Лепа Брена - Борис Трајковски 16.04.2011

  • Креатор на темата Креатор на темата simoncence
  • Време на започнување Време на започнување
Не велам не, ама некои работи не можам да ги простам. Кога доаѓаа звезде Гранда, салата Младост во битола, потона, колку што извадија од двојно продавање на влезници толку дадоа за реновирање, бидејќи салата потона, пропадна паркетот за пола метро, од посетеност. А поседниот концерт на Тоше Проевски не наполни ни четврт трибина. За Лепа Брена нема проблем, давај, нека има два три термини.... Убава е и се соблекува и на 50 години, давај македонски народе.
 
Абе нели Карлина ќе има концерт на 16 Април во Борис ?

Дај боже никој да не и се појави,до кога ќе не гушат србиве со нивната одвратна музика бе до кога ?!?

До кога ќе има овци за стрижење кај нас, до тогаш. Не се они криви ние сме. Прошетај низ центар петок сабота од највише кафичи т фолк трешти и најмногу народ има таму, па после дрбите ни биле криви.
 
По колко ште да е пропуск
 
Ајде, уште оваа фалеше... Зш бе сите сељаци собираат пари кај нас???
 
Јако ке биди....ќе одам,свака част за оганизаторите.
 
Само едно не ми е јасно. Зошто потрошени и веќе видени лица кои никаде не можат да успеат го лажат Македонскиот и Балканскиот народ и им ги земаат парите. Не ми е јасно зошто некој со потрошена кариера се уште организира концерти и им ги бери парите на простиот народ. Дали немате чуство на вина. Како може бе Лепа Брена која е бе таа Лепа Брена, првата паваљка која покажа нога и деколте и ништо повеќе. Ама ајде помина тој период тогаш беше чудно сето тоа, меѓутоа се уште да го лажи народот. Ама кога ќе размислам подобро па и самите сме криви што одиме на вакви кичерајски концерти. Квази музичарите само профитираат на нашата глупавот ништо повеќе.
 
Само едно ќе кажам има и луѓе што сакаат да идат и да се потсетат на некои стари времиња..Ние младите секако дека не ни е интересно нешто вакво..
 
Оваа сеа за да и парира на Цеца ќе направи тро-дневна екскурзија у Македонија, и кој е верен фан ќе „кампува“ во Борис, на столчињата.
 
КОНЦЕРТ ПО 15 ГОДИНИ

Лепа Брена во Скопје во април

Најголемата балканска фолк ѕвезда Лепа Брена ќе одржи концерт во Скопје, во салата "Борис Трајковски", на 16 април. Гостувањето на Брена ни го потврдија одговорните од спортскиот центар, кои ни рекоа дека термин за нејзин концерт е закажан, а го организира "Еурогруп".
Брена во Скопје доаѓа по пауза од 15 години. На крајот на деведесетите таа одржа концерт на тогашниот Градски стадион. Во интервјуто за "Вест" кое излезе преклани во јули, фолк кралицата изјави дека и Скопје е неизбежен дел од нејзината повратничка турнеја. По осум годишната музичка пауза Брена во 2009 годинја го издаде 17-тиот албум "Влези слободно" (Уѓи слободно), и одржа концерт низ цела поранешна Југославија и во дијаспората. Во најава е и нејзина автобиографска книга и документарен филм.
" Кога ќе помислам на Скопје, помислувам на мирисот на липата. Мислам дека липата не мириса никаде така како што мириса во Скопје. Тоа е мојата асоцијација на градот во кој сум пеела многу пати. Однапред и се радувам на средбата со македонската публика, која ме следи и ме сака сите овие години, а имам информација дека мојот последен албум "Влези слободно" (Уѓи слободно) поминал многу забележително", изјави Брена во интервјуто за "Вест".

Преводов :pos:
И овој концерт ќе биде еден од оние на кој "никој не иде",а Борис пун ќе биде....
 
Преводов :pos:
И овој концерт ќе биде еден од оние на кој "никој не иде",а Борис пун ќе биде....

Тука лежи зајакот бе....никој не иде, ама Борис ќе крца нема да има место игла да фрлиш.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom