Last Man Standing (Seria A)

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
Се работи за игра во која си бирате еден тим секое коло од Серија А за кој мислите дека нема шанси да го изгуби натпреварот, поточно би победил или најмалку би одиграл нерешено.​
Лесно? Не толку. Оваа игра има неколку правила кои мораат да се почитуваат и ја прават интересна за играње. Освен бирањето на еден тим за едно коло како што кажав, другите се:​
- Ако вашиот тим избегне пораз, одите во наредното коло. Играчите чии тимови претрпеле пораз, излегуваат од играта и ја чекаат новата тура која ќе почне откако ќе го добиеме победникот.​
- Смеете да одберете само еден тим еднаш. Што значи тоа? Тоа значи ако на пример викендов сте убедени дека Јувентус нема шанси да загуби, го бирате Јувентус. Ако Јуве победи или изгра реми, вие одите во наредното коло каде што не смеете да ја одберете пак таа екипа и ќе бирате една од преостанатите 19 екипи. На почеток, играва изгледа лесна, но интересното доаѓа кога ќе ви останат за избор чопави екипи како Пескара, Сиена, Болоња итн. Ако нема победник и по 20 кола, изборот на екипи се рестартира и членовите повторно бираат од нови 20 екипи.​
- Се пријавувате и играте до крај. Не се пријавувате ако едноставно не ја апдејтирате секоја недела вашата екипа. Ако во случај заборавите да ја пишете екипата, автоматски излегувате од игра.​
FAQ
1. Смеам ли да го одберам Милан ако некој веќе пред мене го одбрал за колово?
- Да, можете колку луѓе сакате да одберете иста екипа. Само имајте на ум дека само еднаш се бира една екипа. Наредните кола ќе ги играте со некоја од другите 19 екипи. Дали ќе одите на „сигурно“ и ќе започнете веднаш со фаворитите или пак ќе ги оставите големите тимови за подоцна, тоа е сосема ваш избор.​
2. До кога смеам да ја пријавам екипата?
- До петок 00.00. Саботните натпревари започнуваат во 18:00 најчесто па најдобро би било до петок да се изјасните кој е вашиот избор.​
Исклучок ќе биде периодот по боксинг деј кога што ќе морате да ја пријавите екипата до 00.00 часот дента кога завршило колото, но за тоа дополнително ќе се договориме.​
Најпрво, да видиме колку би ја играле играва. Еве, до среда на полноќ нека се пријават сите што би ја играле играва, па до петок истото време нека се пријават со тим. Но, прво пријавете се за да ве сместам по username во ексел документ кој подоцна ќе го апдејтирам со екипите кои сте ги одбрале.​
И, да не започнуваме од ова коло, денеска туку од следниот викенд.

Истотака има ваква игра и за Премиер Лига, но вреди да се направи и за Серија А ќе биде интересно.

ЛИНК ДО ТАБЕЛАТА https://docs.google.com/spreadsheet/ccc?key=0AlqcauReHX2tdFVlQ2lXd0JCa1NPSk4tMTNlalU2UGc#gid=0
 

Leo Bonnie

Кад се врате скитнице
Член од
20 декември 2008
Мислења
4.444
Поени од реакции
5.441
и јас се пријавувам, само не верувам дека ќе стигни некој подалеку од 5то коло.
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
и јас се пријавувам. Екипите ќе почнеме да ги пријавуваме од Понеделник 14.01.2013 година.
 
Член од
16 јануари 2009
Мислења
2.731
Поени од реакции
1.063
И јас се пријавувам, ваљда итаљаниве ги знам поиште од англичаните :icon_lol:
 
Член од
19 март 2011
Мислења
12.748
Поени од реакции
13.965
И јас се пријавувам, нека има занимација :D
Али осеќам ќе испопагаме одма....
 

Tоni

ILLYRIAN
Член од
26 февруари 2009
Мислења
13.639
Поени од реакции
10.237
Ајде ќе се испробаме :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom