Вака сега...
Дали сте вие личности кои иако сте свесни дека не сакате да бидете со некоја личност сепак и давате лажна надеж дека ќе бидете со неа/него?
Поради кои причини било тоа?
Или ако ви се нема случено...кои се најчести причини за тоа?
Дали ако некој се двоуми помеѓу двајца/две,па не знае кој/а да го/ја избере?
Или има нешто интересно во тоа?
Дали вас ви се случило да имате лажна надеж па да пропадне тоа во вода?
Дали сепак самите луѓе си даваме лажна надеж и веруваме во нешто или сепак може да се случи друга личност да не убеди,да не' натера да веруваме и да се надеваме?
Не давам лажна надеж доколку не сакам да бидам со некого... Не гледам причина за тоа, само ќе го измачувам без потреба.... Е сега, ако типот некои мои постапки ги сфаќа така, тоа е негов проблем...
А ако не сакам во моментот да бидам со некој, си оставам простор

Ама тоа сепак не е лажна надеж... Може да дадам лажна надеж само на некој за да му се одмаздам

Причини за тоа има разни...
Ако некој се двоуми помежу двајца мислам дека не дава лажна надеж... Сепак, нешто чувствува за него... Значи, ги тестира на некој начин и двајцата и гледа кој повеќе ќе и одговара...
Интересно, има

Да го гледаш машкото како е залетано по тебе, а знаеш дека на крај ќе си остане без ништо

Ама интересно ти е само тебе и е доста злобно према него

Ми се има многу пати случено да имам лажна надеж и многу е тешко кога ќе сфатиш дека било само лажна надеж, а ти стварно и искрено си се надевала на нешто... Многу лошо чувство...
Дефинитивно може и други да не натераат да веруваме и да се надеваме преку одредени постапки што ги прават... А често пати и ние си правиме некој филм в глава
