Леј не ме ду*и да ти и'ам

  • Креатор на темата Креатор на темата whatto
  • Време на започнување Време на започнување
Пато масовно?

Не знам како се вика, од него само поново е она видеоно со тој еден дечко што збори нешто за брзи брзини од нешто побрзоа за Штип нешто, што ти знам. Ептен нови клипови се тие.
 
Не ми работи сензорот вечерва, се надевам дека сте иронични со постовите дека малиов е цар. :eek:

Малиов е пример дека ќутек у маало е божји дар. Да не зборам за домашното воспитување. И дека разгалени детишта се модерна напаст на општеството.

inb4, не сум либерал, не ја поддржувам акцијава појадок на мост, слушам метал, Продиџи и турбофлк, насилник со тапија.
 
Зошто ќотек?Ако веќе организираш појадок на мост,организирај како што треба..Избркај тројца од тие што земаат плата без потреба,и не работат апсолутно ништо,купи 20 кила кашкавал од скапиот и направи како што треба..Тоа народот што отишол таму е за греота,отишол барем еден оброк да направи настрана,за дома да му остане повеќе,па уште и му става растителен кашкавал,гарант со при крај рок на траење..И после на сите вести во оваа Наша Република ќе ги прават светци,еве ние му помагаме на народот..Нема грешка..
 
Не сме иронични @ElNinho, кога ќе видиш дете што не е копи/пасте појава и не повторува по сите како да е програмиран, треба да препознаеш карактер. На малиот му е преку Тасе што го свлечкале од сабајле да јаде гратис евтина храна и си кажува како што мисли, многу искрено, за разлика од повеќето луѓе кои се обидуваат да бидат политички коректни пред камера или на форум.

Еве уште еден талент од Србија:

Ко некој да му ставил нож на грклан и му рекол "пред мене, да јадеме на мост или твојот врат ќе се најде во месара!".
Исушен цемент :facepalm: Исушен му е него умот. Ќе го прашав дали има вкус на исушен цемент ако неговите дома живееа од социјална помош!
 
Не сме иронични @ElNinho, кога ќе видиш дете што не е копи/пасте појава и не повторува по сите како да е програмиран, треба да препознаеш карактер. На малиот му е преку Тасе што го свлечкале од сабајле да јаде гратис евтина храна и си кажува како што мисли, многу искрено, за разлика од повеќето луѓе кои се обидуваат да бидат политички коректни пред камера или на форум.

Еве уште еден талент од Србија:

Јас препознавам лигав тип, кој не го цени лебот. Дебилноста на манифестацијата воопшто не ја земам во предвид. Точно, преку тасе му е што го довлечкале да јаде растителен кашкавал, рано насабајле бидејќи е научен да јаде полнето пилешко со парите од неговите. Никаде не ги ни оправдувам тие што се „политички коректни“ и кои лижат газ на рандом манифестацијата. Едноставно, дечково е пример за многу размазени дечишта кои живеат под стаклено ѕвоно од родителите, притоа не го почитуваат нив, а сепак остануваат мекуши.
 
Јас препознавам лигав тип, кој не го цени лебот.
Дете е, не можеш да го цениш лебот додека не почнеш да го заработуваш. А ова што го јаде е гратис, така да...
 
Дете е, не можеш да го цениш лебот додека не почнеш да го заработуваш. А ова што го јаде е гратис, така да...

Што знам. Мене не ми личи на дете, 17 сигурно има. А тоа не е дете, дете е тоа шо го постираше во клипот погоре. Океј, не можеш да го цениш на ист начин отакко ќе почнеш да го заработуваш, ама сигурно ќе можеш да го цениш оној кој ти е поклонет на маса, макар и со растителен кашкавал. Не е и он крив, родителите и општеството со измешани вредности се.
 
Вие што серете за растителен кашкавал,100% дома јадете таков,или да ви дадат нема да препознаете дали е растителен или не.

Акцијава е дебилна,пошто на нашиов народ не вреди ништо гага да му дадеш,пошто прво ќе го изеде,после ќе ти плукне у фаца.И тие што отишле таму се 90% од лакомост,а не од тоа дека се греота и сиромашни.

А мангупов не знам кај мисли дека отишол,во Пелистер или Тренд,па очекувал ордевери,цезар салати и телешки бифтеци ?
 
Што знам. Мене не ми личи на дете, 17 сигурно има. А тоа не е дете, дете е тоа шо го постираше во клипот погоре. Океј, не можеш да го цениш на ист начин отакко ќе почнеш да го заработуваш, ама сигурно ќе можеш да го цениш оној кој ти е поклонет на маса, макар и со растителен кашкавал. Не е и он крив, родителите и општеството со измешани вредности се.
- 17 е дете за мене, ќе видиш на што мислам еден ден.
- Не можеш да цениш нешто што ти е дадено гага. Мора да се испотиш прво.
- Нема ова врска со родители и воспитување, не кажа ништо некултурно детето само си кажа како се осеќа во врска со сендвичот.
- Кога бев на негова возраст немаше такво срање како растителен кашкавал, не знаевме што е тоа. Така да тешко ми е да му судам на некој што бил разбуден сабајлечки, и наместо да си јаде ко човек од фрижидер и да се врати во кревет да мастурбира на Ким Кардашијан, бил свлечкан до центар за да јаде нешто што едвај може да се категоризира како храна за луѓе.

Во секој случај, респект од мене затоа што е искрен и спонтан. Манифестацијата е башка муабет.
 
Тек леќа да му сервирале, кај ќе му беше крајот.

А Коце по една народна кујна да направеше во секоја општина немаше да биде лошо.
 
Тек леќа да му сервирале, кај ќе му беше крајот.

А Коце по една народна кујна да направеше во секоја општина немаше да биде лошо.

и секој петок, сабота и недела тазе печени цигли како специјалитет за ваквите ко детево, а за пензионерите бајати, од пред недела дена.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom