Ленено семе

  • Креатор на темата Креатор на темата city
  • Време на започнување Време на започнување

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
277
Возраст
38
ЛЕНЕНО СЕМЕ
Лененото семе е еден од најбогатите извори на масни киселини кои ја разредуваат крвта и го намалуваат ризикот од формирање на тромбови.
Во народната медицина се користи како лек против воспаление на слузокожата на устата, желудникот и цревата. За проблеми со варењето треба да земата по две лажици дневно.
Употреба: Лененото семе треба да го употребувате сомелено бидејќи на тој начин можете да ги искористите неговите лековити својства. Можете да го додадете во салати, житни снегулки, мусли, колачи, леб или пецива.
НУТРИТИВНИ ВРЕДНОСТИ
Пресметките се однесуваат на 10g


*Дневни потреби %
Енергетска Вpeдност
59кcal
Енергетска Вредност од масти
36,9кcal
Масти
4,1g
6,3%
Заситени масти
0g
"Транс" масти
0g
Холестерол
0g
Натриум
4mg
0,1%
Вкупни јаглехидрати
4g
1,3%
Диетални влакна
3g
12%
Шеќери
0g
Протеини
2g
*Дневните потреби се базирани на 2000 калории на ден. Вашата дневна вредност може да биде поголема или помала во зависност од Вашите дневни потреби.

ЛЕН

По својата содржина на слуз, ленот се приближува до шумскиот слез. Тој е вистинска ризница на добро здравје бидејќи содржи големи количини на витамин Ф. Маслото од лен дава одлични резултати во лечењето на сува кожа (го намалува нејзиното прерано стареење), одлично средство против опстипацијата и ги намалува воспаленијата на органите за дишење, варење и органите за мокрење.

Лененото семе е добар лаксатив, се користи како додаток во разни пецива, житарици, салати, житни снегулки, како и за подготвување на чај.

ЛЕНОТ ВО НАУЧНАТА И НАРОДНАТА МЕДИЦИНА

ЧАЈ ОД ЛЕНЕНО СЕМЕ


За подготвување на овој чај потребни Ви се 2 супени лажици малку издробено ленено семе и една шолја вода. Заедно се вари околу 10 минути. Вака подготвениот чај се пие непроцеден.

Овој чај помага при астма, кашлање, артритис, реума, крварење на матката или претерано менструално крварење, запек (опстипација). Дејствува релаксирачки кај родилките со што го олеснува породувањето.



______________________________________________
Конзумирал некој?

Има искуство?
 
....да....го конзумирам лененото семе....како додаток на салати....тестенини....или како чај при кашлица.....

....бидејќи е лаксатив треба да се внимава бидејќи поголема количина може да предизвика несакани последици....

...лененото масло колку е здраво толку е и опасно.....лесно оксидира доколку не се чува правилно...и станува канцерогено
 
Јас од неодамна почнав да го конзумирам лененото семе. Сеуште сум во истражување на здравите начини на исхрана и исфрлање на старите навики, лененото семе е само првиот чекор кон тоа.
 
Го конзумирам со овесни снегулки, ама гаден вкус ми има, на сила го јадам. Ваљда тоа му е една од негативните страни, гаден горчлив вкус.
 
....да....го конзумирам лененото семе....како додаток на салати....тестенини....или како чај при кашлица.....

....бидејќи е лаксатив треба да се внимава бидејќи поголема количина може да предизвика несакани последици....

...лененото масло колку е здраво толку е и опасно.....лесно оксидира доколку не се чува правилно...и станува канцерогено

ај нешто повеќе за чувањето ако знаеш, јас го конзумирам и тоа секојдневно по 1 лажица во овесните снегулки наутро.
 
Го конзумирам со овесни снегулки, ама гаден вкус ми има, на сила го јадам. Ваљда тоа му е една од негативните страни, гаден горчлив вкус.

Вајда не го јадеш тоа од кам маркет што е мелено ленено семе, еднаш земав и веќе никогаш, има мирис (веројатно и вкусот му е ист) како кит за прозорци.
Немеленото нема некаков јак вкус.
Иначе го јадам и јас со овес претежно, некогаш го додавам во блендер со останати работи. Лажица до 2 големи, таму мислам дека е препорачлива доза до една голема лажица дневно, не сум сигурен.
 
Ако го сомелете лененото семе ситно и го оставите така на отворено неколку дена масните киселини се распаѓаат, т.е. доживуваат оксидативен „стрес“ и се смета дека тие продукти се можеби токсични за човекото тело.

Затоа секогаш кога користите ленено семе, сомелете го пред употреба, така му олеснувате на организмот да ги апсорбира масните киселини и гликозидите. Така сомелено искористете го веднаш не го чувајте за утре и нема да имате никаков проблем.
 
Лененото сема го користам мелено,измешано во чаша јогурт и сусам и тоа мелено...
 
Вајда не го јадеш тоа од кам маркет што е мелено ленено семе, еднаш земав и веќе никогаш, има мирис (веројатно и вкусот му е ист) како кит за прозорци.
Немеленото нема некаков јак вкус.
Иначе го јадам и јас со овес претежно, некогаш го додавам во блендер со останати работи. Лажица до 2 големи, таму мислам дека е препорачлива доза до една голема лажица дневно, не сум сигурен.
Од Виталиа го зимам.
 
Ако го сомелете лененото семе ситно и го оставите така на отворено неколку дена масните киселини се распаѓаат, т.е. доживуваат оксидативен „стрес“ и се смета дека тие продукти се можеби токсични за човекото тело.

Затоа секогаш кога користите ленено семе, сомелете го пред употреба, така му олеснувате на организмот да ги апсорбира масните киселини и гликозидите. Така сомелено искористете го веднаш не го чувајте за утре и нема да имате никаков проблем.


Важи ли истото ако е сместено во тегличе?

Јас правам микс од мелено ленено семе заедно со мелени ореви и бадеми и семки од тиква и го ставам у јогурт или мусли.
 
Ме интересира со каква рачна мелачка го мелете лененовото семе.
Или може и со електрична (брзовртежна).
 
Важи ли истото ако е сместено во тегличе?

Јас правам микс од мелено ленено семе заедно со мелени ореви и бадеми и семки од тиква и го ставам у јогурт или мусли.


Се осеќа по вкусот ако настанало ужегнување, ќе осетиш сигурно.
Чување на затворено, тегличе или било што, е во ред, во тегла и се пакувањата на мелено ленено семе што се продаваат. Но побрзо се расипува во овие пакувања веројатно бидејќи е мелено и доколку ви стои така дома со недели, како на мене. :)
Од друга страна ни пакувањето со цели зрна не е погодно зошто е ќесичка, што потоа пак пропушта воздух по отварањето.
Добро е да се чува во фрижидер затоа што топлината (топлина, воздух, светлина) може да влијае на ужегнувањето.
Исто така, не-од-денес-за-утре ко што рече Грегор, него дури и за пократко време (од сабајле до вечер или помалку) може да му е потребно, зависи од факторите што ги пишав, така да најдобро е да се јаде 20 мин после ставањето во вода/млеко.
Ако осетиш лош вкус, фрлај го.
 
Ме интересира со каква рачна мелачка го мелете лененовото семе.
Или може и со електрична (брзовртежна).

В маџик булет чиче. Сол го праи. После со јогурт мешаш и пиеш.
 
Го јадам со житарици и млеко..... одлично е :)
 
Од Виталиа го зимам.

истото го имаш во зегин поефтино ;)
Ако го сомелете лененото семе ситно и го оставите така на отворено неколку дена масните киселини се распаѓаат, т.е. доживуваат оксидативен „стрес“ и се смета дека тие продукти се можеби токсични за човекото тело.

Затоа секогаш кога користите ленено семе, сомелете го пред употреба, така му олеснувате на организмот да ги апсорбира масните киселини и гликозидите. Така сомелено искористете го веднаш не го чувајте за утре и нема да имате никаков проблем.

јас го користам цело вака како што е (купувам строго немелено) но го оставам околу пола час да отстои заедно со овесните во (јогурт, млеко, вода) и да омекни па после тоа го јадам. Е сега меџик булет немам, друго машинче за мелење немам при рака така да се надевам дека телото ќе се снајде и вака :)
инаку откако ќе го отворам го чувам понатаму во стаклено тегле од сенф, до 6 дена макс имам од едно паковање.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom