Лефкада

  • Креатор на темата Креатор на темата Олимпија
  • Време на започнување Време на започнување
На секој кој што не бил на Лефкада му препорачувам да го посети островот...едноставно ме остави без зборови. Каде и да си сместен во било кое градче си има своја предност. Јас бев во Нидри, за вечерни прошетки е измислено, а и плажата не беше воопшто лоша, превоз имаше горе долу до 80% од плажите (освен до Порто Кацики, Егремни и Гиалос), за нив си изнајмивме кола и успеавме да ги видиме, така да и да не сте со сопствен превоз не е толку трагично. Доколку некој сака екстра информации слободно нека ме праша
Превоз колку се наплаќа и како си ограничен со него ? Вистина ли е дека во Нидри нема плажа?
Во агиос никитас има каде да се изнајми автомобил ?
 
Ќе спиеш во Агиос Никитас? Каде кој датум и која цена?

Во Атлантис гледав, од 20 Јули 50 евра од особа од ден е, не се нормални.
 
Ќе спиеш во Агиос Никитас? Каде кој датум и која цена?

Во Атлантис гледав, од 20 Јули 50 евра од особа од ден е, не се нормални.
Па ние планираме на 22 ,8 3 креветно студио околу 500 евра со превоз за 9 ноќипо 166 евра од човек ќе ни дојде затоа ме интересира за дали таму ќе има кола да се изнајми плус уште еден ако има ни фали човек да си земее апартман плус за рентање кола :)
 
Јас ваљда ќе идам пред Август, ако видам цени ќе пишам
 
Превоз колку се наплаќа и како си ограничен со него ? Вистина ли е дека во Нидри нема плажа?
Во агиос никитас има каде да се изнајми автомобил ?
За изнајмување имаш на секој чекор така да најмал проблем ќе ти биди тоа. Во Нидри секако дека има плажа, во споредба со Порто Кацики и Егремни секако е прилично полоша али ако си сместен таму еднаш двапати да останиш на таа плажа нема да ти биди проблем. А за превозот, лани не беше скап доколку останат и сега истите цени, секако дека си ограничен со него, за од Нидри, имаше прилично лош распоред за враќање. Пример кога бев во Василики имаше линија за враќање во 16 и 30 и после неа дури во 21. Изнајмување кола ти е најубава опција, ќе прошеташ и ќе го видиш секое местенце.
 
kolku cini iznajmuvanje kola vo agios nikitas ako znae nekoj od prilika? od den, i cenkanje na pr. za 4-5 dena da se koristi?
 
Дали некој ова лeто има отидено на Лефкада да каже како се движат цените за приватен смештај, споредбено со претходните години?

Поздрав :)
 
Последно уредено:
Сакам да идам на Лефкада оваа година но нигде нема слободно за овој месец. Така да, најверојатно август. Го гледав ова Агиос Никитас градчево. Ми изгледа ОК. Тоа и ми го нудат од агенцијата кај што прашав.
Бил некој во Агиос Никитас?
Рент а кар немало во градот. Нема како да прошетам. :(
Ова Нидри некако тапа ми е. Плажите не се убави. Повеќе би сакал на левата страна од островот да одам. Како што ги гледам на слики поубави плажи има таму.

Некој со искуство да сподели?
 
Имам неколку прашања до ценетиов форум во врска со Лефкада бидејки на 8 јули патувам со сопствено возило па имам неколку прашања
1.Дали е подобро да се патува со кола преку Битола или преку Гевгелија?
2.Бидејки ќе бидам сместен во Василики преку букинг кажете ми дали водата се пие и која е цената на минерална вода во пакет,цена на овошје и зеленчук ,млеко сирење и кашкавал.
3.Бидејки ќе бидам десет дена кои пет плажи по вас треба да ги посетам и колку се одалечени од Василики.
Фала за одговорите
 
Сакам да идам на Лефкада оваа година но нигде нема слободно за овој месец. Така да, најверојатно август. Го гледав ова Агиос Никитас градчево. Ми изгледа ОК. Тоа и ми го нудат од агенцијата кај што прашав.
Бил некој во Агиос Никитас?
Рент а кар немало во градот. Нема како да прошетам. :(
Ова Нидри некако тапа ми е. Плажите не се убави. Повеќе би сакал на левата страна од островот да одам. Како што ги гледам на слики поубави плажи има таму.

Некој со искуство да сподели?
[DOUBLEPOST=1404606212][/DOUBLEPOST]

Агиос никитас има најдобра местоположба за плажи. Самото место е заливче, и нема бранови за разлика од другите плажи.Навечер после 11 саат е мирно, а преку ден е раздвижено,има кафичи и ресторани. Рентакар мислам дека имаше во местото.
Еднаш бев во Лефкада, и се надевам нема повеќе. Ужасно лоши патишта до плажите - 10 км ги возиш 1 саат, плажите без тушеви,шанкови итн, цело време ветер и бранови, скоро сите плажи се со камчиња,цени за сместување и храна скапи (во однос на други острови во Грција и до 50% поскапо), навечер забава катастрофа.
 
Последно уредено:
1.Дали е подобро да се патува со кола преку Битола или преку Гевгелија?
Преку Битола 558км за 6ч 57мин
Преку Гелгелија 608км за 6ч 54мин.
Јас би одел преку Битола.
Сигурно гугл нема земено во обзир дека на Богородица може да има редици и по неколку километри.
 
Бев лани преку Битола со сопствено возило, на граница во 3 часот наутро немаше кој да ме опцуе, си поминав за 2,5 минути!

Никако во Василики!!!
Василики на Дојран може вода да му донесе, чисто колку за опис. Во Василики се оди само за да се стигне до плажата Агиофили која мора да се посети!

Агиос Никитас е убаво место. Плажата е многу убава и рано на пладне почнува да ја фаќа делумно сенка и можеш да се скриеш. Одма преку рид е плажата Милос која исто така мора да се посети, плажата е дива, понесете вода и храна!!! Убво е и пешки но поубаво е со бродче од Агиос Никитас, 6 евра по човек повратна карта.

Гиро исклучиво да се јаде во "Yupo" во главниот град Лефкада.
1,5л газирана вода во маркет во главниот град купив за 24 денари. Маркетите во Агиос Никитас беа нешто поскапи...

Плажи кои мора да се посетат:

- На прво место би рекол Катизма!
Оооогромна плажа, прекрасна вода, да се посети 2 пати минимум од кои еден ден да си одберете да биде со бранови, вожња без пари у П.М. ;)
Тука е "Copla beach bar" секој ден има техно, често и диџеи од Грција и странство, им и базент и е убаво местенце на најголемата жештина да избегаш малку од плажата!

- Егремни, не возете до таму, земете брод. Понесете храна и вода!!!
380 скали се премногу да ги качите назад нагоре!

- Нормално, Порто Каѕики.
30 денари пола литро вода, 2,2 евра Митос лименка пиво камен ладни, 2,2 евра Гиро, донесени на плажа по 110 скали надолу.

- Агиофили, до Василики, мора да се посети.
Понесете храна и вода, има мало кафуле на плажата.

Плажи кои јас не ги посетив а требаше:

- Мегали Петра, патот бил многу лош а плажата убава!
-Микрос Гиалос. Не знам зошто ми промакна од планирањето, ја фалат дека е убава но водата ладна поради подземни води.

Главниот град Лефкада е многу убав за шетање.
Плажите се растеретени од чадори, можете да носите свои реквизити, никој не ве замара да плаќате за лежалка и чадор

Што друго инфо ви треба прашајте (y)
 
Ми се допаѓа исцпрната информација. Може ли подетално за секоја од плажите да пишете дали имаат барови/кафулиња, лежалки, чадори и слични. Некој да препорача некоја дива осамена интимна плажа, ако постои нешто такво?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom