринети, црнки, русокоси. Секакви. Дефинитивно нека дојде тука Луцифер, јас не мрдам никаде. Барем додека не ги освојам сите. Трета чаша Бушмилс. Ужас, од каде нашле мраз во пеколот. Треба да прашам. Сега за сега е убаво. Можеби е увозен. Го увезле од рајот. Што ќе им е таму кога е забрането да пијат. Која досада е тој рајот. Да дремеш цело послеживотие во танц, низ градини, а да не можеш ни капка да се напиеш, зар да фрлиш, да штипнеш убава девојка за лице, да пипнеш цврст задник, да легнеш со некоја. Ужас.
Му пишав на Луцифер да дојде. Мислам дека ќе дојде. Не е ни тој будала. Подобро во друштво отколку да чмае. Башка има жени. Одам да ги гњавам. Поезија да им раскажувам. Се обложив со барменот дека сите ќе ги соберам на маса кај мене. Се мислам овој облог намерно да го загунам. Одвреме навреме правам така. Намерно губам ситни облози за да не ми биде здодевно. Сепак, на крај, пак победувам. И таа, од љубопитност, од завист, од која знае која причина ќе дојде на маса, кај мене и ќе загубам. Колку и да се трудам. Онаа, црвенокосата ме потсеќа на Маиред од Ирска. Таа ме научи да пијам ирско виски. Ама од инает кон неа почнав место Џејмисопн да пијам Бушмилс. Џејнисон е од Република Ирска, од католичкиот дел, а Бушмилс е од Северна, од протестантскиот, англиканскиот дел. Не сум идиот нели. Онаа бринетата ми го фати окото. Седи сама на шанк, најпристојно е облечена. Ме заинтригира зошто е сама.
Ќе одам да видам.
Salut
 
напорно е да се чита пријателе, напорно , а не ме фаќа уфунет хахахха, додека го читам.
Гарфилд ис бек(GArfild is back), квотер бек
 
Ако е напорно тогаш не читај, ова е наменето за оние на кои не им е. нека не те фаќа уфунет и нездрш дур читаш ако в костец со мои писанија си се фатил.
Garfield has never gone away, just the words that were lost, are his again!
 
Garfield напиша:
Ако е напорно тогаш не читај, ова е наменето за оние на кои не им е. нека не те фаќа уфунет и нездрш дур читаш ако в костец со мои писанија си се фатил.
Garfield has never gone away, just the words that were lost, are his again!
одговорот ти е како на Саше од Фактор ИКС, „кој не сака да ме гледа , има даљинско па нека смени“.
И ќе треба да поработиш малку на читање на зборови со преносно значење, нешто се буквално ми одговараш.
Значи зборовите ти се вратиле, не ти, дообро.
 
For The Bitch:

Fly little angel, over the moon
as the cat sits on the hot tin roof.
Jump over the tall fence,
as the lovebirds dance.

Look for your mirror on the wall
see who's the best of them all.
Gaze in the blue sky,
see me laugh, see me fly.

Да не беспокојам дезертфоксе, јас, на тема сеир, дури и ал за мне, сеирам, те разбирам, ама морам так да одвратам, оговорам, не заоти не сакам, туку за забава.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom