- Член од
- 23 јануари 2012
- Мислења
- 885
- Поени од реакции
- 912
Се работи за игра во која си бирате еден тим секое коло од германската Бундеслига за кој мислите дека нема шанси да го изгуби натпреварот, поточно би победил или најмалку би одиграл нерешено.
Лесно? Не толку. Оваа игра има неколку правила кои мораат да се почитуваат и ја прават интересна за играње. Освен бирањето на еден тим за едно коло како што кажав, другите се:
- Смеете да одберете само еден тим еднаш. Што значи тоа? Тоа значи ако на пример викендов сте убедени дека Хановер нема шанси да загуби, го бирате Хановер. Ако Хановер победи или изгра реми, вие одите во наредното коло каде што не смеете да ја одберете пак таа екипа и ќе бирате една од преостанатите 19 екипи. На почеток, играва изгледа лесна, но интересното доаѓа кога ќе ви останат за избор чопави екипи како Хофенхајм, Фурт , Аугзбург итн. Ако нема победник и по 18 кола, изборот на екипи се рестартира и членовите повторно бираат од нови 18 екипи.- Се пријавувате и играте до крај. Не се пријавувате ако едноставно не ја апдејтирате секоја недела вашата екипа. Ако во случај заборавите да ја пишете екипата, автоматски излегувате од игра.
FAQ
1. Смеам ли да го одберам Шалке ако некој веќе пред мене го одбрал за колово?- Да, можете колку луѓе сакате да одберете иста екипа. Само имајте на ум дека само еднаш се бира една екипа. Наредните кола ќе ги играте со некоја од другите 17 екипи. Дали ќе одите на „сигурно“ и ќе започнете веднаш со фаворитите или пак ќе ги оставите големите тимови за подоцна, тоа е сосема ваш избор.
2. До кога смеам да ја пријавам екипата?
Екипите можете да ги изберете се до започнување на првиот натпревар во тековното коло, кој секогаш е во петок во 20:30. Значи кога заврши едно колко, доколу вашиот тим избегнал пораз можете да изберете нареден тим до петок до 20:30
Вие овие правила повеќето ги знаете но не е лошо да се напишат за некои нови кои сакаат да се испробаат во играта, со среќа на сите, и се надевам дека периодот од скоро 3 дена е доволно за сите што сакаат да се пријават и да ја пријават својата екипа. Со среќа