LCD телевизори

Милојко

Идем Куме Кући
Член од
17 ноември 2008
Мислења
3.072
Поени од реакции
554
Секој што тврди дека HD ready (720p) e толку полош од full HD, никогаш не правел директна споредба на телевизори еден до друг, без разлика дали се плазма или LCD. Збориме за модели од приближен квалитет. Тек на величини над 50 инчи може да правиме муабет за разлика.

Сите што се летаат на маркетиншки трикови како full HD ознаката и земаат помала дијагонала само заради 1080p спецификацијата прават грешка. Поголемо е секогаш подобро, дури и со помала резолуција. Освен ако не станува збор за модели поголеми од 50 инчи.

Не ми верувајте мене, побарајте во продажен салон да ви пуштат 1080p материјал на HD ready (720p) и full HD (1080p) со иста дијагонала (ама не поголеми од 50 инчи). Или прочитајте малку на вебов...
http://reviews.cnet.com/720p-vs-1080p-hdtv/
Или со други зборови HD ready (720p) и full HD (1080p) и не е најважната карактеристика кај еден телевизор. Работи како квалитет на слика генерално, контраст, ниво на црно, сатурација... се далеку поважни од резолуцијата, односно многу повеќе влијаат на квалитетот на доживувањето.

Супер избор си направил, јас се зезнав и го земав малку послабиот модел (430ка) со иста дијагонала... разликата е можноста на твојот модел да вози 3D со соодветни наочари (што сакав да ги купам)

А овие што го дрват дека трошел многу струја (ќе ти троши колку 4 сијалици од 100W) можат само да завидуваат на квалитетот на сликата... плазмата има осетно подобра слика од LCD.
Апсолутно ТОЧНО.

Јас пред да го купам го споредував со ЛЦД, на лице место. За тие пари имаше солидни ЛЦД телевизори, но за што ќе ми се они и нивниот дух ефект. Ќе дадам 50 000 денара за да гледам дупла слика и коцки. Иначе Плазмата ја споредуваа со 30 000 денара поскап ЛЦД, и покрај тоа што има дупло повеќе херци (200) сликата беше неприметно потечна.
 
Маршалот

Bianconeri
Член од
29 декември 2009
Мислења
2.091
Поени од реакции
2.398

Друже извини моја грешка и мојот е 430, се збунив бидејќи и двата модели се исти на надворешен изглед.Али ипак сум презадоволен од ТВ само мислам дека мојот е 42 или 44 инчи не сум сигурен.:smir:
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.738
Поени од реакции
18.484
Ванлок, генерално си во право но да не заборавиме дека зборевме за плазма со бедна резолуција што не прикажува ни хд реди! 720п!

Друго, за какви црни топ плазми зборите?? кога сите на форумов имаат буџет лцд-а плазми? за каква црна љубомора зборите бре? за плазми од 40000 денари? и толку дали се! Асална плазма под 2000 евра нема не постои! луѓе монитори 24 инчни од 1500 евра дома имаат па ништо не викаат :pos2: Купете некоја Пиноир Куро плазма е тогаш ќе бидам љубоморен не на лоу енд ѓубриња со 400x200 резолуција.

Да подобри се од нормалните ефтини телевизори што сите ги користиме, али немојте да си правите илузии дека некој љубомори на плазми или лцд-а од 600 евра :pos2:

Аха да не збориме за боите што ги имаат Самсунг телевизорите или пак плазмите цртан филм бачко топ!
 
Милојко

Идем Куме Кући
Член од
17 ноември 2008
Мислења
3.072
Поени од реакции
554
Не слушајте го детево со скупата графичка :tv:. Од 35 000 денара нагоре имате одлични Плазми и ЛЦД еа. Еве пример, доколку малиов горе пред 4 години се палеше на актуелната Бравиа која кошташе негде околу 1500 евра 42", денес нејзниниот наследник може да го земете за 42 000 денара. Резолуција што да ти причам со сите салтанати. Резолуцијата не ми беше уопште битна. Битно ми беше 107 цм чиста квалитетна слика на било каков сигнал. Иначе на крај крајева има ХД реди така да и да дојде ХД сигнал има чаре.

http://www.cnet.com.au/plasma-vs-lcd-which-is-right-for-you-240036500.htm?omnRef=http%3A%2F%2Fwww.google.com%2Fsearch%3Fq%3Dplasma%2Bvs%2Blcd%26ie%3Dutf-8%26oe%3Dutf-8%26aq%3Dt%26rls%3Dorg.mozilla%3Amk%3Aofficial%26client%3Dfirefox-a
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.738
Поени од реакции
18.484
Не вреди човек да збори со тебе нити да ти реплицира, земи читни нешто вистински корисно на нет па коментирај, не спецификациите од брендот или бедните Cnet reviews LOL!

БТЊ види на линкот на цнет која плазма е на слика ! Пионоир Куро ? не твојата :D:D

http://www.cnet.com.au/pioneer-pdp-lx609a-339293603.htm е ова е плазма, зирни цена дете.

http://www.cnet.com.au/pioneer-pdp-lx609a_video-339293603.htm
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.849
Поени од реакции
34.096
Ванлок, генерално си во право но да не заборавиме дека зборевме за плазма со бедна резолуција што не прикажува ни хд реди! 720п!

...Купете некоја Пиноир Куро плазма е тогаш ќе бидам љубоморен не на лоу енд ѓубриња со 400x200 резолуција.

Да подобри се од нормалните ефтини телевизори што сите ги користиме, али немојте да си правите илузии дека некој љубомори на плазми или лцд-а од 600 евра :pos2:

Аха да не збориме за боите што ги имаат Самсунг телевизорите или пак плазмите цртан филм бачко топ!
HD ready или 720р воопшто не е бедна резолуција.
Ако си видел ќе знаеш, ама пак ќе ти кажам, не ми верувај мене оди во поголем продажен салон и побарај презентација.
Неколку пријатели што имаат 32 или 42 инчни LCD-а што се Full HD сами признаваат дека кај мене сликата е поубава, без разлика дали материјалот е 720р или 1080р. За сликата зборам, а инаку тоа што мојот плазма е поголем (50 инчи) ја прави работата уште полоша за нив, особено кога ќе се земе во предвид цената што ја платив. 39.950 денари за Samsung PS50B430, имаа акција старо за ново, па кога ми го испорачуваат новиот телевизор им го дадов прастариот неисправен Ei Ниш, убаво од нив што ми заштедија мака сам да го фрлам... вака наводно ќе ги рециклираат компонетите :) Уште еден плус за Samsung од еколошки аспект.

Друга работа е дека материјалите што се во 720р формат изгледаат уште полошо на нивните поскапи Full HD телевизори а 1080р кај мене изгледа барем исто толку убаво како кај нив. Кај моите пријатели се прави upscaling а кај мене downscaling, како кога зголемуваш дигитална слика и гледаш артефакти а кога намалуваш нема никакви артефакти.
Луѓето треба да сватат дека 1080р дава поголема резолиција. Тоа значи дека можеш да седиш поблиску до телевизор без да ти смета а за воопшто да видиш некаква малку видлива разлика помеѓу full HD и HD ready од над 1.5-2 метри растојание (не знам кој гледа од поблиску) треба да имаш телевизор со дијагонала 55инчи па нагоре (и да дојдеш блиску).

Инаку филмовите на торенти се во најголем дел достапни на 720р (и попрактични за складирање и чување од оние во 1080р) исто како и поголемиот дел од спортските канали на HD сателитска.

Треба да знаеш и дека Samsung се многу добар бренд за плазма и една од ретките компании што сеуште прават плазми. Пионир на пример престана со производство, тие Кајро што ги гледаш по продавници се стар лагер.
Ако навистина си видел лоша слика некаде на HD ready телевизор, може и да е до несоодветен уред (на пример DVD плеери што даваат квази HD сигнал со upsampling)
Изворот на видео сигналот што го гледаш е многу важен. Кај мене РС-то е главен извор за мултимедија, па така и телевизорот ми е споен преку HDMI кабел.

Друже извини моја грешка и мојот е 430, се збунив бидејќи и двата модели се исти на надворешен изглед.Али ипак сум презадоволен од ТВ само мислам дека мојот е 42 или 44 инчи не сум сигурен.:smir:
Mojoт модел е 50 инчи, ама без разлика истата технологија е (иста серија) така да од прва рака знам дека сликата е топ. :)
Само пази на првите 100 саати да не ставаш многу контраст и светло (чувај негде на 50%). Првите 100 саати се најопасни за burn in. (тоа ти е ако оставиш премногу долго статична слика или канал каде има статичен елемент, како обоена лента од вести)

Инаку нема LCD што сум го видел а да имал подобра слика. Не зборам само за ghost ефектот туку баш за квалитетот на сликата. Контрастот едноставно е многу подобар а црната е црна (за разлика od LCD-ата каде црната е темна нијанса од сива)
Можеби некои од новите генерации LCD-а со LED позадинско светло (наместо неонки) имаат подобра слика ама такви кај нас не сум видел ни во продажен салон.
 
Читај убаво, реков дена не е ни хд реди, далеку од тоа дека 720п е лоша резолуција, и да сум видел и 720п и 1080п пред мене знам дека нема голема разлика од далеку, али тука муабетот е дека се работи за величање на лоу енд производи и нивно издигање во облаци!

Да подобри се од старите црт теливизори нема што али не се (вистински добри или перфектни далеку од тоа) Друго, Самсунг се просечен бренд со прејаки бои и генерално преценета фирма за ова никој неможе да ме убеди дека не сум во право зашто сум имал многу нивни производи мои другари имале па дури и дома имам два телевизори Самсунг и знам што зборам прејака сатурација и вештачки бои,тапа.
 
Член од
4 декември 2008
Мислења
404
Поени од реакции
15

Се согласувам со тебе. Според овие испаѓа дека 720п е подобро од 1080п. Јас кога купував LCD не земав Самсунг само заради горе наведените работи. Инаку имам LG LH4000 42" LCD и колку и да зборат сепак се приметува разлика од 720п до 1080п. Поготово кога ке пуштам некоја игра се приметува огромна разлика ако ја играм на 720п или на 1080п резолуција

Поздрав
 
Член од
26 април 2008
Мислења
154
Поени од реакции
5
Секој што тврди дека HD ready (720p) e толку полош од full HD, никогаш не правел директна споредба на телевизори еден до друг, без разлика дали се плазма или LCD. Збориме за модели од приближен квалитет. Тек на величини над 50 инчи може да правиме муабет за разлика.

Сите што се летаат на маркетиншки трикови како full HD ознаката и земаат помала дијагонала само заради 1080p спецификацијата прават грешка. Поголемо е секогаш подобро, дури и со помала резолуција. Освен ако не станува збор за модели поголеми од 50 инчи.

Не ми верувајте мене, побарајте во продажен салон да ви пуштат 1080p материјал на HD ready (720p) и full HD (1080p) со иста дијагонала (ама не поголеми од 50 инчи). Или прочитајте малку на вебов...
http://reviews.cnet.com/720p-vs-1080p-hdtv/
Или со други зборови HD ready (720p) и full HD (1080p) и не е најважната карактеристика кај еден телевизор. Работи како квалитет на слика генерално, контраст, ниво на црно, сатурација... се далеку поважни од резолуцијата, односно многу повеќе влијаат на квалитетот на доживувањето.

Супер избор си направил, јас се зезнав и го земав малку послабиот модел (430ка) со иста дијагонала... разликата е можноста на твојот модел да вози 3D со соодветни наочари (што сакав да ги купам)

А овие што го дрват дека трошел многу струја (ќе ти троши колку 4 сијалици од 100W) можат само да завидуваат на квалитетот на сликата... плазмата има осетно подобра слика од LCD.
na vakvi kako tebe koga moram da dadam replika se najmnogu nerviram zatoa sto bilo sto da im kazes tie imaat kontra replika koja e e tocna no potpolno nerelevantna so temata toa e zatoa sto luge kako tebe gi ispustaat tie "sitni" detali kako na pr : deckoto zel plazma so rez. 1024 x 768 a ti ni drzis predavanja za hd ready i full hd (IDIOT) . Ako plazmite bea podobri od lcd nemase da bidat poeftini ali pak IDIOT.
A besplaten "sovet" ili kako sakas kazi go sine, se zaviduva na covek sto ima nesto sto retko koj go ima a ne na nekoj sto se odlucil da zeme tehnologija nameneta za tret svet ustvari tehnologija veke 4 generacii stara
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.849
Поени од реакции
34.096
Читај убаво, реков дена не е ни хд реди...
Извини тогаш, лошо сум прочитал. Мислев за HD ready зборуваш. (иако не знам за плазми или LCD-a (над 32 инчи) што не се барем 720р)

Инаку секој што употребува телевизор без добро да ги калибрира боите, контрастот, светлото е лаик (нормално, детална калибрација се прави после почетниот период од едно 100 саати). Фабричките поставки се за импресионирање нубови и не се репер за квалитетот на брендот.
Самсунг иначе ги фалев за плазма телевизорите. Знам дека други ги фалат и за LCD-ата а за други технологии/производи не знам.
Мојот модел има многу добра слика иако не е од висока класа. Ова не е само мое мислење туку и на власници на многу поскапи телевизори. Пак ќе се повторам, не мораш да ми веруваш, влези во Техномаркет кога ќе поминуваш покрај некој и погледај го мојот модел, Samsung PS50B430.

За гледање стандардна телевизија мислам дека нема подобар телевизор од добар CRT телевизор.

Според овие испаѓа дека 720п е подобро од 1080п.
Не си разбрал.

Поентата на муабетот беше дека резолуцијата, односно HD ready (720p) или full HD (1080p) и не е најважната карактеристика кај еден телевизор. Работи како квалитет на слика генерално, контраст, ниво на црно, сатурација... се далеку поважни од резолуцијата, односно многу повеќе влијаат на квалитетот на доживувањето.

Види, тоа што главниот мотив заради кои си одбрал модел било тоа што има Full HD налепница и си одбрал бренд по тоа кои се фабричките поставки на сатурација, бои, контраст и светло без да пробаш сам да си поиграш со нив уште во продажниот салон... (или без да прочиташ review-a) тоа зборува само на кое техничко ниво си.

Без навреда, секому неговото. Најважно е ти да си задоволен со изборот.

Единствено да останеме реални и да не ги носиме во заблуда оние што овде доаѓаат да побараат совет за купување нов телевизор. (а најголемиот дел носат заблуди баш во однос на 720p vs 1080p)

...deckoto zel plazma so rez. 1024 x 768 a ti ni drzis predavanja za hd ready i full hd (IDIOT) . Ako plazmite bea podobri od lcd nemase da bidat poeftini ali pak IDIOT.
А ти си сине... неинформиран лаик. :)

Пак ќе кажам, секому неговото. Имаш право на мислење, макар било тоа и погрешно. Само пред да даваш совети, земи информирај се малку... Поевтино не е секогаш полошо, ако знаеш да одбереш.

tehnologija nameneta za tret svet ustvari tehnologija veke 4 generacii stara
Постара технологија значи и позрела, не полоша.
Имаш многу текстови на оваа тема еве еден да се „информираш„:
Flat-panel TVs - Four styles of HDTV and how they compare
 
Маршалот

Bianconeri
Член од
29 декември 2009
Мислења
2.091
Поени од реакции
2.398
Прашање до Vanlok:

На пример кога гледам ДВД филм сликата е сплесната од горната и долната страна и е во друг формат горе и доле има црни ленти кои што се статични мислам дека знаеш на што мислам :), дали тоа има ефект кај screen burn и ако има која е превентацијата-дали да го сменам форматот на сликата да биде на целиот екран.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.849
Поени од реакции
34.096
Не тоа не смета затоа што црното е недостаток на осветлување на ќелијата со плазма и како такво не може да направи screen burn. Проблемот е кога една те иста боја седи на екранот долго време, затоа пази во првите 100 саати -тогаш е најизразен ризикот.

Плазма е зрела технологија, новите модели имаат заштита од screen burn -ја поместуваат целата слика за неколку пиксели во различна насока на секои неколку минути. Нормално сепак треба да се придржуваш до упатствата.
За луѓе што сакаат да уживаат во филмски доживувања и не го користат телевизорот како лампа и радио/стерео нема подобар избор од плазма. За оние како моите родители кои не го исклучуваат телевизорот, дефинитивно LCD... :wink:
 
Член од
4 декември 2008
Мислења
404
Поени од реакции
15
Види, тоа што главниот мотив заради кои си одбрал модел било тоа што има Full HD налепница и си одбрал бренд по тоа кои се фабричките поставки на сатурација, бои, контраст и светло без да пробаш сам да си поиграш со нив уште во продажниот салон... (или без да прочиташ review-a) тоа зборува само на кое техничко ниво си.
А кој рече дека не сум се информирал за ТВ-то пред да го купам и дека не сум го споредувал со уште многу други ТВ-а. Зборуваш за моето техничко ниво а ти споредуваш 720p и 1080p со квалитетот на стандардна аналогна телевизија. И ако ти е сликата од кабловска супер на твојот тв и ако тоа е бенчмаркот на кој го оценуваш квалитетот на сликата и тв-то тогаш изгледа твоето техничко ниво не е у ред
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Апсолутно ТОЧНО.

Јас пред да го купам го споредував со ЛЦД, на лице место. За тие пари имаше солидни ЛЦД телевизори, но за што ќе ми се они и нивниот дух ефект. Ќе дадам 50 000 денара за да гледам дупла слика и коцки. Иначе Плазмата ја споредуваа со 30 000 денара поскап ЛЦД, и покрај тоа што има дупло повеќе херци (200) сликата беше неприметно потечна.
Нормално дека ќе гледаш коцки, бидејќи тие се телевизори со поголема резолуција.

Не е исто кога ќе зголемиш од 720*576 на 1024*766 и од 720*576 на 1920*1080. На второто нормално е да гледаш коцки, па затоа секој со своите потреби. Затоа и CRT телевизорите се најдобри за обична телевизија. :)
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.849
Поени од реакции
34.096
А кој рече дека не сум се информирал за ТВ-то пред да го купам и дека не сум го споредувал со уште многу други ТВ-а. Зборуваш за моето техничко ниво а ти споредуваш 720p и 1080p со квалитетот на стандардна аналогна телевизија. И ако ти е сликата од кабловска супер на твојот тв и ако тоа е бенчмаркот на кој го оценуваш квалитетот на сликата и тв-то тогаш изгледа твоето техничко ниво не е у ред
Не споредувавме 720p и 1080p со стандардна аналогна телевизија туку споредувавме 720p со 1080p и коментиравме дека резолуцијата не најбитна карактеристика во еден телевизор. Нешто што секој што си ја завршил домашната работа пред да купи нов современ телевизор го знае. Тоа која технологија ќе ја одбереш (плазма или LCD) нормално, зависи од потребите.

Тоа што тврдиш дека кабловска ми е бенчмарк само докажува дека не си ни прочитал што го пишував. Изворот на видео е HDMI конекција со мојот РС. 95% од времето кога гледам нешто тоа е филм во HD a телевизорот е (со посебен софтвер) калибриран верно да ги прикажува боите.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom