Литературното катче на Гарфилд

  • Креатор на темата Креатор на темата Divider
  • Време на започнување Време на започнување
моментално ја читам збирката песно...сега за сега исчезнување во ништилото ми остави најголем впечаок! Друже најдобар си!
 
Кој сака книга, уше малку ми останаа, нека се пријави веднаш. давам на фудбал денес, потоа нема, не за друго, немам веќе.
 
Заеби земјата, баш би сакал да му го чујам неговиот осврт на твоето дело.
 
Земјата, мајка наша што не родила,
да ја има, да ја негува,
со неа глава да посипува,
од неа излегол,
во неа ќе го втерам, вратам.

А мислење. Подобро не. Ќе треба да му скршам патела и клавикула.
 
Какво мислење бе. Треба прво да научи да чита. Не е доволно само азбуката да ја знае.
 
Јас треба да побарам?! Кој преседан! Не ти го заборавам ова Гарфилде.:pishtoldz
 
Онаа бринетата ми го фати окото. Седи сама на шанк, најпристојно е облечена. Ме заинтригира зошто е сама.
Ќе одам да видам.
Интересно, да седиш сам во бордел, да си жена, девојка, пристојно облечена. Не ми се чини дека е од оние, на работа дојдени. Ќе ја прашам. Да испијам уште едно. Се трезнам побргу од вообичаено. Топлината го чини своето. Најверојатно е дојдена на почивка. Наслушнав дека одвреме навреме Луцифер има давал починка на одредени групи на маченици, на оние кои одамна не излегле до котелот. Влегоа познати лица во барот. Сите мои загубени пријатели. Се прават дека не ме познаваат. Знам дека сум истиот. Веројатно чуле за партијата карти. Се мислам дека се плашат да ме поздрават, да дојдат рака да пружат. Или се плашат случајно да не им се налути Луцифер ако ме поздрават. Или пак не знаат како да прашаат што мислам да правам кога ќе го добијам пеколот во владеење по партијата. Знаат дека не губам. Никогаш. Но, и Луцифер досега нема загубено, а искусен коцкар е. Мислам дека убаво ќе се дружам со девојката. Дојдена била да известува за партијата карти. Слободен стрелец. Новинар. Знаев дека не е курва. Симпатично. Не знаев дека Луцифер планира да има прес покривање. Пие водка, со мраз. Без лимон. Убави раце има. Нежни, кадифена кожа. Убаво е во оваа бедотија да се погали таква кожа. Сигурно е добра во кревет. Запотени тела, на оваа врелина, испреплетени раце, нозе, замислувам ккао моите раце ја опипуваат, милуваат, како го истражувам секој дел од нејзиното сензуално тело. Како полека продирам во неа и полека се доближуваме до екстазата. Се трезнам штом ми доаѓаат вакви мисли. Можеби нема да сака да легне со мене. Има лек и за тоа. Секој е коцкар на свој начин, доволно е да откријам која е нејзината игра и да јадобијам. Чудна работа, секој сака да се обиде, да биде првиот што ќе ме победи. Малку ми е непријатно од пријателите. Под око погледнуваат кон мене. Ќе се направам фраер. Јас сепак дојдов тука, тие се домаќини. Редно е да поминат и да се поздрават. Се што можам за нив да сторам е да им испратам една тура. Девојката прифати да одиграме партија бриџ. Била експерт. Моја е, знам. Додека ги межа картите гледам како полека се редат џокерите кај мене, како се подредуваат една по друга по боја и големина. не е неормално. Ќе треба да се потрудам малку повеќе за веднаш да не затворам. Н ее интересно. Поинтересно ќе биде потоа. Новинар без талент за пишување не е веќе новинар. А талентот е исто така нешто што лесно може да го загуби. Има нешто во нејзиниот поглед. Длабоко продира. Мислам дека намерно посака да се коцка со мене. сака да загуби. сака да ја добијам. Ме гализ а раката во која ја држам чашата. Да не беше од најголема важност никогаш да не се отрезнам ќе ми беше поубаво. Вака, морам да се потргнам. Нека ме гали за другата, за лицето. Каде сака. Само не за раката во која ми е чашата. Барменто ми донесе нова тура. Колку побргу пијам побргу ќе останам пијан на врелината. Ме возбудува начинот на кој дише. Градите и се креваат и спуштаат во ритам на начин на кој сакам да водам љубов со неа. Гледам дека се заинтересираа сите за играта. Држам извонредни карти. Време е за победа. Нормално, го прифати поразот како дама. Со бакнежги спушти нејзините карти. Никако не можеше да победи и знаеше. Ме бакна зад увото. ме покани кај неа во соба. Подоцна. Приквечер. Сега е време за музика. Што да пуштам. Ќе пуштам Sisters of Mercy. Некако сум расположен за нив. За Floodland. Убаво се пие на нив. Повторно дојде квазимодото. Ми тутна ливче во раката. Луцифер ме кани на забава. Ќе правел журка. Поканети биле интересни личности. Што да не. Ако е здодевно можам барем да се изрипиам, на се изнаиграм. Или, знаејчи се, ќе најдам партнери за пиење и коцкање. Решив да го опијам грбавиот. Заборавив дали ми кажа како му е името. Не е важно, нема да го носам дома на вечера. Море, како седна да пие. Чобек ќе рече дека одамна никој ништо не го почестил. Ќе го натерам да завртиме зар-два. За да загуби и да мора да се избања. Ако веќе трчка по мене како кученце барем да не ми смрди. Конечно дојде другар ми што загина во војната. Едната од многуте во кои учествував и јас. Кога си бесмртен лесно е да се војува. Чинам дека само мене ме одбегнуваа куршумите. Не сакале да дојдат другите. Едвај добиле дозвола за излез од котелот. Реков јас дека им е страв од Луцифер. правеле муабет дали ќе има давам повеќе слобода ако станам сопственик на пеколот. Неминовно е тоа, но дали ќе добијат поголема слобода не знам и не ме интересира. Се додека не стане мој проблем, друг нека му ја мисли. Ќе имало вечерва жива музика. Бендови. Нормално. Кој би сакал снимка кога сите добри бендови се тука. Ете кого сакам да видам и чујам. Џим Морисон. И тој знае многу да испие. Будала. Да посакаш да умреш во Париз, Франција. Да ти доаѓа секој копук на гроб, да се слика, потоа да дрка на форографиите. Ужас. Да бев на негово место ќе побарав да ме фрлат во океанот. На најдлабоката точка. Каде што ни рибите не пливаат. Чуму ќе ми се да ме гледа секој. Но, јас сум јас. Сакав самотија и ја добив. Секогаш сам. Пијан, трезен, сам. Кој може да ме издржи подогло. Напорен среќлија. Така мајка ми велеше. Така татко ми рече кога му ја собрав колата на табланет. Не му било лошо во пеколот. Вели дека после се во животот конечно нашол мир тука. И јас ќе се чувствував така да имав син како мене. Другар ми пие ли пие, уште малку и ќе седне да ми плаче. Порано така правеше. Пијан плаче по девојката што го оставила. Се омажи за еден богат. Никако не м влегува во глава што виде во неа. Курва. Оној нејзиниот, мажот, грд, бубуљичав, дебел. Никаков. Ама полн пари. Сите ли женио се исти. Квазимодо почна да ја пее Marian! Чудо како добро го прави тоа. Е за ова заслужува да го налевам додека сум тука. Може и ќе му нарачам некоја девојка. Ем да си олесни, ем да го избања. Убаво е кога те бањаат. Особено за мрзливци како мене. Лежиш во кадата, околу тебе убави девојки, која од која поубава, се трудат да те задоволат. Како султан. Освен ако не е педер. Но, и за таквите ќе се најде некој. Другар ми ме изненади. фатил девојка од истио котел, заедно оделе на мачење. Идиотизам. Време да одам назад. Нема смисол. сепак сум му гостин. Да видам што сака и како ја замислува партијата. Плус и да каснам нешто. Волку пиење на гладен стомак не бива. Сигурно има нешто убаво. Ајде, колку повеќе одолговлечувам потешко ќе ми биде одењето назад низ врелината. Деноноќна жештина. Топла вода напретек. Кажав виц. Јас и вицеви. Не ме бива за нив, знам да ги прераскажувам ама не знам да ги измислувам.
Ме плесна горештината. Полека се навикнувам. Кавзимодото е до мене. Трчка по патеката. Ми раскажува што каде се наоѓа. Интересно е. Не знаев дека е се поделено на сектори. Сектор за мачење на хомосексуалци. сектор за варење на војници во котел. Сектор за нацисти и посебен дел за евреи. Сектор за коцкари. Тоа ми го задржа вниманието. Ќе одам да ги посетам. Да видам кој се, јас лично, сум го испратил тука. Не знаев дека Џон Квинси Адамс е тука, кај коцкарите. Нели претседател на САД беше. Мислев дека тие не смеат да се коцкаат.
Ќе му побарам на Луцифер да ми организира средба со темпларите и масоните. да видам дали навистина едните се предвесници на другите.
Тоа подоцна. Сега на ручек и почивка. Ако не ми додева Луцифер со муабети.
Salut.
 
Не знам, се прашувам, цар сум, или небидник. Принц сум, но и питач. Питам по меани, пијам и се расправам. Победувам, не губам. Губам само еднаш. Се губам во мемлата и сивилото на пеколот кој сам си го создадов. А се наоѓам во пеколот. Во оној вистинскиот. Одам кај Луцифер на гозба. Ми рече квазимодото дека ќе биде гозба. Посебна. Своевидна, каква што не била видена. Се надевам дека нема да бара да одржам говор. Како што се чувствувам тешко ека ќе биде позитивиен. Од сите пријатели само еден имаше доблест да ми пристапи. Не ми се верува, облекол се тука во ливреја. Убаво ќе беше да не ме гледаа сите збунето. Кој е овој што толку многу моќ има за Луцифер да ги извади од котлите. Од казаните на вечната мака и на ова пеколна жештина да ги облече во ливреја.
Гозбата беше преубава. Крез не служеше. Всушност тој беше maitre’d. А ако некој знае како се гозбува, тогаш тоа е Крез. Од пиле млеко. Се што помислив дека нема, донесоа. Луцифер бил фина личност. Можеби му е здодевно. Сака забава, веројатно. И јас би сакал да сум цела вечност прогонет од рајот. Нели поради тоа беше битката небесна, да се воведе забавата во рајот. Или беше за премоќ? Не знам, пијан сум. Бо дворецот има разладни уреди. Се разбира. Кога си газда, господар, а не слуга, лесно е. Има девојки кои се виткаат во половината. Танцуваат. Не им пречи што јадам како најголемиот гладник. Кој не би. Тука не мораш да мислиш на линијата. Дебелите слабеат, слабите се пополнуваат. Црвенокосата е тука. Штета. Милно ме гледа, а јас и се додворувам. Кадифена кожа. Бисерни заби. Принц за неа, за сите питач за себе. Ме кани со поглед да ја донесам во мојата соба. Секој бара услуга од мене. Јас сум во пеколот гостин. Неверојатно. Гостувам и газдувам. Оазата на мирот и спокојствието се наоѓа на друго место, а јас се чувствувам бедно. Бедник сум. Ќе ја искористам и отфрлам. Зарем не разбират дека се добив, а душата одамна ја ветив на друга. Не на бога, иако е жена. Ниту на синот нејзин. На друга. Не кажувам. Не смеам. Боли.
Гускава е преубава. Замислете, за мене е печена. Онаа која неси златни јајца. Го прашав Луцифер дали не му е криво. Не му е. Сеуште не знам за животот тука, во пеколот. Не може да се умре. Веќе сите се во оној живот, отаде. Колкупати да умрат, живи се.
Ќе има музика. Квазимодото му кажал дека сакам да ги слушам The Doors. Џим е налутен. Место да се забавува мора мене да ме забавува. И тоа го дочекав. Во живо да ги слушам. Замислете да речем дека сакам Бетовен да ми свири. Marcio funebre. Или Бах.
Партијата карти е закажана да се одигра кога мене ќе ми текне. Мислам дека знам зошто. Секоја бара замена, а можеби Луциер сака да се врати горе. Или да шета по светот. Да дели триесет сребреници. Како на Јуда. Искариотот.
Повторно кажав шега. Почнав да станувам шегобиец. А сето ова се одвива во неколку дена. Човечко сметање на времето. Ден година. Не сакам да прашам колку долго е навистина мојот престој тука. Веројатно од тука до вечноста. Нешто помалку.
Џим е прекрасен. Свират. Манзарек ме гледа од зад клавијатурите. Не знаев дека и живите можат да свират. Ми кажа Луцифер дека може накратко да ги позајми веќе одредените за тука.
Сте јаделе ли ноеви јајца печени во босилок, лук и сос од краби. Преубаво. Да не стоеја сите оние надвор, ливреисаните, ќе помислев ека не сум тука. Дека сонувам. Буден. А знам дека сум тука. Ги гледам. Мина многу време. Мина многу познати и за мне непознати лица. Црвенокосата е крај мене и покрај прекорните погледи на Луцифер. Не му се допаѓа што сам и ги бирам друшките вечерни, ако може така да ги наречам. Принц или питач. Коцкар или проклетник. Гозбава без да знам минала. Се чувствувам премногу уморен. Црвенокосата конечно ми се претстави. Не сум знаел дека затоа ја почитувале за животта. Јованка Орлеанка. Поради моќта да го погледен Луцифер во лице и да му се насмее знаејќи дека сепак таму ќе пристигне. И се восхитувам на храброста. Му реков да не се срди. Специфичен сум. Се насмеа. Ми рече да бркам работа, но да внимавам. Била интензивна. Сакала многу, верувала во бога и неговата добрина, а сепак заминала тука. Не и простила никогаш. И јас не би и простил. Да го дадам животот...но, тоа е нејзина приказна.
Колку многу сум пијан. Таа пие ред за ред, чаша за чаша со мене, а не се опијанува. Моќ на духот или едноставно јас самиот. Потсвесно не сакам да се отрезнам. Време е за здравица и почин. Станав и реков неколку слова. Му се заблагодарив на Луцифер на гостопримството, но, се надевам дека ќе ми прости што сепак нема да загубам. Се насмеа. Треба да внимавам. Ни тој нема загубено. Јас имам една предност. Одамна се загубив за да губам. Проколнат сум, но живеам. Добивам се.
Морам да одморам. Не за друго.
Јованка ми се допаѓа премногу. Иако и реков дека никогаш нема да бидам слободен сепак се насмевна и рече дека и таа и припаѓа нејзе. На бога. И покрај се. Ме однесе во собата. Однекаде извади Бушмилс. Ќе пиеме во стил. А јас пијам без лед. Знаќи топол. Иако има. Не знам, така ми текна. Да починам. До утре. Ден година во пеколот. Многумина пристигаат секојдневно. Треба да се видам со новите. Можеби има некој познат. Некој не се плаши да ме поздрави. Не за друго, затоа што е нов. Но, првин а починам, да одморам. Осамен, а со неа, со Орлеанка. Последната девица на витештвото. Моја.
Ме прашаа. Сакам да одговорам, но ме јаде сомнеж. Не знам зошто ме судат.
Зарем коцкајќи се со ахриѓаволот не ми дава можност да судам за вербата, за љубовта, за себепочитта? Зарем продавајќи си ја душата на онаа која не сака да ја плати, само да ме има, а ме нема, на која и се давам, не е догма вековна.
Зарем живите не знаат каде итаат? Каде ќе завршат. Не судат за делата кои ги чиниме, како живееме. Како и витезите и девиците, така и земјоелците и земјопоседниците. Сите го сакаме недостигот. Сите го добиваме заслуженото. Освен ако не се коцкаме и не го прокоцкаме. Како јас! Време е да одморам...
Salut.
 
Doubts

Who am I to blame? Who am I to see?
Who am I to judge?

Caressing the words from lost memories
Endless talks of souls lost
defining natures stories
The Devil is grinning the most,
stealing friends, rewarding my foes.

Who am I to blame?
Who am I to see?
Who am I to judge?

As tall trees bending in the storms
wailing winds of sorrow came.
As loves eaten by doubts and envious worms
The deep pools of light fade.
Killing the very essence,
the very existence, all is the same.

Who am I to blame?
Who am I to see?
Who am I to judge?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom