Последен гледан филм со кратка рецензија

Член од
5 април 2012
Мислења
8.122
Поени од реакции
8.911
Zero Dark Thirty (2012)
http://www.imdb.com/title/tt1790885/



Од режисерот на оскаровецот The Hurt Locker доаѓа уште една воена драма овој пат посветена на потрагата и убиството на Бин Ладен. Колку што можев да видам филмот сеуште не е почнат со прикажување очигледно премиерата ја доживеа на АренаБГ :).

Се работи за драма која се одвива во текот на повеќе од 10 години и се фокусира на работата на CIA во потрагата по најбараниот терорист во светот. Во главна улога е жената која целата своја кариера ја посветила на Бин Ладен и која е најзалужна за неговото фаќање. Таа ќе преброди омаловажувања од нејзините колеги како и неколку обиди за убиство се со цел да ја следи до крај нејзината трага за курирот на Осама. Иако крајот на филмот не е неизвесен сепак дејствието не е воопшто досадно.

Одличен филм кој е малку долг точно 2 часа и 30 минути сепак мислам дека вреди да се погледне бидејќи сигурно ке биде во потесниот круг на кандидати за оскар. Од мене добива 9/10

П.С за оние кои ги интересира оваа тема пред 2-3 месеци излезе и одличен филм (не документарка) од National Geographic Channel со наслов
Seal Team Six: The Raid on Osama Bin Laden
 
Член од
16 август 2009
Мислења
2.212
Поени од реакции
1.711
Running Scared [2006]


Гангстерот Џои (Paul Walker) е задолжен да се ослободи од пиштолот со кој се убиени неколку полицајци при размена на дрога меѓу италијански мафијаши и Афро-Американци. Се тргнува наопаку кога оружјето е украдено од подрумот од неговата куќа, и неговиот живот ќе биде загрозен доколку не го пронајде пиштолот пред полицијата. Се трага по малиот Олег (Cameron Bright), чии постапки се повеќе ја замрсуваат и така зезнатата ситуација...

Филмот трае 2 саати, го изгледав во еден здив. Одлична крими/драма која потполно го залужува рејтингот на imdb - 7.4.
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.122
Поени од реакции
8.911
The Impossible (2012)
http://www.imdb.com/title/tt1649419/



Одлична, одлична драма. Колку што видов Најоми Ватс е номинирана за Златен Глобус токму за улогата во овој филм кој е базиран на вистинска приказна. На моменти е тежок за гледање но никого нема да остави рамнодушен, сигурен сум дека женскиот дел од публиката ќе пролее и по некоја солза.

Се работи за филм во кој се опишуваат напорите на едно 5 члено семејство (мислам дека се од Британија) да преживее и да се пронајде во хаосот кој го предизвика најголемата природна катастрофа во модерната историја на човештвото божикното цунами. Дејствието се одвива во Тајланд.

Не би сакам да откривам ништо од настаните кои се случуваат само да ви го препорачам да го погледнете ова според мене ремек дело. Од мене оцена 9/10
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Going Postal (2010)



Дводелен телевизиски филм, екранизација на истоимениот роман на Тери Прачет, кој го немам читано. Во една реченица: судир на две страни низ призмата на борбата за првенство меѓу поштата и една нова технологија за брзо праќање вести, кој се одигрува во измислениот свет на аворот. Јака прикаска, а?
Подобро е отколку што изгледа, но не знам колку ќе им се допадне на оние кои не читале нешто од сер Прачет. Се работи за сосем просечен филм. Има нешто малку хумор, интересна атмосфера, каква-таква актерска екипа, меѓу која се и попознатите и не толку лоши Тивин Ланистер и Херкул Поаро. Како бонус ја имате и сосем малата улога на авторот, кој како глумец е подобар од Стивен Кинг, кој исто така има склоности да се појавува во екранизации на свои дела.
Можело и подобро да се реализира сето ова. Но што е тука, тука е. Сепак е филм наменет за телевизија.
На imdb има 7.7. Јас не сум толку импресиониран, па ќе му залепам шестка.
 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.589
Поени од реакции
6.945
- Five year engagement


- Колку жртви треба да одат, за конечно да се развеселат двете семејства :icon_lol: ?! Том и Вајолет се идеален пар, се дополнуваат и потпираат во се', но никако да дојдат до судбоносното ДА ! Бракот трпеше на сметка на преселувањето, на сметка на кариерите, на сметка на неискреноста. Сепак разделениот круг од молњата, за кој зборуваше Платон, конечно си ги пронајде двата дела ..

