Летување во Грција

  • Креатор на темата Креатор на темата Jack Nolan
  • Време на започнување Време на започнување
А ја има ли рибава по цело средоземноморие или само кај Грциве? Шпанците предупредија за некоја бактерија што јаде месо, а Италјаните и Малтажаните ни бутур, исто ни Турците.
 
Моно Алекс ми е идол, кога ќе пораснам сакам да бидам како него :cool:
Нема сомнеж дека и другите идоли ти се од истиот калибар. Да ти остават само две опции, пак ќе ја одбереш третата
 
Пошто редовно си одам во Грција пред две години бев на Крф а минатата на Скијатос веројатно нема да ми биде многу непозната ниту Парга. До сега Крф и Скијатос ми се фаворити и ако треба уште стопати би одел и секогаш ќе ми бидат најдобри летни дестинации. За Парга знам само дека е мирно местенце и е погодно за фамилијарни туристи кои сакаат помирна и поромантична атмосфера а за друго ќе треба да откриеме откако ќе пристигнеме. Сепак фала за информација (y)
Скијатос не сум бил, Крф да, годинава бев у Врахос но отидов до Парга и како љубител на стари гратчиња можам да ти кажам немаш утка. Парга е далеку помал од Крф, се поминува во едно попладне, но доста шармантен. Напикан на ритче, паркингот ќе ти биде проблем ако не го обезбедиш, полна е со продавнички и таверни. Потсеќа по малце на Херцег Нови, пошто е така со скали скали удолу до пристаништето и „сретселото“. Од Парга имаш одлична комуникација со другиве места, што и да избереш не утињаш. Да сум на твое место би напраил една дневна екскурзија до Лефкада (ако не си бил). Паксос и Антипаксос можеш и тоа. Врахос не знам колку ти се иде само ради плажите, доста ок се и се релативно блиску со кола, ама ете имаш Валтос што е подобра опција секако.
 
Се е точно тоа што напиша. Трет ден сум во Парга и веќе ми се допаѓа. Сум бил во Паксос и Антипаксос и не би трошел повторно за таму. Скијатос и Крф секогаш ќе ми бидат на прво место а Лефкада веќе ја планирам за следното лето :)
Автоматски споено мислење:

Скијатос не сум бил
Мораш да го посетиш заради големиот избор на плажи. Скијатос навечер многу потсеќа на Парга да не речам исти се но ќе видиш сам. Значи Скијатос е MUST SEE :)
 
Back
На врв Bottom