Точно, за ваков случај не може да тужиш. Т.е. може, ама нема да добиеш
Иначе, има случаи кога не смее да те прашаат за сексуалната определба. Пример, може да тужиш ако на интервју за работа те прашаат, за виза и слични ствари за кои апсолутно не е битна сексуалната ориентација и каде што би било реална дискриминација да не те примат на работа заради сексуалната ориентација.
Е сега, кај нас во Македонија реално никогаш тоа не го прашуваат. Единствената дискриминација кај нас е тоа што не може да се склучи граѓанска заедница (да не кажам брак зашто ќе се бунат одредени персони). И има и некои случаи кога биле истепани лгбт луѓе, но има и случаи кога некој бил истепан само заради етничка припадност, така што не може многу да се буниме ни на едното ни на другото поле (за жал).
Иако би сакала да имаа македонците помек став кон хомосексуалците, тоа никогаш нема да се случи, така што од друга страна добро е и што не е како во Србија (нема кој не знае што беше со парадата) или како во муслиманските земји кај што ги бесат.
Можеби еден ден ќе се дозволи геј граѓанска заедница. До тогаш очигледно ќе мора да се прескокне тоа и да се биде задоволен со условите кои се тука.