Ајде сега малце сериозно.
Мое мислење е дека тоа беше "slap on the wrist" за Винициус, иако го здоболе многу повеќе. Неговите фудбалски квалитети се неоспорни, треба да бидеш тежок инает да го успоруваш неговиот фудбал, особено играта минатата сезона.
Неговиот карактер и самобендисаност е мислам тоа што му пресуди, ако веќе земаме во предвид дека новинари и спортски личности гласаат за кандидатите. Нема одредено конкретни периметри по кои се гласа, и колку и да сакаш неможеш да не бидеш пристрасен и да нема емоции кога гласаш. Плус зборовите шо ги упати на Гави во саботата уште толку ставија масло на оганот и му се деси бродолом.
Земајте ги во предвид и чичковците шо го владеат фудбалот во светот. Најмалце шо им е од интерес е монопол врз играта од еден тим, а реално ако зборуваме Реал направи кучка од ЛШ во последната декада. Цела медиумска машинерија беше активирана, овој Романо цел ден постираше пасив агресив провокации, од авион се гледаше дека се по порачка.
Дали ми е мило шо освои Родри? Нормално дека да. Успесите со Сити и Шпанија си го направија своето, ова не е првпат златната топка да отиде кај играч шо не освоил ЛШ таа сезона.
Дали ќе беше заслужено Винициус да освоеше? Секако дека да.
Некако интуицијата ми вели дека ова ќе ги зоврие сите, и пак ќе освојат оваа сезона.
Тоа е тажното, што има дефинирани критериуми по кои се гласа. Ме мрзи да ги гуглам како беа точно, али во груб превод би биле:
- Титули освоени со клубот,
- Перформанс на играчот,
- Фер плеј.
Држи вода муабетот дека Винисиус не е фер плеј играч, се сложувам во тоа со тебе.
Ама Еми Мартинез е? Како Еми Мартинез зема награда за најдобар голман, според погоре наведените критериуми?
Како во наградата за Златна Топка предност му дадоа на ЕП пред ЛШ, а во наградата за голмани предност дадоа на Копа Америка, пред ЛШ.
Зашто клубските и индивидуални перформански на Мартиенз и Унаи Симон се исти, двајцата освоија титула со своите репрезентации.
Со тоа што Еми Мартинез е се освен фер плеј играч, зашто фер плеј играч не треба да провоцира, не треба наградата да ја става на кур, не треба да се тепа со навивачите од трибина, не треба да скандира песни против противнички играчи.
Не се проблем критериумите, проблем се гласачите.
Не може на 100 рандом новинари да им дадеш да гласаат најдобар играч.
Еден од новинарите од Ел Салвадор не го ставил ни во топ 10 Винисиус, и ајде, негово право си гласа како сака. Ама образложението му е дека Винисиус не бил играч што одлучувал големи утакмици и покривал само мал дел од теренот. Пијан муабет, ние на форумов сме постручни од пола од новинариве што гласаат.
И нормално е наградава да изгуби кредибилитет кога место да ја гласаат играчи, тренери и бивши играчи (легенди) на спортов, ја гласаат новинари.
Оној па од Франс Фудбал искача со изјава дека Винисиус не победил зашто во топ 4 биле Карвахал и Белингам.
Дегенот индиректно не намерно кажува дека Родри победил поради сплет на околности. Нормално дека не победил поради сплет на околности, али изјавата на дегенот прави така да звучи.
По ретардирана изјава од ова немам видено, као демек ја како гласач ќе си кажам "ааа не, чекај, многу играчи има на Реал само еден ќе вметнам во топ 4 од нив."
Како и да е, премногу драма и внимание се направи за Златнава топка и мислам дека драмата излезе повеќе од неприсуствувањето на Реал отколку од самиот избор.
Од мене толку на темава за Златна Топка, идеме во сабота против Валенсија каде што после кискот ќе може да започне правиот бантер.