Галатасарај - Шалке (40:60) - Заебано е во Турција ептен, ама еве им давам на Шалке предност поради поголемото искуство, да не заборавиме дека играа 1/2 финале пред 2 години и дека имаат играно и неколку 1/4 финалиња.
Селтик - Јувентус (10:90) - Без разлика што ја тепаа Барса, Селтик е слаба екипа според мене. Немат ни игра, ни ништо. Од друга страна, Јувентус е одлична екипа и мислам дека може да стигне и до завршната фаза од натпреварувањето.
Порто - Малага (60:40) - Мислам дека тука ќе имаме интересен дуел. Искрено, во овој двомеч очекувам да има многу голови. Предност давам на Порто пред се поради поголемото искуство. На квалитет тука некаде се екипите, ама ми се чини дека Порто се малку поквалитетни, освен и што се поискусни.
Валенсија - ПСЖ (35:65) - Без разлика што Валенсија како тим има повеќе искуство во ова натпреварување, ПСЖ има поквалитетна екипа. Плус тоа што Валенсија оваа сезона игра слабо во Шпанија, а Ибрахимович игра неверојатно. Мислам дека ПСЖ ќе помине, но нема да слават убедливо, во тоа сум сигурен.
Шахтјор - Дортмунд (30:70) - Секоја чест за фудбалот што го игра Шахтјор, ама според мене Дортмунд во групната фаза покажаа дека можат да стигнат далеку оваа сезона. Мислам дека ќе успеат да го поминат Шахтјор и да се пласират во 1/4 финале. Геце и Ројс играат одлично во текот на целата сезона и мислам дека тие ќе бидат пресудниот фактор на ова 1/8 финале. И уште еднаш да кажам дека ми е мака што ќе играат во иста вечер со Манчестер.
Арсенал - Баерн (35:65) - Баерн поминува според мене од 2 причини: имаат поквалитетна екипа и секогаш играат одлично во ЛШ, за разлика од Арсенал кој за жал освен финалето во 2006 и 1/2 финалето 2009, нема нешто повеќе направено. Не ми се верува дека можат да го победат Баерн, но исто така не смеат ни да се отпишат. Играат убав фудбал и двете екипи и со мерак ќе си ги следам натпреварите. Се надевам дека Арсенал ќе изиграат најдобро што можат, па да гледаме интерсни и неизвесни утакмици.
Милан - Барселона (30:70) - Искрено, според мене Милан нема екипа за да се носи со Барселона. Тие 30% шанси им ги давам само поради тоа што се Милан и поради тоа што секогаш, заедно со Баерн, се најзафркнат противник кога е во прашање ЛШ. Ќе дадат се од себе, тоа е сигурно. Ама ако почнат да се надигруваат гадно ќе се заебат.
Реал - Манчестер Јунајтед (49:51) - Чисто навивачки. Израмнет дуел, кој неможе да се типува. Едноставно - фудбалска класика. Немам друг коментар за ова 1/8 финале.