Маршал си е Маршал бре и тука е иста фаца, како да гледав некое интро Бифор Лили од ХИМИМ :icon_mrgr:. Убаво најдени се и двајцата, а и глумата на завидно ново од призма на таа безусловна и искрена љубов, без оглед на се'. Бори се за тоа што ти значи и вистински го сакаш, бидејќи таа/тој нема да те чека додека пак се предомислиш, туку лесно ќе запознае некоја Х фаца со која и на крај ќе заврши.

А Емили Блант колку е мила, уффф. Прв пат ја видов во Devil wears Prada и во него беше ептен без веза. Вчера кога ја гледав, ми делуваше за 10 години подмладена. Убава насмевка, слатка фаца, па и бритиш акцентот мх мх мх .. :love:
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Farewell Friend (1968) Alain Delon, Charles Bronson.


Акција трилер филмче со Чарлс Бронсон и Ален Делон. Првиот е војник прашинар, коцкар, курвар и пијаница, а вториот е офицер доктор со лоша животна одлука која ја носи со себе. Двајцата припаѓаат на легијата на странците. По сплет на околности се наоѓаат во многу лоша ситуација....
Добар трилер со добра поучна приказна.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.618
Поени од реакции
18.089
Малце се разочарав од новиов Џанго, јас чекав на "Џанго пуца први, биче суза и крви" :) и да видам некој нов Франко Неро, па макар и римејк да е филмов, а и немав поим дека и Џејми Фокс глумел овде. Но, тоа е што е, ок е ваљда, иако е предолг и не е тоа што очекував во однос на приказната, тензичните моменти и акцијата (далеку од тоа дека ја нема, сепак Тарантино е режисер). Не знам накај што влече филмов повеќе: шпагети вестерн или филм за експлоатација на црнците, тоа е тоа што не ми го направи ќеифот. Веројатно кога се спомнува Џанго имам нешто сосема трето во глава, можда и до мене е. :) Вечер ги симнувам и двата од шеесет и некоја. :) А да, Кристоф Валц пак беше најсветла точка во филмов, па гледајте го само ради него. :)

p.s. ќе биде грев да не ги пофалам и Семјуел Л. Џексон и Ди Каприо, не беа ништо помалку од Валц, неверојатна изведба од страна на двајцата.:)
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.505
Поени од реакции
33.665
Seven Psychopats (2012)



За да не бев уште со преголеми импресии, се логнав на имдб да му турам десетка чисто да држи висока оцена, со цел дека овде ќе сум со троа поладна глава. Нејсе, одличен склоп на крими комедија, всушност појма немав, мислев крими филм со некои си познати фаци. Толку. Кога се најдов смеејќи се, морав да проверам жанр, пошо не ми се веруваше филмот да е that good. Kaко што реков совршен склоп на крими комедија, немало ваков од ерата на Гај Ричи, сепак британски, а овој пак амерички..

Почнува сериозно, и до сам крај е непредвидлив или воопшто не се трудите од тој аспект дека филмот е прилично забавен, и едноставно сте.. во моментот, го следите без background процеси, трудејќи се да го предвидите пошо сте нели that smart. Не дека не интригира, одлична приказна, фантастично смешен и скоро совршена глума. Не дека не беа одлични Farrell или Christopher Walken.. али (as Janice) OH MY GOD Sam Rockwell. Го краде цело светло. Неверојатна глума проследена со разработени дијалози и со правата содржина на комедија. Јас уживав, и голема препорака. (намерно изоставив приказна, али еве писател пишува скрипта за филм, за психопати, there)

8.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Решив пред некое време да си направам серијал гледање на сите филмови на Нолан. И така серијалот продолжи во гледање на сите филмови во кој глуми Кристијан Бејл. Покрај ептен позитивни впечатоци од повеќето филмови ќе издвојам еден, но по негативното.

Rescue Dawn

Јас стварно не знам зошто овој филм е толку добро прифатен од критичарите и генарално има добри оцени. Јас подосаден филм не памтан да сум гледал. Можеби оти не сум љубител на амерички патетични филмови за нивни херои, ама ова беше ептен тапа. Не паметан да сум го гледал Бејл во така досаден лик, никакви дијалози, досадна и предивдлива приказна, монотон филм се на се. Добро, го гледав „Машинистот“ неколку саати пред овој, филм со уште помалку ликови од овој но сепак ми остави далеку подобар впечаток.

Уште една потврда дека патриотско-холивудски бози не се за мене. Затоа ич не ни планирам да гледам филмови со слична тематика.
 

Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.478
Хобитот. Се најде народна верзија со многу добар квалитет како не би арчел пари за кино карта.

Она што е добро средено - сетот. Куќарките, природата, пејсажите; музиката; сцената со Голум.

Она што е лошо средено - должината на приказната. Да беше филмот поделен на два дела, како што беше првобитно планирано, филмот ќе добиеше повеќе на динамика. Филмот е непотребно напумпан за да ја исполнува временската рамка од 3 саати. Кога заврши изгубив секаква желба да барам декември да дојде што поскоро.
 
Член од
30 март 2010
Мислења
88
Поени од реакции
212


Добар, добар. Интересна приказна, Статам :love: одлично се снаоѓа во акциониве филмови.
Се работи за девојче што има ептен добра меморија, памти броеви ненормално добро, па ќе биде искористена од страна на Кинезите да запамти еден многу битен број, ќе биде бркана од Русите и полицајците за истиот, и случајно при бегството ќе му се најде на патот на Лук Рајт (Статам) кој е омразен меѓу истиве, и ќе посака да ја спаси.
Не трае долго, што е голем плус, и иако Статам како глумец немал некои тешки и комплицирани улоги, туку сите му се да одглуми едно јако фраерчиште, hard core момак што ги тепа сите, филмов прилично го задржува вниманието на љубителите на акциони филмови.
9.
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Les Miserables (2012)

Конечно! Прва добра снимка и морав да го гледам. Знам дека кај нас не планираат да го донесат во кино, па немаше причина да чекам уште. За тие што не знаат, станува збор за филмска верзија на истоимениот мјузикл направен според истоименото дело на феноменалниот Виктор Иго. За Клетници сме гледале многу филмови, но ова е прв пат да ја видиме целосната приказна во форма на мјузикл. Секако, мјузиклoт не привлекуваат многу внимание и многумина се скептични за овој филм. Но, мене лично многу позитивно ме изненади. Не сум навикнат да следам мјузикли, на почетокот ми беше чудно, но влегов во целосната приказна како за прв пат да се сретнувам со Клетници. Во секој момент знаеш што ќе се случи, но повторно остануваш изненаден. Забораваш на пеењето и почнуваш да слушаш говор како во секој друг филм.
Рецензија... Зар ќе седне некој да го гледа филмот ако предходно ништо не знае за делото на Иго? Искрено, ама ниту еден филм досега не се фокусираше на основната идеја која со себе ја носи делото, или пак доколку е направен во правилната насока, тогаш идејата е многу бледо претставена. Конкретно овој филм, иако ја следи целосната приказна, многу слабо ја претставува идејата на Иго. Можеби и идејата на режисерот не била да се занимава со тоа кое е значењето на баналната бркотница меѓу Жан Валжан и Жават... туку да се фокусира на љубовниот, татковскиот и револуционерниот елемент од делото. Не викам дека ништо од првото не е опфатено, но за човек кој прв пат се сретнува со Клетници уште во старт би звучело банално некој да е осуден на долга робија за украден леб и вечно да биде обележан како криминалец на кој треба да му се суди повторно и повторно. Не е важно, тоа беа само некои мои очекувања.Филмот во секој случај е феноменален бидејќи нема обид за извртување на приказната и додавање на екстра елементи. што е случај со повеќето филмови направени според некое дело.
Сега малку за улогите. Хју Џекмен како Жан Валжан, номиниран за Оскар за најдобар актер за 2012 година; Расел Кроу како Жавет; преубавата Ем Хатавеј како Фантина (бев цело време во заблуда дека она ја има улогата на Козета...) која е номинирана за Оскар за најдобра женска споредна улога (и се разбира дека ќе го освои Оскарот!); Аманда Сајфрид како Козета; Еди Редмејн како Мариус (можеле некој подобар да најдат, озбилно...); Саша Барон Коен и Хелена Бонам Картер како парот Тенардие (двајцата внесоа многу ведрина во фимот) и Саманта Баркс како Епонина (девојката има далеку подобар глас од Козета).
Филмот е номиниран за оскар во вкупно 8 категории меѓу кои: Оскар за најдобар филм и Оскар за најдобра музика.
Музиката е феноменална. Многу луѓе ќе се убедат себеси да го гледаат филмот токму поради I dreamed a dream...


Штотуку почнав да ги гледам овогодинешните филмови кои се номинирани за Оскар. Сега за сега, Клетници води во категорија за најдобар филм. (y)
...
Сега баш го приметив мотото од постерот: Fight. Dream. Hope. Love. Во четири збора е опишана целата приказна за животот на Валжан и сите „клетници“.
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.122
Поени од реакции
8.911
Lincoln (2012)
http://www.imdb.com/title/tt0443272/



Иако ги немам погледнато сите филмови од номинираните за Оскар можам да кажам дека ова е веројатно првиот фаворит за наградите во најбитните конкуренции. Со оглед на режисерот (иако ова за мене не е најдобриот филм на Спилберг), а и на маестралната глума речиси сум сигурен дека Даниел Лиус ке ја добие наградата за најдобра машка главна улога.

Се работи за биографска драма која не е премногу интересна за гледање, сепак тоа не го менува фактот дека филмот е одличен. Во филмот се опишуваат последните месеци од животот на американскиот претседател и неговата политичка но сепак може да се каже и битка на животот за донесување на закон кој ке стави крај на поседувањето робови во америка. Тој се обидува да жонглира помеѓу 2 спротивни ситуации а тоа се неговиот закон против робство и заложбите да се стави крај на граганската војна.

Од мене добива 8/10
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Anna Karenina (2012)


13-та филмска адаптација на истоименото дело од Лав Николаевич Толстој. Ја немам читано книгата, срам да ми е. Ама со приказната бев колку-толку запознаен. Станува збор за една љубовна приказна од Руската Империја која со себе повлекува многу морални прашања поврзани со бракот, слободата на жената да сака и сама да го избере својот животен партнер итн итн. Филмот е замислен како театарска драма и тоа можеби го прави посебен. На еден начин, поголемиот дел од дејството се одвива во театар со постојано адаптирање на сценографијата за да одговара на соодветните ситуации.
Филмот е номиниран за 4 Оскари но мислам дека освен Оскар за најдобра оригинална музика и можеби Костимографија (сепак мислам дека овој Оскар ќе го добие Клетници) нема да постигне ништо.
Според мене 7.5/10.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.807
Поени од реакции
33.631
Lincoln - Steven Spielberg [2012]
Толку недопадлив филм зад кој се крева толкава прашина не сум гледал од времето на No Country For Old Man. За жал, најверојатно и овој ќе го снајде истата судбина - ќе добие оскар за најдобар филм (иако посакувам да не сум во право). Морам да ја пофалам сценографијата, костимографијата, шминката и глумата на Daniel Day-Lewis (кој најмногу од се останато го заслужува оскарот). Но приказната... ах, приказната... како може ова некој неамериканец да го сака??? Едвај стигнав до крајот, искинав нерви. Толку од мене! Не заслужува ни збор повеќе!!!

Оценка: 4 од 10 (само заради техничките аспекти, комплетно апстрахирано од приказната, кои филмот го прават совршен, би дал и повисока оценка. Но бидејќи дејството (и приказната сама по себе) не можат да се заобиколат, барем според мојот point of view, доволна е четворката!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom