Ајде честито победа и пласман во 8-те најдобри.
За овој меч можам да ви кажам браво пошто не е маларабота да се совлада Белоруски преставник на нивни терен.
Играат валкано, сите екипи се жалат кога гостуваат таму, така да ова е стварно големо постигнување.
Често знаеле да провоцираат и од публика, Пелистер кога гостуваа таму им вадеа и Грчки знамиња мислам, мада овие од Динамо Минск кога играа со нас во Скопје пееа заедно со нас против Грците

Да немаа судиска помош на рајот победата ќе беше уште поголема.
Не знам што гледал овој тренеров нивни, магаре да беше ќе сфатеше дека ги утепаа денес по пикер и пак ништо не превзема околу тоа
Крилава на Металург топка не примија, ама затоа Мојсо и Вугринец откорнаа со голови и асистенции до Ракчевиќ.
Победа и тоа кога Станиќ топка не фати, што ја прави победата уште поголема.
Чуден меч, голманите не се прославија, само Митревски имаше неколку добри минути во кои најверојатно и се реши победникот.
Червар убаво им ја имаше научено играта, Динамо никаква акција не направи. Сепак имаат неколку бомбардери и само ради нив се држеа.
LetMeSea друже Словенецов не ти се прослави многу, колку да видиш дека сепак Манасков е многу покорисен од него
Без Манасков не ни имаше многу контри, мадас сепак голманиве и не се прославија премногу за да има контри.
Ако приметивте 80% од головите Димано ги даде од страната на Коражија мада сепак и не беше само он виновен за тие голови. Утрчува убаво на пикер, солиден е за позициона игра, ама далеку од квалитетот на Манасков