Скијатос не сум бил, Крф да, годинава бев у Врахос но отидов до Парга и како љубител на стари гратчиња можам да ти кажам немаш утка. Парга е далеку помал од Крф, се поминува во едно попладне, но доста шармантен. Напикан на ритче, паркингот ќе ти биде проблем ако не го обезбедиш, полна е со продавнички и таверни. Потсеќа по малце на Херцег Нови, пошто е така со скали скали удолу до пристаништето и „сретселото“. Од Парга имаш одлична комуникација со другиве места, што и да избереш не утињаш. Да сум на твое место би напраил една дневна екскурзија до Лефкада (ако не си бил). Паксос и Антипаксос можеш и тоа. Врахос не знам колку ти се иде само ради плажите, доста ок се и се релативно блиску со кола, ама ете имаш Валтос што е подобра опција секако.