Io Sono Interista
The original, one and only IoSono.
- Член од
- 21 декември 2007
- Мислења
- 28.624
- Поени од реакции
- 59.477
Les Miserables (2012)
Конечно! Прва добра снимка и морав да го гледам. Знам дека кај нас не планираат да го донесат во кино, па немаше причина да чекам уште. За тие што не знаат, станува збор за филмска верзија на истоимениот мјузикл направен според истоименото дело на феноменалниот Виктор Иго. За Клетници сме гледале многу филмови, но ова е прв пат да ја видиме целосната приказна во форма на мјузикл. Секако, мјузиклoт не привлекуваат многу внимание и многумина се скептични за овој филм. Но, мене лично многу позитивно ме изненади. Не сум навикнат да следам мјузикли, на почетокот ми беше чудно, но влегов во целосната приказна како за прв пат да се сретнувам со Клетници. Во секој момент знаеш што ќе се случи, но повторно остануваш изненаден. Забораваш на пеењето и почнуваш да слушаш говор како во секој друг филм.
Рецензија... Зар ќе седне некој да го гледа филмот ако предходно ништо не знае за делото на Иго? Искрено, ама ниту еден филм досега не се фокусираше на основната идеја која со себе ја носи делото, или пак доколку е направен во правилната насока, тогаш идејата е многу бледо претставена. Конкретно овој филм, иако ја следи целосната приказна, многу слабо ја претставува идејата на Иго. Можеби и идејата на режисерот не била да се занимава со тоа кое е значењето на баналната бркотница меѓу Жан Валжан и Жават... туку да се фокусира на љубовниот, татковскиот и револуционерниот елемент од делото. Не викам дека ништо од првото не е опфатено, но за човек кој прв пат се сретнува со Клетници уште во старт би звучело банално некој да е осуден на долга робија за украден леб и вечно да биде обележан како криминалец на кој треба да му се суди повторно и повторно. Не е важно, тоа беа само некои мои очекувања.Филмот во секој случај е феноменален бидејќи нема обид за извртување на приказната и додавање на екстра елементи. што е случај со повеќето филмови направени според некое дело.
Сега малку за улогите. Хју Џекмен како Жан Валжан, номиниран за Оскар за најдобар актер за 2012 година; Расел Кроу како Жавет; преубавата Ем Хатавеј како Фантина (бев цело време во заблуда дека она ја има улогата на Козета...) која е номинирана за Оскар за најдобра женска споредна улога (и се разбира дека ќе го освои Оскарот!); Аманда Сајфрид како Козета; Еди Редмејн како Мариус (можеле некој подобар да најдат, озбилно...); Саша Барон Коен и Хелена Бонам Картер како парот Тенардие (двајцата внесоа многу ведрина во фимот) и Саманта Баркс како Епонина (девојката има далеку подобар глас од Козета).
Филмот е номиниран за оскар во вкупно 8 категории меѓу кои: Оскар за најдобар филм и Оскар за најдобра музика.
Музиката е феноменална. Многу луѓе ќе се убедат себеси да го гледаат филмот токму поради I dreamed a dream...
Штотуку почнав да ги гледам овогодинешните филмови кои се номинирани за Оскар. Сега за сега, Клетници води во категорија за најдобар филм.
...
Сега баш го приметив мотото од постерот: Fight. Dream. Hope. Love. Во четири збора е опишана целата приказна за животот на Валжан и сите „клетници“.
Во кино да одам со палома или со пешкир?
Мислам дека избрза, во малку држави надвор од US игра овој период, мислам дека 99% ќе го донесат на крајот на овој месец.