Левица - Политичка партија

  • Креатор на темата Креатор на темата Jack NolanProf.19
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ќе гласате за Левица на Парламентарните избори?

  • Да

  • Ќе гласам за мафијашката коалиција СДССМ-ДПМНЕ

  • Не

  • Ќе гласам за друга "ТРЕТА ОПЦИЈА" партија

Резултатите може да се погледнат само после гласање.
Јас сум да влезе Димитар во собрание само за да им возвраќа на колегите политичари како што тоа го прави по тв дебативе. Ќе биде интересно да се гледа собраниски канал кога има собрание.
 
Се сложувам.
Ама нема друга партија која покрај ДПМНЕ и СДСМ освоиле пратеник при самостоен настап на избори.
Нели НСДП имаше во 2006. Нели ВМРО НП имаше? Па и ГРОМ имаше 1, самостојно.
 
Ако има можност да формра влада со ДПНЕ, нормално дека ќе го направат тоа (со одредени услови за истата). Ама тоа од друга страна незначи дека ќе им бидат чиновници. Ептен погрешно се сфаќа коалицирањево. Нормално дека е во подобра позиција да спроведува политика на партијата кога би бил во позиција одколку опозиција.
;)

И да, денес Левица практично ја почна процедурата за поништување на преспански, колку и да звучи тоа невозможно. Бар си стојат на зборот и не продаваат лажен патриотизам ко Жмицко и компанија.

Така нека биде...мене ми мирисаат ептен на анти СДСМ шо е разочарувачки, затоа шо ги гледав како потенцијална трета опција, не како нечија опашка. Искрено се надевам дека грешам, времето ќе покаже.
Со право имаат антагонизам кон СДСМ. Чудно би било доколку немаат, после сите глупости кои ги направија овие, и на нив како партија, а и на државава.

Ем што ги изневерија, искористија и ги направија магариња со лажните ветувања пред избори, ем константно се под притисоци, навреди и саботажи од страна на СДСМ. Цело време пробуваат да им ја уништат партијата, да ги дикредитираат, ги саботираат преку институции и тн.

Во 2016 пробаа со судска тужба и фракција на неколку дена пред избори да го им запрат учеството на парламентарните избори, само затоа што не им одговарало тоа на СДСМ.

Премногу гнасна и силеџиска политика водат СДСМ, затоа секој револт кон нив е сосема оправдан.
 
Прочитај го предходниот пост и репликите на постот...
Ги прочитав, зошто велиш никој сем СДСМ и ВМРО ДПМНЕ не освоил пратенички места? Овие освоиле. Има и други порано.
 
Би сакал да видам Апасиев во собрание и да ги ремети од внатре, ама да бидеме реални никаква трета опција не се овие со нивната програма.

Знам нема шанси да победат па да ја изработуваат програмата, ама тешко срање е целата анти-нато кампања, без навреда ама тешка будала треба да си да мислиш дека со активна анти-нато кампања може да постигне нешто нашата држава, со таква кампања само може да се гарантира дека ќе не снема како држава овој пат не само името.
 
Последно уредено:
Ги прочитав, зошто велиш никој сем СДСМ и ВМРО ДПМНЕ не освоил пратенички места? Овие освоиле. Има и други порано.

пред 54 минути

Beric Dondarrion напиша:

Досега видовме, у овие 30 години, доста случаи на самостојни или пратеници од помали партии, кои својата пратеничка кариера како пратеници од условно кажано трета опција, ја ставија во служба исклучиво на својот џеб и СДСМ/ВМРО.
Левица нема увезено луѓе од Лихтенштајн, туку се истите луѓе од тука. Не гледам една причина зошто не би се шитнале, како и веќе споменатите (независни/трети партии) погоре, кои редовно го правеа тоа.
Можеби треба да им направат некаков документ кој ќе го потпишат.
А и самата Левица, како партија, со да речеме 3-4 пратеника, мислиш ќе се откаже од праксата да зема позиции, директорски места и вработувања во администрација, во замена за собраниски услуги на една од двете?
У право си за историјата на собраниските состави во минатото.
Меѓутоа забораваш еден многу битен факт.
Сите "трети партии" предходно биле веќе испрљани политичари. Тито Петковски со НСДП му даде пратеници на Груевски за инает на СДСМ, Тупурковски му даде пратеници на Георгиевски за инат на СДСМ (очекуваше да биде кандидат за претседател место Киро Глигоров), ВМРО - НП освои 7 пратеници и му ги даде на Груевски за да го бутнат Бранко од власт. Амди Бајрам не го спомнувам знаеш зашто...
И сите овие кои ги набројав предходно политичката кариера им завршила во моментот кога се продале. Ваљда новиве момци на политичкава сцена научиле дека ако се продадат ќе им биде задње во политиката.

