Атлетико во купот секогаш има потешкотии па дури и со клубови од Сегунда Б. Се надевам дека Леонеса ќе не исфрли па ќе биди мотив плус Чоло да размисли дали ќе продолжи кариера во друг клуб или ќе одмори една година. Единствено жал ќе ми биде што играчите од Б тимот и оние кои се во втор план нема да можат да докажат нешто.
Чоло е дефинитивно најдбриот тренер за оваа деценија. Без разлика на успесите на Пеп и Зидан. Тактички можеби не е ни во најдобрите 10, но знае како да ги мотивира играчите и од просечен тим со просек играчи да го победи и најдобриот. Е сега изгледа таа мотивација не можи да ја пренеси оти човекот дефинитивно е изморен и му треба промена. По портали пратам дека и навивачите полека се префрлаат на ставот дека тој треба да си оди. Направи што направи, фала за тоа, но ништо нема да биди како порано уште 10 сезони да е во клубот.
Клубот во целина има страшен напредок последниве 8 години. Финансиски можат да се носат речиси со сите клубови а тоа треба да се искористи. Симеоне има плата од 24 милиони евра и тоа му е најголемото благодарам за тоа што направи за клубот.