Летување во Грција

  • Креатор на темата Креатор на темата Jack Nolan
  • Време на започнување Време на започнување
2 Лежалки плус чадор за 30€ цел ден на Скијатос. Така стојат цените за лежалките. Што се однесува за маркети и таверни цените скоро како кај нас за некои производи и поефтини. За ручек на пример има готвени јадења по маркети а одредени таверни не се толку скапи како што некои овде си мислат на пример имате Поховани лигњи(каламари) за 16€ ама има и за 11 треба само да се разгледуваат менијата пред да се влезе во некоја таверна. Ако јадете негде на плажа во некое кафуле каде се спремаат отприлика пици,клуб сендвичи и Цезар салати кој може да си дозволи за цена отприлика 60€ и нагоре како јас на пример за тројца да јадат и пијат еден оброк и една пијачка е поскапо но кој не може да си дозволи и не мора да јаде во барови на плажа. Нека се снајде на пример како и јас сум проаѓал некој ден си пакував сендвичи,кроасани,кафиња во термоси и води во ранец полн со ледени блокови. Битни се плажите да бидат чисти да има тушеви и вециња многу сонце и позитивни вајбс ебаго :)
 
И наместо денот да го користиш на плажа, ти манџа ќе вариш. И цела куќа ќе ја замирисуваш на потпршка. За 7 дена можеш да се воздржиш, јади зденки, кулен, јогурт, краставици, јајца варени
Хехе, знаев дека ќе има некој ваков коментар....Еве ќе ти објаснам у детали, ставаш на шпорет компир манџа да се вари, приготвувањето и припремите се некаде 15 минути а не цел ден како што велиш ти, во меѓувреме одиме на плажа и си се бањаме и уживаме, после 1 час одам да го исклучам шпоретот бидејќи манџата е готова, се враќам на плажа и продолжувам со уживањето, во меѓувреме терасата и прозорите ми се отворени,се враќаме од плажа накај 12 и си ручаме вкусен фамилијарен ручок без никакви мириси или потпршки, така да кој како ќе си ја нареди а и не ми се дава на грците 70-80 евра за ручок и тоа секој ден. каде ми се доручоците и вечерите, одморот има да ми излезе како да сум бил на Малдивите, така да имај разбирање за сите и не суди никому,секој нека си живее како што сака и како му е убаво
 
Ебати одморот ако треба од плажа 100 пати да се враќам па да одам пак.
Попрво паштети ќе мачкам него ли тоа.
 
Не сум од оние што се курчат што викаат “или идам на одмор како треба или не идам”, сметам дека секој треба да отиде па макар и паштети јадел е сеа стварно да идете па манџи да праите мислам стварно не е зорт за една недела може да се помине и со прженици или некои полуготови јадења од маркетиве
 
Одмор е да се одмориш како сакаш, не да платиш лежалка и од 7 до 20 часот да кмишиш таму оти така треба. Јас реално цел ден би седел на тераса и би читал нешто, со ракииче и салатиче, а после ручек со пивце. Ама ете афежето е по распоредот и кај нејзе ако во 9 и во 16.00 не си на плажа, пропаднал денот! Џабе пари потрошени.
Автоматски споено мислење:

Не сум од оние што се курчат што викаат “или идам на одмор како треба или не идам”, сметам дека секој треба да отиде па макар и паштети јадел е сеа стварно да идете па манџи да праите мислам стварно не е зорт за една недела може да се помине и со прженици или некои полуготови јадења од маркетиве
Имам познати во камп, они мислам само готват и мијат садови, нормално по купаќи :D Дали влегуваат во море не сум сигурен! Секој со својот табиет. Јас мислев со годините луѓето се смируваат и не обраќаат толку внимание на јадење и гезмиња, јок бе, тие гладни си се родени, такви ќе си умрат.
 
Клучен момент да си пројдеш топ на одмор...
Зависи на каква локација си и на кој спрат си, се разбира дека нема да оставиш отворени прозори и да појдеш на плажа ако си на приземје или на први спрат со можност некој лопов да ти се напика внатре и да те опљачка, во таков случај ручекот си се крчка додека сме во студиото или апартманот, на најголемите жештини и онака се криеме и не одиме на плажа,климата си работи и си уживаме со поглед на море
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom