Легализирање на марихуаната?

  • Креатор на темата Креатор на темата Штрудла!
  • Време на започнување Време на започнување

Да се легализира Марихуаната во РМ ?


  • Вкупно гласачи
    435
Јас сум цела дрога да се легализира, затоа што нема разлика помеѓу милка чоколада и доза хероин. Да милката е зависна, малку е потешко да се поверува ама тоа е, а исто и гледањето на телевизија е завист.

DafuqDidIJustRead.jpg


Ќути среќа цело време слушаме по вести и читаме по медиуми како луѓе умираат од предозирање со милка чоколади па теоријава ти е на место :icon_lol:
 
Да се легализира не!
ЗАБРАНЕТОТО Е ПОСЛАТКО

***
:vozbud:
 
Ајде кажи ги последиците, јас кажав од кој аспект ќе биде подобро, кажи ти од кој аспект ќе биде полошо?
Од такви работи можеш само здравјето да си го заебеш, ништо друго, немаш добивка.
Ете ти последица, поважно од здравјето имаш ?
 
И јас сум за да се легализира.
Само.. темава ќе биде избришана. И јас еднаш отворив ваква тема, и за рок од 10-тина секунди беше избришана. (n)
 
Нас цигари не не остава да пушиме, мариКуана че не оставале. Шо ве глем чудни...
 
Од такви работи можеш само здравјето да си го заебеш, ништо друго, немаш добивка.
Ете ти последица, поважно од здравјето имаш ?
Ти имаш? Го заштитуваш со тоа што не пиеш алкохол или пушиш цигари?
 
Ти имаш? Го заштитуваш со тоа што не пиеш алкохол или пушиш цигари?
Немам цигара запалено во мојот живот. ( 18 години ) Цигара немам пробано, а од алкохол само пиво.
Тоа ти е ако сакаш да водиш здрав спортски живот.
 
DafuqDidIJustRead.jpg


Ќути среќа цело време слушаме по вести и читаме по медиуми како луѓе умираат од предозирање со милка чоколади па теоријава ти е на место :icon_lol:
Па знаеш како викаат од еднаш не се станувало зависник, пробај да јадеш секоја ден по едно милка насабајле, мислам ако имаш буџет да си дозволиш, па да видиш после месец дена како ќе бидеш зависник, ако не пробаш ќе бидеш депресивен и нервозен.
Исто е и со дрогата, мада не треба да пробуваш, треба да прочиташ.
А плус животниот век на еден зависник се движи од 5 (ако води доста бурен живот и константно фиксање) до 10 или преку сила 15 години, па така пробај ти милка да јадеш секој ден 10 години па ќе видиш што може да ти се случи, можеби ќе бидеш првиот што ќе го објават во медиумите.
 
Немам цигара запалено во мојот живот. ( 18 години ) Цигара немам пробано, а од алкохол само пиво.
Тоа ти е ако сакаш да водиш здрав спортски живот.
е то е убавината на цигарите,шо не мора да си пушач за да ги осетиш последиците.Доволно е да стоиш до некој шо пуши. Чадот на марихуаната од друга страна не содржи никотин и катран па не доведува до асма или посериозни болести
 
Луѓето кои пушат марихуана се со поголем ризик од развој на психотична болест како шизофренија - многу порано од отколку оние кои не пушат.
attachment.php

Оние кои користеле марихуана ја развиле болеста три години порано за разлика од оние кои не користеле психоактивни супстанци.

Алкохолот немал никаква улога во развојот на овие болести.

Несомнено е јасно дека марихуаната е една од главните причини за развој на шизофренијата, а воедно и таа е одговорна за раниот почеток на болеста. Колку е помлада личноста што пуши марихуана, толку поголем е ризикот од предвремен развој на шизофренијата.

Па сега размислете.
 
Јас сум да не се легаризира пошто последиците може да бидат фатални, на пример на телевизија кажуваа дека некој дечко кој пушел многу марихуана секој втор ден почнал да се разболува од бронхитис и морал послем тоа да се лечи во болница
 
Имам другар што тренира со мене, не крие пуши марихуана, едноставно не е истиот, детето отупе, стана поглупаво, почна да се губи, неможе да размислува како порано, пред да почне со тоа и што е најтрагично неможе една утакмица цела да изигра.
 
Од такви работи можеш само здравјето да си го заебеш, ништо друго, немаш добивка.
Ете ти последица, поважно од здравјето имаш ?
Па и сега кој те тера да се дрогираш? Никој. Те тера некој секое сабајле аналгин или аспирин против превенција да пиеш, никој не те тера, така ќе биде и со ова.
Позитивните работи ќе бидат кај зависниците, бидејќи ќе им се отвори можност за "стабилен" фикс, а со тоа ќе се скротат нивните животински нагони кога се во криза и гестот ќе биде хуман за нив, а не како сега да се крие ѓубрето позади врата, бидејќи некој многу заработува од тоа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom