Летување во Грција

  • Креатор на темата Креатор на темата Jack Nolan
  • Време на започнување Време на започнување
За ние што ретко одиме Грција кое време е најголемата гужва? Поради тоа што се водам по распоред на малиот , недела во 10:30 би требало да сум на Евзони. Има нешто помалку народ недела за таму или исти курац, 3-4 саати чекање не ми бегаат?
Јас во недела кога си одам стандард по 2 саати заглвувам на грчка граница.

Сега што убаво за накај Грција си пројдов во 14 часот, жив човек немаше. Две коли само. Ниту по автопатишта немаше гужва. Дури и на плажа стигнав да одам втора смена.

За назад, обично навечер работен ден нема многу гужва. Викенд е критично, евентуално рано сабајле пред 9 по нивно.
 
Ова со границава станува дегутантно. Секоја година бетер и бетер. Викенд туризмот за време летни одмори ќе го раскажуваме на помладите во рубриката “било је некад”. Класичен мазохизам. И без сликањето е проблем, како и минатата година што беше. Од петок до понеделник сабајле, во која било доба влез излез под саат нема. Каква црна Бугарија џабе и писта да направат, никој не оди од таму очигледно.

Со оглед на тоа дека ние во ЕУ никогаш нема да влеземе, ако Богородица не се прошири на уште плус 6 ленти влез излез што ќе работат турбо за сезона, ќе биде со Госпо напред наредни 20 години. А познавајќи ги грците, може и да намалат. Европјаните што по копно им доаѓаат се кротки научени на чекање, генерално маџари, чеси, словаци, румуни и пољаци. Чекале они за парче леб со саати во комунизмот. Не им е проблем еден мочан граничар цајкан да ги тормози со пасошите додека си ја допушува цигарата и допива фрапето.
Небитен е влез во ЕУ, башка без Шенген ништо...
Автоматски споено мислење:

Џаба ЕЕС, Ајкули, риба Фуга, пак невидена гужва овој период, дали се користат стари одмори сега ??

1782202618629.jpeg
 
Back
На врв Bottom