Освен дебаклот на РНЛ очекуван епилогог на 1/8 финалната понуда....
Кил лесно си го ишлака Фленсбург...
Без Гландорф не се ништо посебно,повеќе од пола екипа им е...
Јасно беше како ден дека сезонава нема шо да бараат во ЛШ,па дури и со Гландорф во тимот..
Лани имаа невидена среќа и ги потценија,но сезонава сите ги научија и играа максимално сериозно против нив...
Барса,хаха кое силување



..
Реков и претходно,посмшена,послаба екипа од Алборг одамна не сум видел во ЛШ..
Не знам шо мислат Данците за иднината,ама тешко на Данскиот ракомет кога онакви екипи им се во врвот на табелата...
Па Струмица подобро ќе изиграше од оние дрвата..
Нека одат уште еднаш да ги почастат една вечера играчите на Пик Сегед,шо апла им ја дадоа утакмицата,иначе ќе си гледаа ракомет на ТВ,каде шо им е местото...
Невиден срам за ракометот е вакви екипи да партиципираат во завршница на најсилното ракометно натпреварување на планетата.....
RNL,лавовите без заби...

Не знам шо да речам за децава,мене ми се многу матни последните резултати на РНЛ во ЛШ..
И ако има некој комисија во ЕХФ за контрала на регуларноста на мечевите треба да си почнат да си ја вршат работата,и да испитаат малку...
Нема шанси екипа која гази екипи од рангот на Фленсбург,Магдебург,Мелсунген,Фуше,Гепинген и компанија,па дури и Кил да изгледа онака смешно и незаинтересирано во ЛШ..
Гарантирам со глава дека има некои ујдурми и прават тешки местенки Швабите...
Сигурно едвај чекаа да се откачат од ЛШ да се насочат на Бундеслига,сигурно до крај ќе се борат со Кил....
Со Цеље губат во гости како партали,со Вардар делуваа како Металург,со Сегед личеа како Чургои(третопласирана екипа во Унгарија)....
Далеку од тоа дека Сегед е слаба екипа,нималку не се наивни,ама онака лесно да ги ишлакаат не ми е логично...
Како и да е,заслужена победа на Сегед....им одржаа лекција на преценетите Шваби...
Колдинг,
хаха...
Која пародија од екипа....
И овие кутрите се една голема енигма...
Освен на првиот меч со Фленсбург кога експодираа и бодчето со Барса на домашен терен на другите утакмици не блескаа..
Со Висла играа два тесни меча,еден на ќоро тепаа,дома едвај бод извадија...
Преценета екипа,во секој случај....не е ни чудо,уште со Бо Спелеберг играат...

Да изгубиш од Загреб,да губиш со 8,9 разлика во речиси цел меч во Загреб,да те прават мајмун играчи од калибарот на Јосип Валчич доволно говори за каков квалитет се работи...
Секоја чест за Вујо и Загреб,лекција по ракомет им одржаа на препотентните Данци..
Јака одбрана,цврста,густа,и сигурен и досаден но многу паметен напад,напад кој даде резултат...
Сосема заслужено се во 1/4 финале...
Имаат одлична млада гарда,играчи кои се иднина на Хрватската селекција,играчи кои многу напреднаа под водство на еден искусен лисец како Вујо...
Секоја чест...
Киелце.на мускули,едвај..
Монпеље се покажа како една многу силна екипа,како и да не е силна екипа,кога се лидери во Франција..
Да не изиграа толку слабо на домашен терен ќе ги испаднеа сигурно звездите на Киелце..
Заслужија да одат понатаму,чиста среќа шо беше голема разликата од првиот меч иначе со онаа игра Киелце беше печен за испаѓање..
Од сите 4 екипи во првиот шешир Киелце е џек пот за предизвикувачите..
Ако налетаат на Вардар со здравје да си го носат,ќе ги изгори Вардар,и Псж е лоша ждрепка за нив..
Веспрем,лесно како шо се очекуваше..
Просечна екипа се Ла Риоха,далеку од европскиот крем...
Полесен тренинг за Унгарците...
Оваа сезона се печени за да дотуркаат далеку Веспрем,не само до Ф4,туку и подалеку....
Уште да имаа замена за Илиќ ќе беа комплетна екипа....
Вардар,
..
Уште еден доказ дека ако имаш против игра за противникот нема разлика која е доволна...
Густа,подвижна одбрана,неутрализирање на бековите и исфрлање подалеку од контакт игра со пикер,чести прекини и добар голман..
Не е ни чудо шо толку долго траеја нападите на Висла,кога се игра под притисок е најтешко..
Плус Штербик на гол..
Во напад доста паметно и можеби за многумина неочекувано...
Наместо досегашната игра со форсирање на крила и пикер сега одеа само преку бековите,нешто шо Висла сигурно не го очекуваше....
Кога ќе примиш 24 гола од само 3ца бекови+1,2 на Филипче нема шо да бараш во 1/4 финале...
Висла си ја пропушти својата шанса во Полска,наместо да ги дотолчат и да одат на двоцифрена разлика тие дозволија за само 1 минута да се стопи разлика,јасно беше шо ги чека во Скопје..
Плус,Висла не е искусна екипа во вакви мечеви...
Немаат искуство во Европа,го платија данокот,а се многу добра екипа.....
ПСЖ,конечно го надминаа синдромот Данкерк,и покажаа зошто се толку платени....
Време беше,иако се тргачеа до крај на двата меча....
Во ждрепката утре,фаворите Кил и Барса се најнепосакуван противник за другите,Веспрем е зад нив,па следуваат четири екипи со горе долу сличен квалитет Киелце,Псж,Вардар и Сегед,и последен е Загреб....
Освен Загреб сите други екипи според мене имаат шанси за Ф4...