Lady Gaga

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Токму тоа беше и мојата поента - дека секој има свој вкус, но ме нервира што доаѓаат личности на тема за нечија (во случајов моја) омилена пејачка/пејач/бенд, плукаат, тресат зелени и што ли уште не! Како ти би се чувствувал доколку некој збори против некој артист или бенд што тебе ти се допаѓа, а нема три чисти од тоа што тој некој артист или бенд сака да пренесе или да каже? Јас не велам дека секој треба да ја сака Лејди Гага или пак да тврдам дека е најдобра, далеку од тоа. Само сакам да кажам дека нејзината музика не е таква за каква ја сметаа повеќето овде кои имаат коментирано во темата и да покажам дека и Гага крие пораки зад нејзините песни и видеа, колку и да изгледаат бизарно и неповрзано.
Значи дечко, ова е форум, ова е тема. Не е фан клуб. Направи фан клуб на Лејди Гага па таму лути се на тие што се зачленуваат да зборат лошо за неа. Ова тука е за сите кои сакаат да кажат мислење.
--- надополнето: Aug 26, 2011 5:21 PM ---
Е па тогаш не гледам како би можела објективно да го дадеш мислењето. Секогаш кога сакам да дадам мислење за некој дознавам се што може да се дознае и слушам се што има да се слушне. Затоа никогаш не би можела мене да ме чуеш како давам мислење за Metallica, Pink Floyd, Iron Maiden или слично, затоа што од нив ги знам само најпознатите песни, а не мислам дека може да се суди врз основа на тоа. Ако дадам мислење за некои од нив, знај дека веќе се имам преслушено и дека мислењето е целосно формирано.

Во ред, не ми е проблем да ти ја објаснам филозофијата на видеата. Ќе ти ги објаснам токму тие што ги наброја, а доколку се сетиш на други на кои би сакал да знаеш што кријат зад себе, слободно прашај, ќе ти одговорам.

Јust Dance - Гага пристигнува на забава која изгледа како да е завршена. Забавата ја претставува состојбата на музиката пред појавувањето на Гага, односно, музиката е заспана и ние се „давиме“ во едноличноста и меланхолијата што владеат на музичката сцена, музика која се прави по шаблони. Ги гледаме полузаспаните пијани гости на забавата кои се групирани во помали групи на различни места од куќата, тие ги претставуваат музичките жанрови. Кога музиката на Гага почнува да пее тие се будат. Факт е дека по појавата на Гага, ѕвездите, млади и стари, почнаа да се обидуваат да го копираат нејзиниот стил, да експериментираат со костими и слично. Делот кога Гага гази по луѓето пред да влезе во куќата ја претставува Славата (The Fame, што воедно е и името на албумот), која гази преку луѓето и ги контролира. Во контраст на ова оди Гага, која си останува верна на себе, како девојка што знае што прави и прави како што сака, и забавата ја прави токму во обична куќа, а не во клуб или дискотека. Исто така, диско-градникот на пејачката и елементите на диско-топка претставуваат решеноста и одлученоста на Гага да дојде и остане во центарот на вниманието, додека луѓето полека се будат и почнуваат да танцуваат. Тоа го претставува будењето што го направи појавата на Гага на музичката сцена. Всушност, Just Dance е видео кое ја најавува преродбата на музиката по доаѓањето на Гага.

Poker Face - Претставува типична луксузна забава на богаташи, а темата на The Fame повторно јасно е забележлива. Гага излегува од базен со маска на лицето, која потоа ја отфрла. Тоа го симболизира лицемерството на луѓето и маските кои ги носат сите (и богати и помалку богати) зад кои се крие разузданост, перверзија и потиснати желби во помали или поголеми количини. Отфрлувањето на маската на Гага кажува дека таа нема да носи маска, туку дека ќе биде вулгарна, безобразна и без „влакна на јазикот“. Таа можеби се маскира и се облечува „како циркузант“ (некој погоре имаше напишано така), но е поотворена и поискрена од сите други кои се „пристојни“ ѕвезди. Poker Face е видео за лицемерството на луѓето, скриените желби и подготвување за разоткривање на желбите кои и сами не сме знаеле дека ги имаме.

Bad Romance - Видеото започнува со Гага како седи на тронот. Тоа покажува дека таа веќе е искачена на врвот и дека владее со светската музичка сцена. Славата (The Fame) е нејзина. Меѓутоа, наеднаш музиката што пее се прекинува и се од гламурозно станува мрачно. Тоа го означува преминувањето на мрачната страна и чудовишните работи кои доаѓаат со славата (вториот албум т.е. extended play на Лејди Гага се вика The Fame Monster). Гага е киднапирана од танчерки и е однесена во бања каде што ја држат како заложник и насила ја тераат да пие водка. Потоа ја гледаме Гага како игра за група мажи, од кои едниот ја купува затоа што дава најмногу пари. Тоа симболизира уште една лоша страна на славата - штом некој ќе почне да се стреми кон врвот веднаш почнуваат да се обдиуваат да го контролираат, се даваат пари за тој некој и се се врти околу него, не давајќи слобода на изразување на артистот кој стигнал на врвот токму поради тоа. Гага потоа оди кај мажот кој ја чека на креветот, по што го убива со запалување. Тоа ја претставува независноста на Гага, која со тоа кажува дека нема да прави како што ќе и кажат, туку како што таа чувствува дека треба да прави и дека е правилно. Можеби изгледа како лесна музика (продадената проститутка), но работите не се секогаш такви какви што изгледаат.

Alejandro - Гага во видеото игра повеќе улоги. Во почетокот можеме да ја видиме како предводи посмртна поворка со војници кои носат мртовечки ковчег, а таа на перниче носи крваво срце со буквата „А“ на него направена од метал. Потоа ја гледаме Гага како се сепнува и ја става раката преку устата. Преку таа сцена сака да каже колку луѓето се исплашени, шокирани, изненадени од напуштање на предрасудите и закопување на истите. Сцената кога таа седи на метален трон со чудна метална круна, момците кои танцуваат под неа со филмско платно во позадината ја симболизира Втората светска војна. Лејди Гага е Хитлер, а момците се евреите. Овде се прави поврзаност со решеноста на Хитлер да ги истребе евреите и неговата залудна војна за која денеска сите знаат дека била бесцелна и ненормална, и решеноста на денешната црква да ги истребе хомосексуалците. Сцените на војна кои се покажуваат на филмското платно само ја засилуваат поврзаноста на војната на Хитлер со војната која ја води црквата во денешно време против хомосексуалците. Потоа ја гледаме Гага на кревет со маж кој носи црни штикли. Тие имитираат анален секс, во кој Гага ја има доминантната улога, што е уште еден симбол за доминантноста која црквата сака да ја има општо врз луѓето. Ја гледаме Гага облечена во долга, жолта наметка со црвени крстови на ракавите. Тоа ја претставува црквата. Калуѓерката што ја голта бројницата има две можни значења: ја претставува широката народна маса која ја голта догмата на црквата дека хомосексуалноста е грешна, или очајот на луѓето за спасение и примањето на светото во нив. Како што завршува видеото, гледаме сцени во кои Гага обечена како црквата дава отпор на хомосексуалците кои ја опкружуваат, се спротиставува и се бори со нив. Меѓутоа, по некое време почнува полека да се предава, се додека не се соблече гола и не им се придружи. Тоа кажува дека црквата, кога-тогаш, ќе мора да се соочи со хомосексуалноста и да го смени својот пристап кон неа, затоа што таа отсекогаш била присутна, е присутна и ќе биде присутна, што и да се обидува таа да стори против неа. Крајот со мирната калуѓерка го означува спокојот што ќе следи по прифаќањето на хомосексуалноста, зголемувањето на толеранцијата меѓу луѓето и намалување на предрасудите т.е. ценење на човекот за тоа што тој е во сржта, а не според сексуалната ориентација, бојата на кожата или религиозната вероисповед.
Аха. А Лејди Гага зошто наместо да се изразува преку метафори, да не се изразува директно, кога веќе толку сака да остави порака?
Зошто треба да се преправа дека има анален секс за да прати порака дека црквата има огромно влијание? Зошто, ако сака да прати порака за вегетаријанство, да не се облече нормално, без кожен материјал и без месо? Пинк такоѓе се бори за правата на животните па во ниеден спот нема секс со мечка.

Ај сеа јас да ти го протумачам спотот од Џастин Бибер за Бејби, на ист начин ко ти погоре што правиш.
Значи прво го гледаме Џастин и позади него се врти сцената, Со тоа тој ни порачува дека тој е на врвот на славата, дека цел свет се врти околу него. Една од девојките е облечена во фармерки и Џастин со тоа порачува дека девојките не треба да се разголуваат, дека се поубави кога се попристојно облечени. Па другарите го зезаат кога девојкава ќе постигне погодок, тоа значи дека не треба да се прави полова дискриминација. Нема ништо лошо во тоа девојката да го победи машкото во куглање. Потоа се загуруваат со цурата, тоа е порака против насилството, дека ниту еден човек не треба да се тепа.

Ама не. Ни Џастин сака да прати порака за семејното насилство, ни Гага за црквата. Ја заболе Гага за хомосексуалците. Ама ја сфатиле двајцата формулата за успех (Џастин дека кај мали девојченциња пали глумење романтичен, а Гага со скандали).
 
Член од
1 јули 2006
Мислења
853
Поени од реакции
84
P.S. Гага немаше „јајце кустом“, туку излезе од јајце за настапот на доделување на Grammy наградите. Излегувањето од јајцето претставуваше повторно раѓање, но не раѓање во вистинска смисла на зборот, туку раѓање во нова ера, нов свет каде што не владеат осудувањето и предрасудите, свет на безгранична слобода. Целиот албум Born This Way сугерира на преродба. Токму затоа најавата на Гага за албумот беше cultural baptism (културно крштевање). Со албумот сака да ја подигне свеста на луѓето за толеранција на работите, ослободување од стегите кои го држат нашиот ум и прифаќање на неприфатливото.
И не е „Claws Up“ туку „Paws Up“!
A grammar nazi and a "little monster". FUN FUN FUN

Треба да се корегирам?

Јајце Костум! Ете. Или пак не е костум? Оххххх.
Не, не е истиот ритам секаде, туку тој е ритамот на нејзините најпопуларни песни
Таа самата одбира да се промовира со оние најпопуларни песни и ги става како синглови ( а јас искрено неможам да и изгледам едно видео до крај).Она е таа што треба да ме/ги заентригира за да јас/луѓето и го преслушам/т целиот албум.За жал не ме зантригирува со ра ра ра ој ла ла ла и га га га.Секој различно сепак, еве на пример тебе ти се допаѓа.Океј немам ништо против тебе и погоре си реков дека и давам + за тоа што опстана(со искористување на геј популацијата) и што доби толку fame.

Да, јас се нарекувам little monster


И не е „Claws Up“ туку „Paws Up“!
Аи извини.Што знам "Claws Up" ми е посекси..

Не ми одговори ништо во врска со нејзиниот карактер што значи се соглусаваш дека ставаш толку арогантна личност во твојот живот како ''божица"
 

Body Electric

Del Rey
Член од
15 јуни 2011
Мислења
222
Поени од реакции
334
Не ми одговори ништо во врска со нејзиниот карактер што значи се соглусаваш дека ставаш толку арогантна личност во твојот живот како ''божица"
Ми се допаѓа нејзиниот карактер. Вулгарна, без цензура и секогаш забавна. Да, таква е мојата божица.

Јас мислам дека си го кажав моето мислење и си стојам зад тоа во секое време, но не планирам да се обидувам да докажувам нешто што очигледно не можете да го сфатите. Знам колку арогантно и препотентно звучам сега, но тоа е. Уживајте и имајте убав живот :) Paws Up!
 
Член од
1 јули 2006
Мислења
853
Поени од реакции
84
Ми се допаѓа нејзиниот карактер. Вулгарна, без цензура и секогаш забавна. Да, таква е мојата божица.

Јас мислам дека си го кажав моето мислење и си стојам зад тоа во секое време, но не планирам да се обидувам да докажувам нешто што очигледно не можете да го сфатите. Знам колку арогантно и препотентно звучам сега, но тоа е. Уживајте и имајте убав живот :) Paws Up!
Uh-huh. Планирав да не враќам бидејки ок секој си има свој вкус, свое право, не викам не.Ама еве баш сега ја имаше на банер на јутуб па ја видов.


Што и значи ова сега? Да пробуричкам сега, баш ме интересира?
Што е тоа растение..аа, аха трева, аха ок значи добро е да се пуши трева.
Мн јака порака.

Песната и не е толку лоша.. :P

Оваа исто така осеќам испраќа многу добра порака?
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.278
Поени од реакции
27.741
Ми се допаѓа нејзиниот карактер. Вулгарна, без цензура и секогаш забавна. Да, таква е мојата божица.

Јас мислам дека си го кажав моето мислење и си стојам зад тоа во секое време, но не планирам да се обидувам да докажувам нешто што очигледно не можете да го сфатите. Знам колку арогантно и препотентно звучам сега, но тоа е. Уживајте и имајте убав живот :) Paws Up!
Божица и пол
 

Body Electric

Del Rey
Член од
15 јуни 2011
Мислења
222
Поени од реакции
334
Додека Katy Perry, Rihanna и компанијата прават песни со раперчиња како Kanye West и DJ-чиња како David Guetta, Lady Gaga пее со Тony Bennett кој сите знаеме дека е музичка легенда. Не треба да си генијалец за да сфатиш кој има талент, а кој си буе во празно. Just saying...
P.S. Видеово излезе пред малку :)
 
S

Sheldon Cooper

Гостин
Одлична е, таа е мојата најомилена пејачка на сите времиња. Покажа и докажа дека ја бива а хејтерите можат само да сонуваат да бидат како неа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom