Летување во Грција

  • Креатор на темата Креатор на темата Jack Nolan
  • Време на започнување Време на започнување
Многу себично од твоја страна
Автоматски споено мислење:




Па така можете и дома. За џабе се малтретирате по патиштата и пари трошите.
Може!
Мене кога ќе ме прашаат кај сакаш на одмор, викам дома:)
Живеам на километар од Марков Манастир. Поубаво здравје. На море одам ради афежето, таа по цел ден е дома. Да ка прошетам и да потроши некое евро по Космос, Икеа и Лидл :)
Ако ме прашаш мене јас испод сенката на оревот и од летната кујна не би ишол подалеку!
 
Ќе го искористам постов, кој патем ми послужи како водич, за да напишам рецензија на седумдневниот престој во Ситонија.
Бевме сместени под Сарти, во близина на плажата Платаниа, на две минути со кола од градот. Сите плажи и уште по некои, кои ми ги предложивте вие ги ставив во листа за посетување. И ги посетив сите, од источната страна на полуостровот.

Orange Beach/Kavourotrypes - прекрасна плажа со тиркизна вода. Отидовме порано, за да бидеме на поубава локација, бидејќи по рецензии разбрав дека многу гужва се полни. Така и би. Сите се истурија во 11 саатот, газ до газ. Романците се многу прост народ, од прво лице прв пат се уверувам. Песокот е убав, водата милина. Паркинг има во шумичката, доволен за сите три плажи.
Прегледај го приврзокот 455957

Kalamitsi Beach - спокојна плажа, со убав песок и топла вода. Два пати ја посетивме плажава, еднаш наутро еднаш попладне. И во двата случаја беше спокојно. Бевме во десниот дел од плажата, до карпите. Паркингот е веднаш до плажата, ама може да се деси да нема место.
Прегледај го приврзокот 455959

Tigania Beach - топ 3, дефинитивно. За да се стигне до плажава се вози по црн пат, кој јас у почетокот го утнав и налетав на стадо кози што едвај ги тргнав од патот. Оваа плажа има барче со добра музика, чадори со лисја од палми, убав песок, прекрасен поглед и вода. Водата повеќе е за око, за пливање не е најудобна бидејќи има доста карпи. Разделена е на два дела, лево - дел со платени чадори и лежалки и слободен дел и десно од барот - со лежалки. Барот е со прекрасен поглед, задолжително качете се и испијте горе нешто. Два пати ја посетивме плажата, еднаш останавме до заоѓање на сонцето, сами. Многу е убава!
Паркинг има, само треба да се вртиш малку да најдеш.

Прегледај го приврзокот 455960

Klimataria Beach - уште една од топ 3те. Ако сакате мирна вода и убав песок, дефинитивно ова е за вас. Меже можеби омилената плажа ми е оваа. Иако има тесна плажна ивица, песокот е предобар и водата е идеална. Мирна, топла и плитка. Паркинг има ама малку е тесен.

Прегледај го приврзокот 455961


Karidi, Fava, Trani Ammouda - океј плажи, ама мене не ми бес ништо посебно. Кариди можеби се издвојува од овие заради плиткоста на водата, на 20м ти е до колена.


Paradise Kavourotripes Beach - топ 3. Ја имав заборавено плажата и за среќа се сетив на постот на @ManUtdChampions па ја посетивме и неа. Каков рај од плажа, леле мале. Најбистрата и тиркизна вода е овде. Вистински рај. Минус е големата гужва.
Прегледај го приврзокот 455962


Следен пат кога би идел, ќе ги посетувам само овие од топ3 што ги набројав.
На враќање го обиколивме и западниот дел од Ситонија. Планинскиот дел околу Porto Koufu е многу убав.
Не е можно Лагониси и Ковиу да си ги скокнал
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom