LGBT-популацијата и современиот свет

  • Креатор на темата Out Boy
  • Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.711
Мој налкон за колумната на Синоличка Трпкова
Женски поглед за геј пријателот
од Синоличка Трпкова 24/06/2013 | 1:11

На почетокот на дeведесеттите работев неколку филма надвор од Југословенскиот простор. Работев со мешани екипи. Во еден од тие филмови, во тоа некое „понормално“ време работев со еден млад актер, кој во филмот ми беше најдобар пријател. Mомчето, во филмот играше геј. По кратко време познанство ми рече дека и во приватниот живот е геј. Тоа беше моето прво искуство со геј пријател од блиску. Момчето беше многу згодно. Јас малку постара од него, веќе популарна, се обидував на секој можен начин да му ја сменам и тестирам ориентацијата. Мојата наивност одеше до таму што отворено почнав да му се додворувам. Тој иако помлад, веќе имаше искуство од овој тип, со оглед на неговиот изглед. Во еден момент, тој се отвори и ми ја кажа својата приказна. Додека ја говореше приказната, сфатив дека тоа е неговата лична исповед, дека е тоа тој, дека поинаков никогаш не ни бил, дека е така роден и дека мајка му и татко му го разбрале и прифатиле. Чувството кога згоден млад маж, седи наспроти тебе и говори за својата хомосексуалност до тогаш за мене беше непознато. Потем разговорите почнаа да земаат друга насока. За искушенијата, за љубовта, за душата кога страда, за уметноста, за страста, за најинтимните работи што секој од нас ги таи длабоко во себе. Секогаш кога разговарав со него меѓу нас се вклучуваа поинакви сензори од сексуалните. Згоден маж и згодна жена еден наспроти друг, навлезени во душата и мислата на другиот без сексот да ја поматува свеста… Мислам дека тоа момче понесе најголем дел од мојата душа, дотогаш најчисто и најбезболно од сите мажи што ги познавав. Разбрав дека постојат надземни релации, ослободени од прангите на сексуалната страст, кои можат да ги откријат работите за тебе самиот, што не си ни знаел дека постојат. Во еден момент од таа дружба стануваш една душа со спротивниот пол, без притоа да се обременуваш со „прангите“ на телесното. Та и од Платон (кој веројатно бил геј), ни остана наследството на „платонска љубов”.

Велат дека „чисто“ пријателството меѓу маж и жена е невозможно. Дека еднаш – порано или подоцна ќе проработат „базичните инстинкти”. Ова пријателство остави неизбришлива трага во мојот живот, ми создаде лично и интимно чувство за мене дотогаш – неоткриен нов свет. Свет во кој јас, како актерка и жена можам да имам длабоки и искрени пријателства со мажи. Од тогаш запознав уште неколку геј момци и мажи кои ми помогнале во неколку наврати и интимно и професинално. Мојот поглед на оваа тема го објаснувам со моето лично искуство. Некои од моите геј пријатели, мажи, плус уметниици, ми овозможија да станам свесна за моите квалитети. Тие не гледале во моето тело и не помислувале на зближување со него, додека ме храбреле и ме поддржувале во моите човечки и уметнички пориви. Не случајно мојот најомилен писател е Артур Јапин, геј маж, кој најдлабоко влегол во психата на жената. Неговите женски ликови мислат, чувствуваат, творат, прават храбри дела, го менуваат светот, живеат. Можеби и тој имал пријателства како моите во кои чедно се тоне до дното на душата од спротивниот пол. Моите врски со геј мажи се токму поради овој факт, иако научно непроверен, кој ми вели дека геј мажите можат најхрабро и најаргументирано да ѝ покажат достојна почит на обичната обесхрабрена жена која во многу места во светот е граѓанин од втор ред. Нејзините интелектуални и филозофски изблици многу често се омаловажуваат со сексистички аргументи и нејзино редуцирање на објект на задоволство и репродуктивна функција. Нејзиниот цивилизациски обид да излезе од ограничениот ум на светот на мажите и да стане нивен еднаков партнер (по ум и душа), биле секогаш на удар на козервативниот, религиозен и традиционален „стап“.

Моето објаснување за тоа дека борбата против сексуална дискриминација и борбата на геј заедницата за нивните основни права ја поттикнува и поддржува и борбата на жената како интелект, мислечко битие, а не само како објект за задоволство и расплод – можеби многумина ќе го сватат како егзибиционизам или декаденција. Но науката и историјата одамна го детектирале хомосексуализмот како нормална појава во биолошкиот развој на светот. Како и кај животните (научно докажано е дека и кај нив процент од новородените се со хомосексуална ориентација), така и кај човекот, првите промени се случуваат уште во стомакот на мајката. Децата така се раѓаат. Не се ниту мајката, ниту таткото виновни. Не се работи за болест. Не се работи ниту за разврат, ниту за перверзија. Се работи за природа, која никогаш нема да наштети на продолжувањето на човечката раса. Најголемата опасност за неа се всушност предрасудите – мрачните завеси над слободниот и отворен ум. Тие се резултат на незнаење и игнорирање, намерна или ненамерна дискриминација, заради сопствената некомфорност или дури и потисната хомосексуалност. Нашите предрасуди, индивидуални и општествени, создаваат најгнасно примитивно оружје кое ја замрачува свеста – омраза кон она што ни е „ненормално“ . Очигледно ниедна програма за подигање на свеста во која се вложија многу пари – за жал не донесе промени во ова сфера од нашето живеење. Подигањето на свеста е резултат на долготрајна стратегија во образованието на една земја. Таа е резултат на имање ролмодели како лидери. Таа е резултат на макотрпна и упорна едукација – дома, на училиште и преку уметноста. Таа бара долга и истрајна жртва. Таа не е платена реклама за пиво, улошки или прафеми, зашто таа ниту се купува, ниту стои на продажба во рафтови. Таа бара од сите нас внимание и посветеност. А тоа нема цена. Исто како и љубовта. Кога ќе го читате ова, напипувајќи ги сопствените ментални „граници” до каде можете да се чувствувате „нормално“ и што сѐ вие лично би прифатиле и „дозволиле”, сетете се дека светот во кој живееме ќе беше многу поинакво, попразно и посиромашно место без Платон, Сафо, Леонардо, Микеланџело, Чајковски, Оскар Вајлд, Артур Рембо, Фреди Меркјури, Педро Алмодовар, Џоди Фостер и Џорџ Мајкл. И без воинот – качен на коњ – на кои многумина кај нас гледаат со восхит.

извор: http://kolumni.sakam.info/2013/06/zhenski-pogled-za-gej-prijatelot/
 

Cruise

Ja sam taj iz Cadjavice
Член од
1 јануари 2013
Мислења
2.038
Поени од реакции
940
И сега лајкови ли треба да тураме за педерите да се осеќаат природно?Се знае,ако си педер си настран,ако си лезбејка си настран..Ако си машко,а ти се крева на Николина Пишек се е во ред со тебе,ако си женско,а ти се влажни на Вилијам Леви,тогаш се е во ред со тебе..Крај..
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
И сега лајкови ли треба да тураме за педерите да се осеќаат природно?Се знае,ако си педер си настран,ако си лезбејка си настран..Ако си машко,а ти се крева на Николина Пишек се е во ред со тебе,ако си женско,а ти се влажни на Вилијам Леви,тогаш се е во ред со тебе..Крај..
Мислам дека и ова треба во Устав да го внесеме :)
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
И сега лајкови ли треба да тураме за педерите да се осеќаат природно?Се знае,ако си педер си настран,ако си лезбејка си настран..Ако си машко,а ти се крева на Николина Пишек се е во ред со тебе,ако си женско,а ти се влажни на Вилијам Леви,тогаш се е во ред со тебе..Крај..
Ако тебе не ти се крева на Сара Мејс, џабе овде филозофираш. Стрејт конопци не те држат, не па друго. Или некоја друга шо не е Сара Мејс, а е женско.

Онака, моја филозофија. Као што сме у такво расположење очигледно денес.
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
Moре малку ви беше во чаршија!
 

Cruise

Ja sam taj iz Cadjavice
Член од
1 јануари 2013
Мислења
2.038
Поени од реакции
940
Ако тебе не ти се крева на Сара Мејс, џабе овде филозофираш. Стрејт конопци не те држат, не па друго. Или некоја друга шо не е Сара Мејс, а е женско.

Онака, моја филозофија. Као што сме у такво расположење очигледно денес.
Ми се крева и те како.Само да е женско.Ама има еден исклучок...Немој да ми кажеш дека тебе пак ти се крева на Мирка Велиновска?!
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Ми се крева и те како.Само да е женско.Ама има еден исклучок...Немој да ми кажеш дека тебе пак ти се крева на Мирка Велиновска?!
Мене на ниедна не ми се крева, инаку немаше да бидам геј, ќе бев бисексуалец или "homoflexible" :D

Мирка ми е интересна да ме стимулира интелектуално, не сексуално.
 

Cruise

Ja sam taj iz Cadjavice
Член од
1 јануари 2013
Мислења
2.038
Поени од реакции
940
Мене на ниедна не ми се крева, инаку немаше да бидам геј, ќе бев бисексуалец или "homoflexible" :D

Мирка ми е интересна да ме стимулира интелектуално, не сексуално.
Значи ти си од "тие"?
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Значи ти си од "тие"?
Де бе, до сега употребуваше изрази како педери/настрани, сега откако ме посумња, викаш "тие"? Не јадам луѓе, опушти се. Нема потреба од политичка коректност :D
 

Cruise

Ja sam taj iz Cadjavice
Член од
1 јануари 2013
Мислења
2.038
Поени од реакции
940
Де бе, до сега употребуваше изрази како педери/настрани, сега откако ме посумња, викаш "тие"? Не јадам луѓе, опушти се. Нема потреба од политичка коректност :D
Добро бе да му се сневиди,како покрај толку невевчиња млади,стегнати ти со дошол до длакави машки..Од дома те знаат ли?Преобрати се во жени додека е време..:):)
 

PsychoalieN

Омлет мастеР
Член од
12 јули 2009
Мислења
1.703
Поени од реакции
1.411
Добро бе да му се сневиди,како покрај толку невевчиња млади,стегнати ти со дошол до длакави машки..Од дома те знаат ли?Преобрати се во жени додека е време..:):)
Изгледа ти уште не си видел длакава жена :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom