Тој евтино.мк изгледа ги става производите од каталог рачно, гледам за Кам има само 10 производи, нема никакви банери = нема приходи = ќе се откаже за брзо ако не почне да генерира приход.
Не мора никој да траже ексели од било кој, кога секој ден може самиот да си ги апдејтираш автоматски, на мене повеќе време ми потроши додека ги вчита сите 8896 редови одколку што средив што да ми вчитува и тоа околу 1000 елиминирав со тоа што ги нема на залиха, овоа е за Тинекс во Карпош3, имаат 61 вид леб на залиха.
За секоја компанија и маркети каде се наоѓаат треба да се соберат и потоа да се направи веб страна каде ќе има добро филтрирање на податоците, оти во некој градови има 1+ маркети ако се исти цените би требало заедно да ги покаже, ако се различни посебно,
а па слики да се стават на 10 илјади производи, госпоТ да му е на помош на тој што ќе ги става, плус сликата троши повеќе сообраќај, што е повеќе трошоци.
Како листа што имаат маркетите може многу лесно да се направи, баш да видам дали ќе направи некој добра страна, ако не јас ќе си пробам среќата мош ќе станам милијардер, неколку илјадарки плус време за почеток не е многу влог, претпоставувам дека ќе се јават еден куп слични сајтови, па ќе треба да се трошат пари и за реклами, спонзори ако има ќе се исцепкаат и на крајот кога ќе видат дека не се во ќар ќе се откажат.