А да го заборавив и Стева Јакимовиќ - ГРОМ што им го даде пратеникот на ДПМНЕ затоа што Бранко му рече да ги бојкотира локалните избори а овој сакаше да остане кмет на Карпош!

И за муабетот да биде уште по трагичен ДПМНЕ им даде 8 пратеници на СДСМ за да го сменат името...така да јас би го поставил прашањето колку пратеници ќе си разменат меѓу себе за да си ги сокријат криминалите ДПМНЕ и СДСМ!?

Цитат Одговори

Пријави Измени Избриши

ПАК НЕ ЧИТАШ!!!!
 
Левица евентуално би коалицирала само во еден случај. Тоа е неможноста да се најде друга опција, за да се формира стабилна влада.Нема партија која би го сакала Апасиев у влада, една и единствена опција е.
 
У право си за историјата на собраниските состави во минатото.
Меѓутоа забораваш еден многу битен факт.
Сите "трети партии" предходно биле веќе испрљани политичари. Тито Петковски со НСДП му даде пратеници на Груевски за инает на СДСМ, Тупурковски му даде пратеници на Георгиевски за инат на СДСМ (очекуваше да биде кандидат за претседател место Киро Глигоров), ВМРО - НП освои 7 пратеници и му ги даде на Груевски за да го бутнат Бранко од власт. Амди Бајрам не го спомнувам знаеш зашто...
И сите овие кои ги набројав предходно политичката кариера им завршила во моментот кога се продале. Ваљда новиве момци на политичкава сцена научиле дека ако се продадат ќе им биде задње во политиката.

А да го заборавив и Стева Јакимовиќ - ГРОМ што им го даде пратеникот на ДПМНЕ затоа што Бранко му рече да ги бојкотира локалните избори а овој сакаше да остане кмет на Карпош!

И за муабетот да биде уште по трагичен ДПМНЕ им даде 8 пратеници на СДСМ за да го сменат името...така да јас би го поставил прашањето колку пратеници ќе си разменат меѓу себе за да си ги сокријат криминалите ДПМНЕ и СДСМ!?
Многу паушално си пишал. ГРОМ имаше пратеник откако Стевчо ја напушти СДСМ, самостојно го освои, после коалицира со ВМРО ДПМНЕ.
Некои работи не се точни. ДА (Тупурковски) беше коалиционен партнер на ВМРО ДПМНЕ (Љубчо) во 1998, имаа заеднички листи, така да.. не му даде пратеници. И нема врска со Глигоров. Тупурковски после (1999 г.) очекуваше да е заеднички кандидат за претседател со ВМРО ДПМНЕ, ама тие го кандидираа Борис Трајковски, а тој посебно си беше кандидат.
А 8-те кои гласаа за промена на уставот (името) не се сите од ВМРО ДПМНЕ,, Авировиќ, Рамчиловиќ, Минов... И како си сигурен дека партијата им ги дала?
 
Левица имаат интересни мерки посебно во делот од правосудството. Мерки против непотизам кај што ќе биде забрането во исто апелационо подрачје мајка да биде судија, син нотар а снаа адвокат, префрлување на извршителството од извршители на судии кои наместо за профит ќе работат за плата и ограничен мандат на судиите се сосема во ред работи.

Сеа имаат еден куп глупости таму во делот за надворешна политика и на неколку други места ама па ако земеме да ги оценуваме прогеамире на Сдсм и тие на Дпмне, овие две партии на крај ќе испаднат поголеми кловнови од Левица.

Поентата ми е дека ако влезат во парламент ќе им треба некој после да ги приземји за некои работи да ги научи малку реал политик за да бидат сериозна опција во иднина а не само некои дечки што налепиле гласови во еден циклус само поради незадоволство на народот.
 
Најдов троа време да ја разгледам програмата на Левица и...ме потсеќа на едно време за кое што постарите често сакаат да зборуваат кога сакаат да прават споредби со денешнава мизерија.
Има доста утописки елементи, не затоа што се не можни, туку затоа што се изветреани одамна, едноставно се тешко променливи. Оваа програма е добра приказната за тоа каде погрешивме.

