Василики ти е добро место како база до Порто кацики се стига за 30 минути со кола, до Егремни за 20, Гиалос за 30 минути, Катизма и Каваликефта за 40 мин. Не ти препорачувам да ренташ мотор пошо е напорен патот и има бајаги угорници кои со кола едвај се поминуваат. Од Василики ти е блиску Агиофили до која се стига пешки за 30 мин. а со бродче за 10 мин. повратна карта е 6 евра. Ти препорачувам да ренташ кола во Алекс рент а кар на главна улица е ако ја земеш за поише денови имаш попуст и плус ако се ценкаш ќе те фати поефтино. Цена на лежалки по плажи е: Агиофили 7 евра, Кацики 8 евра, Егремни 6 евра без пијачки, а на Катизма со пијачка користиш лежалка. Паркинг се плаќа на Егремни, Кацики, Каваликефта, Катизма 3 евра за цел ден. Василики нема некој ноќен живот, мало местенце е со кафичи и кафани. Друго ако те интересира прашај