- Член од
- 5 февруари 2010
- Мислења
- 290
- Поени од реакции
- 58
За жал ми се има случено поради несигурност и збунетост. Еднакво тешко е чувството на несигурност и незнаењето што сакаш и фактот дека некому даваш лажна надеж. Болно е кога знаеш дека друг страда и се чувствува тешко како и заради тебе. Не практикувам да си давам лажна надеж, повеќе би се изразила - мечтаам и верувам во тоа дека мечтите се исполнуваат, но тоа не значи дека летам на седмо небо, напротив. Добро е кога сам си ги поставуваш и ги знаеш границите меѓу небото и земјата. Убаво е чувството кога леташ, но кога ќе паднеш треба да знаеш како да застанеш на нозе. Едно научив од грешките кои сум ги направила по тоа прашање - дека никогаш не треба да се дава лажна надеж некому и дека секогаш треба цврсто да стоиме на земја. Никој не е должен да страда заради нас, ниту пак ние сме должни да страдеме заради некој друг. Некогаш е подобро нашата несигурност да ја скриеме со "суровост" (за другата личност) и да ја спуштиме на земја, отколку да и дадеме можност да лета а потоа да и ги скршиме крилјата.