Уште веднаш ќе речам дека економскиот дел им е од старт аут. Воведовме прогресивен данок, испадна дебакл, рамниот си е добар. Ова е типично за левичари, многу социјал проекти, пари кон народот и работникот...од каде се тоа ќе се финансира? Кратко, прогресивен данок и чао, сте завршиле со економијата, и при тоа сте ја испуштиле суштината на проблемот.

Ми се допадна правниот дел. Во суштина овде многу се осеќа влијанието на Апасиев и неговиот правен жаргонизам. Овде има доста материјал и тука треба да им биде фокусот. Ако истераат барем пола од ова јас би ја нарекол Левица успешен проект.

Ми се допаѓа делот со образованието, укинувањето на државната матура како ноторна глупост. Укинување на приватните универзитети, дисперзираните студии, бесплатно образование, враќање на приемните испити на факултетите...

Од делот за работниците, намалување на максималното времетраење на кое може да се склучи договор на определено од пет години на шест месеци, промена на законите за штрајк. Делот со старосната граница за пенизја е тешко остварлив, 6 часовниот работен ден недостижна бајка.

Надворешната политика, убер срање, нема ни да ја коментирам.

За преспанскиот договор, договорот со Бугарија, до некаде не е ни нивно да говорат за овие работи, никој нема ни да му замери. Оваа работа беше задача на ДПМНЕ, тие одработија, излегоа пи*ки и крај на приказната.

Мое мислење е да си се фокусираат на работи кои што се реално опипливи и има простор за работа. Ако се фокусираат на борба со ветерници, тогаш од старт се осудени на пропаст.

За Вас агитаторите за глас за Левица, би ви препорачал или да се одлогирате од форумов трајно, или да земете да проанализирате троа програмата, да читнете некое книжуле со социјалистичка содржина, после и некоја критика. Ако глумите хипстерај со тоа петокраките оти мислите дека е кул да се биде левичар, ленинист, марксист...одјебете од старт. Политичкото агитирање ви е цела уметност, не се состои само од пароли и празни памфлети. Гледајте само неколку лика од форумов што и направија на целата ваша концепција.
 
Имиња колега имиња. Вака ништо не вреди тоа што си напишал. Немој и ти ко Заев, кој е крив ќе си одговара.
 
Имиња колега имиња. Вака ништо не вреди тоа што си напишал. Немој и ти ко Заев, кој е крив ќе си одговара.
Па ти конкретно ги отече мудата и создаваш најголема одбивност за партијава на форумов. И тие што размислувале да излезат да гласаат за Левица уствари би се откажале ради досадни фаци како тебе што мелат само едно нешто без посебна содржина и кратки глупи пароли. Како папагал на која тема и да се појавиш. Влегуваш како кандидат за да станеш единица мерка (Борат) за досада.
 
Многу паушално си пишал. ГРОМ имаше пратеник откако Стевчо ја напушти СДСМ, самостојно го освои, после коалицира со ВМРО ДПМНЕ.
Некои работи не се точни. ДА (Тупурковски) беше коалиционен партнер на ВМРО ДПМНЕ (Љубчо) во 1998, имаа заеднички листи, така да.. не му даде пратеници. И нема врска со Глигоров. Тупурковски после (1999 г.) очекуваше да е заеднички кандидат за претседател со ВМРО ДПМНЕ, ама тие го кандидираа Борис Трајковски, а тој посебно си беше кандидат.
А 8-те кои гласаа за промена на уставот (името) не се сите од ВМРО ДПМНЕ,, Авировиќ, Рамчиловиќ, Минов... И како си сигурен дека партијата им ги дала?
Тупутковски на анкетите имаше поддршка од околу 15% и беше јасно дека ќе добие голема поддршка. Мајсторот како бивши окорели комунист имаше само лична цел да стане претседател на државата (нешто слично како и Стојан Андов) и отиде во коалиција со ДПМНЕ само затоа што не ја доби таа шанса од СДСМ.
ГРОМ го доби пратеникот самостојно ама факт е дека Стева и Баце се испокараа.
8те кои гласаа за промена на името беа на листа на ДПМНЕ (имаше и коалициони и нивни пратеници). Јасно е дека им ги дадоа затоа што ако сакаа ДПМНЕ можеа да го блокираат процесот во собрание а не мрднаа со прст!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom