Летен одмор во Валона, Албанија

  • Креатор на темата Креатор на темата Nenad Wood
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
2 август 2012
Мислења
3
Поени од реакции
0
Возраст
38
Искуства во Валона, Албанија
 
Зошто така мислеш и имаш ли одено Валона?
Имам отидено на двете места , Саранда е во тренд сега и многу е поубаво , иако морам да признаам дека неколку години не сум била во Валона, ама скоро сите се согласуваат дека Саранда е поубаво
 
Мирно место е , ако идеш да се одмориш супер ќе си поминеш и евтино е пред се. :)
За журки не се труди нити Валона нити Саранда.
Инаку до Саранда патот е малтретирање, така да ја секад Валона сум преферирал.
 
Абе Саранда е потуристички град, повеќе странците ја преферираат, инаку има места што се измеѓу Валона и Саранда со многу убави плажи а не толкава гужва, сигурно на нив се мисли овде, зашто баш Валона и градот нема некој си плажи, тука е пристаништето и не е за плажа. На крај краева има задоволни и незадоволни и од двете места, ама одморот ти си го правиш, дали ќе ти биде интересен или не од тебе најмногу зависи...
 
Мирно место е , ако идеш да се одмориш супер ќе си поминеш и евтино е пред се. :)
За журки не се труди нити Валона нити Саранда.
Инаку до Саранда патот е малтретирање, така да ја секад Валона сум преферирал.
Можеш ли да ми објасниш дали има приватен смештај и дали ке најдам кога ке отидам таму? Колку се од ден цена и тн...
 
Саранда барем за мене е поубаво од Валона.За журки најубаво е да се сместиш Химара(YALA) или Дерми (тие се на патот помеѓу Валона и Саранда) тука знаат да вртат музика и наши дј-и , лани беше Васо од Pollux, Fecky Farris, Iceberg...(https://www.facebook.com/media/set/?set=a.100158493423871.33.100002891610223&type=3)
Саранда е местенце налик на грчкине, плажите не се нешто посебно денски журки имаш во African Beach се наоѓа малце на север додека поубавите хотели се наоѓаат малце јужно, имаш едно плажиче кое е доста солидно во близината на една река што се влева во морето(види фото:)).Навечер шемата им е во Mango beach Club само не очекувај премногу:)
Сместување ќе најдеш колку сакаш,дел од цените ги имаш на савана.Карактеристично е што немаат дефиниција за апартман него све им се води како хотел:).Храната е со цени како во Скопје
285143_2321352279045_1460353_n.jpg

184022_2321368719456_4619778_n.jpg

254693_2321360999263_3721901_n.jpg

281655_2321355799133_2044237_n.jpg

251550_2321369319471_5645372_n.jpg

185290_2321358919211_2053840_n.jpg

285449_2321350679005_5532317_n.jpg


Обавезна посета и на Бутринт
285591_2321361999288_166612_n.jpg


 
Ако си за одмор ќе се одмориш, забава не барај таму. Бенефит се цените и морето е добро, ама имаш плажи и плажичиња јужно накај саранда убави, во градот плажата е кенеф. Приватно има можеш да бараш на лице место сместување и зависно од домаќините можеш да се пазариш. Има многу хотелчиња јас бев во Делфин мислам беше, 30 Евра плаќав за 2 лица со доручек. По мој критериум доволно пристојна соба за цената(спална,клима,тв,бања,тераса)
 
Јас бев таму лани. Хотелот ни беше малку подалеку од градот, но имаш автобусот до градот. Автобусот не застанува само на автобуски станици, туку и секаде. Имаш и македонска храна ( во продавниците се продавва и мак. супи ). Во градот немаш нешто многу да видиш ( 2-3 споменика, неколку џамии). Прашај има и еден пазар, малку подалеку од градот ( каде што скоро и нема туристи) таму можеш да купиш сувенири. Мислам дека имаше и еден трговски центар. Ако не учиш албански, подобро научи некој збор италјански, зошто скоро половината чисто зборуваат италјански, а најголем дел од нив англиски не знаат ни да гукнат.
 
da angliski ic ne znaat ali italijanski perfektno,, ja bev vo valona pred 3 godini, prekrasnom ne vo centarot polazite nego podolu nakaj saranda patot sto odi, na plaza sedis na lezalki i naracuvas pienje, 50 den pepsi limenka i toa kako oblikuvana ne sum videl takbvo pepsi nikade, ice kafe isto taka bese 50 den limenka grc ladni, jadenje si kupuvavme od prodavnici, i sto e najvazno site raboti ima se MADE IN ITALY ( pijalokot, jadenjeto, -kaskavalot, pavlakite itn.)
 
Валона никaко, Саранда е must-visit место, изобилува со убавина и прекрасни плажи. Јас во 2009г. бев во Саранда и си поминав најубаво, бев сместен во стан карши African Beach Club од кој има видео погоре на темава, и си слушав музика 24/7. Плажата е предобра, има сплав, па можеш со пиво в раце да кулираш сред море, или да скокаш. Интересно за мене е што јас поради ова место, и поради Африканската плаажа почнав да слушам хаус музика и од тогаш наваму 75% музика што слушам е хаус.:)
 
Валона има убави плажи ама нешто подалеку од градот. Во Саранда на едно 10 километри има едно село (не ми текнува како се вика) каде што е многу убаво. Плажа со ситен песок, бистра вода и е многу евтино.
 
Пред една недела се вратив од Валона,цената на апартманот ме кошташе 18 евра.Има убави плажи малце се подалеку од Валона ,но ако си со кола можеш да ги видиш...
 
Валона има убави плажи ама нешто подалеку од градот. Во Саранда на едно 10 километри има едно село (не ми текнува како се вика) каде што е многу убаво. Плажа со ситен песок, бистра вода и е многу евтино.
Ксамил се вика местото и е новата Македонска `Лептокарија`. Врие наши луѓе.
Темата е за Валона ама пошто не видов друга, ај да напишам мое мислење тука.

Морето е фантастично(Јонското море е според мене бр.1), климата убава, плажичињата се мали со `увезен` бел песок и кога ќе се начичкаат луѓе станува како и секаде - валкано. Убаво е од спротива на островчињата, те возат за 2 евра повратно, ја нема `истоварената` бела песок и нема гужва. Цените се нешто поскапи од на копното. Се е тоа ок.
Рестораните и барчињата се со цени како кај нас, `влечат` накај Охридските. А има и цени на исто рамниште со Грција - на пр.во блиската Парга имам јадено иста риба(ципура) за некои добри 5-6 евра поефтина отколку во Ксамил. Морската храна е поевтина во споредба со Грција но малку сум сомничав околу нејзиниот квалитет и свежината апропо цената. Продавниците се слабо снабдени, има една поголема а и таа не е за `машала`.
Хигиената е на многу ниско ниво. Несреденоста која ги надминува и нашите најголеми, Македонски лудории е генерален проблем на Албанија, тоа ми е јасно, но не се напредувало многу.
Морето, кое е чисто и бистро, топло, за жал е константно ужасно загадувано што во иднина може да им претставува проблем ако продолжат со овој ритам браќата,

Албанија не е нискобуџетен а квалитетен туризам. И ова нискобуџетен е релативен поим. Не дека `малаките` се цвеќиња за мирисање, но на истото тоа Јонско прекрасно море има многу поубави места за не многу повеќе пари.

Еднаш ми беше доволно, друг пат благодарам, не.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom