AlternativeF
госпожата од втори
- Член од
- 1 мај 2006
- Мислења
- 4.830
- Поени од реакции
- 7.575
Паника во Србија: Канцерогениот афлатоксин пронајден во уште 29 млека
Горан Јешиќ, секретарот за земјоделство на Војводина, предизвика вистинска паника откако на Twitter ги објави првите резултати од анализите на млеката кои се продаваат на пазарот во Војводина, кои покажуваат дека од 35 примероци, 29 имаат зголемено ниво на афлатоксини.
Јешиќ пишува дека причината за ова е пченката која е користена во исхраната на стоката и која оваа година била подложена на контаминација. „Владата на Република Србија ги доби нашите анализи и имаат рок до вторник”, напиша секретарот за земјоделие на Војводина.
Јешиќ на Twitter напиша и дека ситуацијата е алармантна и дека не гледа причина зошто млекото да не се повлече од продажба:
„Од 35 пристигнати резултати од млеката кои с епродаваат на територијата на Војводина, дури 29 се позитивни на афлатоксин. Колку е сериозна ситуацијата најдобро говори фактот дека уште пред да ги добиеме резултатите од преостанатите 15 млека, веднаш го алармиравме Министерството за земјоделство и побаравме да реагира”, вели тој за Блиц.
Ова се резултатите од анализите извршени во Србија:
Претходно, афлатоксинот беше пронајден во млеката на Дукат и Виндија, што предизвика страв во целиот регион. Само надлежните во Македонија опуштени
Преземено од Кајгана
Нашите власти тврдат дека афлаТОКСИН не е токсичен, туку е баш добра замена за витамински напиток. Отсега кој пиел цедевита, да престане и да се префрли на млеко со афлатоксин. Право освежување!
Истите млека се продаваат и кај нас, ама дали во Македонија магично стануваат здрави и добри за конзумирање?