Листа на отровни млека во Србија и Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата AlternativeF
  • Време на започнување Време на започнување

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
Паника во Србија: Канцерогениот афлатоксин пронајден во уште 29 млека

Горан Јешиќ, секретарот за земјоделство на Војводина, предизвика вистинска паника откако на Twitter ги објави првите резултати од анализите на млеката кои се продаваат на пазарот во Војводина, кои покажуваат дека од 35 примероци, 29 имаат зголемено ниво на афлатоксини.
Јешиќ пишува дека причината за ова е пченката која е користена во исхраната на стоката и која оваа година била подложена на контаминација. „Владата на Република Србија ги доби нашите анализи и имаат рок до вторник”, напиша секретарот за земјоделие на Војводина.

Јешиќ на Twitter напиша и дека ситуацијата е алармантна и дека не гледа причина зошто млекото да не се повлече од продажба:

„Од 35 пристигнати резултати од млеката кои с епродаваат на територијата на Војводина, дури 29 се позитивни на афлатоксин. Колку е сериозна ситуацијата најдобро говори фактот дека уште пред да ги добиеме резултатите од преостанатите 15 млека, веднаш го алармиравме Министерството за земјоделство и побаравме да реагира”, вели тој за Блиц.

Ова се резултатите од анализите извршени во Србија:
panika-vo-srbija-kancerogeniot-aflatoksin-pronajden-vo-ushte-29-mleka-122478.jpg

Претходно, афлатоксинот беше пронајден во млеката на Дукат и Виндија, што предизвика страв во целиот регион. Само надлежните во Македонија опуштени
panika-vo-srbija-kancerogeniot-aflatoksin-pronajden-vo-ushte-29-mleka-122479.jpg

Преземено од Кајгана

Нашите власти тврдат дека афлаТОКСИН не е токсичен, туку е баш добра замена за витамински напиток. Отсега кој пиел цедевита, да престане и да се префрли на млеко со афлатоксин. Право освежување!
Истите млека се продаваат и кај нас, ама дали во Македонија магично стануваат здрави и добри за конзумирање?
 
Ние сме виновни бидејќи не знаеме да го разбереме писателот кој ни вели дека сме во позитивна рецесија, односно дека афлатоксинот не е штетен за нас, туку и веруваме на Европската Агенција за Безбедност на Храната, која вели дека максималната дозволена граница за афлатоксин во млекото изнесува 0.05 микрограми на 1 килограм.

Патем, иМлек е сопственик на Битолската Млекарница, која од поодамна не продава млеко од македонско производство, туку го увезува од иМлек од Белград.

На листата на млечни производи на иМлек врз кои се вршеле испитувањата, само кај 1 од вкупно 5 производи од иМлек е откриено задоволително количество на афлатоксин под 0.05 микрограми на 1 килограм, кај белото органско пастеризирано млеко од 750 милилитри.

Што мислите Македонци, колку литри канцерогено млеко имаме испиено откако Битолска Млекара не продава млеко од македонско производство, туку продава млеко увезено од иМлек од Белград ?

Пазете си го црниот дроб, или подобро кажано, џигерот, Македонци, не ќе биде лошо да отидете во посета на Гастроентерологија за преглед за секој случај, само Бог знае колку и какви се отрови сме консумирале и/или сеуште консумираме.
 
Добро и за јогурт ли. Бурек без јогурт ...:unsure:
Горан Јешиќ, секретарот за земјоделство на Војводина, предизвика вистинска паника откако на Twitter ги објави првите резултати од анализите на млеката кои се продаваат на пазарот во Војводина, кои покажуваат дека од 35 примероци, 29 имаат зголемено ниво на афлатоксини.
Соседите наместо да ги забошотат своите грешки, самите објавуваат информации за јавност и приложуваат табели со испитувања кај млеката. Би сакал истото да го дочекам во Македонија.
Којзнае дали воопшто се земаат мостри од храна, дали инспекциите вршат контроли и дали имаат соодветни лаборатории и дали се во исправна состојба (реагенси, апаратура и слично) Лично, не ми се верува ради начинот на информирање на јавноста.
 
Добро и за јогурт ли. Бурек без јогурт ...:unsure:
Соседите наместо да ги забошотат своите грешки, самите објавуваат информации за јавност и приложуваат табели со испитувања кај млеката. Би сакал истото да го дочекам во Македонија.
Којзнае дали воопшто се земаат мостри од храна, дали инспекциите вршат контроли и дали имаат соодветни лаборатории и дали се во исправна состојба (реагенси, апаратура и слично) Лично, не ми се верува ради начинот на информирање на јавноста.

Се земаат повеќе одколку што треба, само што наместо во лабораторија, инспекторите си ги носат дома!
 
Добро и за јогурт ли. Бурек без јогурт ...:unsure:
Соседите наместо да ги забошотат своите грешки, самите објавуваат информации за јавност и приложуваат табели со испитувања кај млеката. Би сакал истото да го дочекам во Македонија.
Којзнае дали воопшто се земаат мостри од храна, дали инспекциите вршат контроли и дали имаат соодветни лаборатории и дали се во исправна состојба (реагенси, апаратура и слично) Лично, не ми се верува ради начинот на информирање на јавноста.
Лурц, и да имаат апарати и реагенси (што ни јас не верувам дека имаат), кај може некој да искочи и да каже нешто дека не чини? Ќе им ги постават внатрешните џепчиња на сакоата со евра и да видиш како сѐ магично станува здраво и чисто! Човек да се зачуди како тоа во Македонија и покрај тоа што еколошката заштита и свест е во минус, сепак имаме најздрава, најчиста и единствена органска храна во регионов! Сети се само за воздухот во Скопје, мерењето беше јавно достапно сѐ до моментот кога покажа дека воздухот е нехумано загаден, одеднаш испари мерачот и сајтот прекина да работи.
Ме замислува и загрижува само колкав дел од храната што се продава е со штетни материи.
 
Битно е воведовме HACCP!

П.С. Имаат апарати и реагенси, не се секирај. Колку и како се користат е за секирање.
 
Да не ја преведувам целата вест од Србија затоа само ќе објаснам накратко.. сигурно имате слушнато за аферата со отровното млеко во Србија каде што е приметено зголемено присуство на афлатоксини поради храната (пченката) со која се хранеле кравите таму. Па еве ги процентите на количиство во сомнителните млека подоле, мене ме интересира имате ли сретнато некои од овие млека кај нас ? Ако не се лажам од Битолската млекара дел само се препакува кај нив а уствари доаѓа од Имлек кај која дури 4/5 имаат зголемено присуство а само една има под 0.050 - http://off.net.mk/links/nabrzinka/9750

1.jpg
 
Ако има некој од она битолско моментално дома што е плаво/зелено со 3.2 масленост ако не се лажам ќе го замолам да види што пишува кај произведува и полни дали битолската млекара е само “полни“ а произведува имлек, србија. Засега од оние што ги проверив битолското (зелено-бело) демек збогатено со витамини 1.5% масленост е произведено и полнето во битолска млекара значи „сигурно“. Исто и плаво-белото млеко со Македонско знаме што е од здравје радово чист наш производ.

Сепак и ова немора ништо да значи, големи се шансите и кај нас сточната храна да е увезена од Србија и да има зголемено присуство на афлатоксин млекото, глупо ми беше пред некој ден го слушам на ТВ интервју (не памтам име и презиме) кажува како контролирале сега што влегувало зимале мостри, а дали го испитале она што е веќе на рафтовите е прашање ??
 
J6BRicq.jpg
 
Јас стварно не знам дали на луѓето не им работи црпката или со сила се прават будали. Ако продлабочите малце ке сфатите дека од северните соседи буквално се е отровно. Зашто ? Ај да земеме пример чипс како еден од многуте застапени производи од Србија и кој се троши на големо во нашите маркети.
Пример јас сум бизнисмен од Србија и сакам да почнам со производство на чипс и да го пласирам во банана држави. За чипс е потребен компир така ?
Сега како да најдам ефтин компир за да заработката ми биде ултра голема ?
Нормално ке барам компир од земјиштата кои се контаминирани ( за време на бомбардирањето ) па со неквалитетноста на земјиштето на кое расне компирот автоматски го зимам за багателна цена. Склапам договор со сопственикот на земјиштето и на тој начин и двајцата тепаме пари.
Сега замислете си што се се произведува од контаминирани земјишта таму и директно ни влага у уста.
Само вие продолжете да си јадете бразилско месо, српско млеко и амерички батаци па на канцерот шо му ебете мајка. Поздрав
 
А од каде ќе знаеш дали е месото бразилско,млекото српско и батаците американски???Препакувано може и како норвешко да ти се продава.
Оваа држава мора да излезе јасно во одбрана на здравјето на граѓаните и да каже што е отровно,а што не.Со име и презиме сите фирми што прават малверзации со храната.Па да пропаднат,да банкротираат.А не за профит да молчат,а народот да се труе.
Ако веќе ни ги зголемуваат сметките за се,барем храната нека е контролирана,па народов тие малку пари што ги има барем на здрава храна да ги троши,а не да му се подметнува отровна храна како да сме ние лабораториски глувци.
 
Ajde be ako ti e za da umres ke umres

Plukajte po mlekoto sega vakvo takvo...Zapalete tamo edna cigara smirete si ja dusata
 
Не дека сакам да штитам индустриска мафија и да изигрувам адвокат на ѓаволот, ама во САД дозволена концентрација е до 0,5 микрограми, додека кај нас и во ЕУ е до 0,05, што е огромна разлика.
Значи сите овие млека во САД би биле ОК. Исто млеката би биле ОК и во Австралија и во Канада, каде дозволената граница е 0,15 микрограми.

Ме интересираше зошто е таква разликата во САД, и најдов некој податок дека афлатоксинот бил опасен и луѓето може да се разболат со концентрација од 250 микрограми, што е околу 5000 пати поголема од дозволената кај нас.
Исто деновиве слушнавме и уште еден податок дека со овие концентрации кои се најдени во млеката, за да предизвикаат штета треба да се пијат 20 литри млеко дневно во рок од 20 години.

Со оглед дека овој токсин е природен и не може да се избегне неговото присуство, значи го имало отсекогаш во исхраната на луѓето и на животните, и со тоа и во млекото, а никој не им проверувал и не ги контролирал, јас повеќе се плашам што му ставаат на млекото за да ја добијат оваа граница, некаде прочитав дека им давале на животните некоја супстанца бентонит за да ги врзува афлатоксините.
 
А од каде ќе знаеш дали е месото бразилско,млекото српско и батаците американски???Препакувано може и како норвешко да ти се продава.
Оваа држава мора да излезе јасно во одбрана на здравјето на граѓаните и да каже што е отровно,а што не.Со име и презиме сите фирми што прават малверзации со храната.Па да пропаднат,да банкротираат.А не за профит да молчат,а народот да се труе.
Ако веќе ни ги зголемуваат сметките за се,барем храната нека е контролирана,па народов тие малку пари што ги има барем на здрава храна да ги троши,а не да му се подметнува отровна храна како да сме ние лабораториски глувци.
Ништо по различно не кажав од ова што ти го спомна, ама ФАКТ е дека користиме производи со сомнително потекло и никој не може да ме убеди дека не е така. Јадеме гомна и отрови за да газдите на фирмиве увозници возат џипови и трупаат милиони.
Кривци за ова сме сите кој помалку кој повеќе.
Прв кривец е владата што не може да го регулира ова а криви сме и самите ние што не се преориентираме спрема органската храна која сами ке си ја произведуваме.
Само проблемот е што нема секој време да произведува храна, сите не фати капиталистичка треска и сите сме у трк по парите а здравјето кој го ебе.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom