- Член од
- 2 март 2007
- Мислења
- 4.097
- Поени од реакции
- 893
Баерн е Баерн и неможи туку така да биди потценет..сепак е германска екипа каде знаеме сите каков менталитет имаат и плус е екипа со голема историја и почитуван противник..но да не се лажеме баерн минхен од кога му заминаја од тимот баслер и ефенберг не направија асолна екипа т.е. неможат од тогаш да се носат со најсилните европски екипи..па и сега не се лоши добра екипа имаат но тоа што сака the mummy returns да ви го кажи е дека баерн во моментов нема шампионски карактер кој што го красеше низ годините иако има одлични играчи..за мене секогаш најдобар тренер во германија бил и ќе остане феликс магат(чуда прави човекот каде и да оди) но румениге и бекенбауер со потегот набркување на Магат(кој му донесе две двојни круни за две години) полоши испаднаја и од калдерон и мијатович во реал м кога го избркаја капело( е тоа беше невиден потег:kesa...не велам дека ван гал е лош туку само магат му треба на овој тим на баерн...ама и кога би ја погледнал одбраната на баерн во споредба со манчестер,интер,барселона,арсенал
toe
..изгледа и помалку смешна скоро на исто рамниште со лион ..освен лам таму сите се за бркање(посебно антиталентот ван бојтен, ако сака нека дава и 15 голови во сезона ама според мене е меѓу најнеталентираните фудбалери на денешницата два грама мозок нема а е и спор плус..
)
Работата е што прв пат после 2002 (значи факинг 8 години) се чувствува дека нешто „крчка“ во екипата. Ефе, Елбер, Кан, Брацо, Џери, Харгривс, Шол, Серџо, Лиза и компанија - тоа беше генерација за историја! Победнички менталитет како никоја друга екипа во тоа време!
Во моментов можеби имаме и подобар играчки потенцијал од тогаш - само треба да прераснеме во екипа! Кој ќе каже дека Рибс и Робен не се во најмала рака меѓу 2-3 најдобри крилни тандеми во свет нек иде да глеа голф. Викам дека се чувствува дека нешто „крчка“ во екипата баш поради натпревари како тој со Јуве, Фиорентина и синоќа со Манчестер - изгубени натпревари, безизлезни ситуации, кога екипата е набиена во ќош и на крај сепак на крај успева да победи секогаш покажувајќи упорност до последен момент!
Далеку од тоа дека викам „ги газиме сега сите уааууа БАААЕРН!!!“ - не 50-50 се шансите за 1/2 финале во моментов. Манчестер е секако ултра опасен дома со или без Руни. Ама битното е што, без разлика што ќе се случи за 7 дена на ОТ, со еден Бадштубер, Милер (прва сезона професионална), со едени млади а веќе многу искусни Лам, Гомез и Швајни со брилијантни Рибери и Робен, со работници ко Алтинтоп, Олиќ и вБомел - ние имаме костур на екипа која ти гарантирам во наредни 3-4 сезони ќе е при врвот во ЛШ. Да не заборавиме наредна сезона се враќа и еден Тони Кроос кој пола сезона скоро сам го држеше Леверкузен на прво во Бундес - тек сега паднаа.
Наредна сезона тие млади играчи ќе се имаат стекнато со уште малку искуство, повеќе константност (Милер изигра на пример феноменален прв дел од сезона а сега нигде го нема - камен е веќе месец дена) и кога убаво сето тоа ќе се воигра и кога на крај за нијанса ќе се засили дефанзивата - тогаш сме назад во игра за самиот врв.
А за Магат измислен е за Бундес ама не се согласувам дека на европско ниво може да се носи - ги имаше Балак, Лусио, Кан, Зе Роберто, Макаај во екипа 3 сезони во Баерн и не помина 1/4 финале... фак оф...