Лефкада

  • Креатор на темата Креатор на темата Олимпија
  • Време на започнување Време на започнување
Да ми препорачате хотелче за Агиос Никитас, планирам да одам на 21ви овој месец.
Дали ќе биде попаметно на лице место да барам смештај (за 2ца) или преку букинг/агенции и која цена би била, дали се наоѓа за 40/50 евра студио за 2ца?
 
Мојот впечаток беше дека во Лефкада има премалку смештај во однос на посетеност.
Едни пријатели бараа во Август и платија 60 евра од ден за двајца на Катизма, гледам од 2014 и нашиве агенции нудат на Катизма. Мислам дека веќе од 20-ти Август ќе стане густо на Лефкада за смештај. Хотелчиња има, не сум се распрашал како одат со цени... Ова за Агиос Никитас зборам. Јас би резервирал од тука, освен ако не сте решиле без парон за цена да се сместите во хотел или слично...

Во Василики има повеќе хотелчиња и многу се градат, исто и во Нидри има доста. Во главниот град треба да има доста смештај колку што забележав. Сепак има многу туристи!

Дива плажа е Милос, преку рид кај Агиос Никитас. Нема бар нема ништо, на крајот од плажата има нудисти но сепак посетена е, не е дотолку заборавена.

На Порто Каѕики никако немојте да одите кога дува ветер или кога има бранови.
80% од плажата ја нема, ја покрива водата. Се случувало брановите да удираат и директно на карпите...
 
Василики ти е добро место како база до Порто кацики се стига за 30 минути со кола, до Егремни за 20, Гиалос за 30 минути, Катизма и Каваликефта за 40 мин. Не ти препорачувам да ренташ мотор пошо е напорен патот и има бајаги угорници кои со кола едвај се поминуваат. Од Василики ти е блиску Агиофили до која се стига пешки за 30 мин. а со бродче за 10 мин. повратна карта е 6 евра. Ти препорачувам да ренташ кола во Алекс рент а кар на главна улица е ако ја земеш за поише денови имаш попуст и плус ако се ценкаш ќе те фати поефтино. Цена на лежалки по плажи е: Агиофили 7 евра, Кацики 8 евра, Егремни 6 евра без пијачки, а на Катизма со пијачка користиш лежалка. Паркинг се плаќа на Егремни, Кацики, Каваликефта, Катизма 3 евра за цел ден. Василики нема некој ноќен живот, мало местенце е со кафичи и кафани. Друго ако те интересира прашај :)
Дали е проодно до Порто кацики преку ридот, односно оваа рута (14km)?

Screen Shot 2014-07-15 at 02.37.15.png
 
Дали е проодно до Порто кацики преку ридот, односно оваа рута (14km)?

Прегледај го приврзокот 97604
Ние се водевме по овие координати за Порто Кацики N38.6030952/E20.5496214 ти препорачувам и на тебе за да не се зезнеш ;) Испробано е, сите координати шо ги имам стаено неколку страни назад се точни.
 
Некој да бил сместен во студиото Спирос во Агиос никитас да каже какво е?
 
Дечки јас пред некој ден бев да направам резервација и се е зафатено во периодот кога планирам да одам 3,4 или 5 август. Е сега пошто нема смештај планирам да одам со автомобил само малку ми е шубе да не се намачам пошто е во топ сезона смештај ќе барам во Агиос Никитас или појма немам каде можеби и во Лефкада. Ме советуваат да одам со кола и од 35е повеќе да не давам за двајца ама ќе видиме кога ќе стасам таму.
 
Nz dali e soodvetno za tuka prashanjeto me interesira nekoj strani od mak. agencii last minute ponudi shto imaat za grcija ??
 
Дали некој бил во Борсалино апартманите во Нидри,да ми каже дали се добри,дали се на добра локација(пишува 100 метри од главната улица на нидри) и слично?
 
Во Агиос Никитас не сте свесни што се дешава ако треба да паркираш кола... Кланица!

Иначе Лефкада има преубави плажи но бидете спремни да се возите долго време по стрмни планински патчиња. Кој не е за ова нека не ни помислува за на Лефкада.
 
Дали некој бил во Борсалино апартманите во Нидри,да ми каже дали се добри,дали се на добра локација(пишува 100 метри од главната улица на нидри) и слично?
Нидри е многу лоша опција за сместување на Лефкада сите можни плажи се далеку од нидри , а локалната е катастрофа. Така што за до плажа ќе треба да возиш секој ден со кола... Подобро Василики да се сместиш или Агиос никитас со подобри плажи се и во околина се блиску плажите.
 
Нидри е многу лоша опција за сместување на Лефкада сите можни плажи се далеку од нидри , а локалната е катастрофа. Така што за до плажа ќе треба да возиш секој ден со кола... Подобро Василики да се сместиш или Агиос никитас со подобри плажи се и во околина се блиску плажите.

А навечер ми кажаа дека нема живот таму,дека се мали местата,за разлика од Нидри..?
 
Да, сите места се помали од Лефкада градот и од Нидри. Василики е мал но е ок за шетање, има 30ина кафичи.
 
А навечер ми кажаа дека нема живот таму,дека се мали местата,за разлика од Нидри..?
Во Василики имаш доста таверни онака со музика и за јадење во Агиос не баш , а во Нидри не е баш нешто кој знае што ноќниот живот. Види повеќето го препорачуват Лефкада за сејмен одмор дека не е толку за млади ко што е да речеме Лаганас на Закинтос :) Сепак за плажи Лефкада е незаменливо место.
 
Само што се вратив од Лефкада, бев сместен во Василики преку booking.com и плаќав 50 евра од вечер за 2ца, тешко да се начека нешто поевтино овој период.

Островот генерално е добар но не ми ги исполна очекувањата. Топ е само за сликање, има страшни пејсажи но практичност 0. 3те најдобри плажи (прото катзики, егремни и катизма) од Василики ти се на мин 25-6 км планински пат кој пред крај ти е онака 20% наслон угорнини/удолнини, за понеискусен возач може да биде ептен напорно. До плажите претежно треба да се пешачи доста од паркинг, има скали (ако си товарен со реквизити и фрижидерче знае да биде незгодно и напорно) песокта е со крупни камчиња (јас очекував брашно песок), длабоко почнува после 2-3 метра што не е баш пријатно за седење во вода по цел ден или играње со топка а водата е КАМЕН ладна. На се ова се заборава кога ќе се види водата, изгледа како да свети светло сино/тиркизно што ствара страшен контраст, посебно околу 14-15 часот. Зајдисонцето е во море што МОРА да се види (спремете се да останете на плажа до 21 саат :) ). Се изненадив и од гостоприливоста на жителите, немаат врска со тие од краците, газдарицата на апартманот дури ме запиша во листот со полно име ОД МАКЕДОНИЈА.

10459103_10204358209546501_8160245691615168548_o.jpg
 
Ако е некој заинтересиран за василики можам да му дадам моја резервација од 04.08 мене ми излегоја други планови па одам халкидики морам да откажам цена е 35е од ден за двајца со клима фрижидер и ви-фи. Пишете пп
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom