AlternativeF
госпожата од втори
- Член од
- 1 мај 2006
- Мислења
- 4.830
- Поени од реакции
- 7.575
На проверка и млекото „Моја кравица“ од српски Имлек
Инспектори од Агенцијата проверуваат дали во млекото „Моја кравица“ на српскиот производител Имлек има зголемено присуство на афлатоксинот M1, откако Агенцијата за храна и ветеринарство добила известување од Србија дека се повлечени повеќе видови на млеко од различни производи кај кои е утврена зголема количина на афлатоскин.
Инспекторите од Агенцијата извршиле контроли на продажните места и во магацините на увозниците и утрдиле дека во Македонија од Србија било увезено само млекото „Моја кравица 2,8 отсто MM“ од Имлек.
Спорното млеко со рок на траење до 14.07.2013 година се наоѓа во магацините на увозниците и не е пуштено во продажба.
„Инспекторите од Агенцијата зедоа мостри од наведениот производ со цел потврдување на резултатот, и со истиот ќе се постапува во зависност од лабораторискиот извештај.
Во продолжение, а во насока на информирање на јавноста, ја даваме листата на производи во Србија кај кои е утврдено зголемено присуство на афлатоксин“, соопштуваат од Агенцијата за храна и ветеринарство.
По направените лабораториски испитувања, Агенцијата за храна и ветеринарство утврдила зголемено присуство на афлатоксин и „Млеко дукат УХТ 2,8 отсто ММ +7 витамини 1Л“ со рок на траење до 19.04.2013.
„Целото количество од овој производ (околу две илјади литри), се наоѓа во магацинот на увозникот, односно воопшто не е пуштено во промет и истито согласно законската процедура ќе биде уништено. Останатите производи од наведената пратка (вкупно 35) се исправни и истите ќе бидат пуштени слободно во промет“, соопштуваат од АХВ.
Преземено од Кајгана