Љубовта стана безвредна категорија

  • Креатор на темата Креатор на темата Катја
  • Време на започнување Време на започнување

Катја

Journalist
Член од
18 декември 2007
Мислења
56
Поени од реакции
3
Возраст
42
Отуѓувањето наспроти незапирливиот импулс да се биде среќен.
Оптичко и ментално изместени репери на однесување , облекување , пристапување, конверзирање, додворување, па дури и водење љубов.
Промискуитетно и анимално задоволување на потребите, површна страст ,декориран секс, каде чувствата се во спореден план или воопшто ги нема. Преправање, ама од страв да се погледнеш во огледало, да направиш чесен индивидуален опит , да си ги измериш потенцијалите.
Најчувствителното ткиво на времето- љубовта, стана обезвреднета категорија, наспроти осмозата на страста. Радикална редукција на душата...
 
Насекаде околу нас гледаме некои извештачени луѓе, мислам дека искрени и чисти души има во се` помал број и неосетно и ние во такви друштва се претвораме во некои "мутанти". Треба да си останеме свои на своето и да не дозволиме тие влијанија да удрат и на нас...
 
Катја, ова што го читам во твојот воведен збор повеќе ми звучи како твое (се надевам моментално) неприфаќање на зимското сивило.
Не знам кој би можел да стави цена на љубовта. Таа е бесценета. И као таква не може да ја “изгуби“ вредноста. Тоа што тебе ти пречи е недостатокот од романтика. За тоа можам да се сложам. Ама, и тоа го има. Треба само внимателно да пробараш и никако да не се откажуваш од споствените потреби и ставови зашто за романтика, како и за љубов, потребни се двајца. Минимум.:smir:
 
сите тие се тн изгубени души.бидејки во потрагата по совршенството,вниманието и вистинската љубов секогаш скршнуваат.и сакаат да стигнат до вистинската љубов по најкусиот можен пат.е така дефинитивно не се стигнува.
бидејки ако сакаш нешо обиди се да го достигнеш и пронајдеш,а не да правиш се спротивно и да обвинуваш дека нема срека.
постои вистинската љубов,но тешко е да се пронајде.нека се обидат тие кои се несрекни во љубовта или не веруваат во неа да гледаат подлабоко во една личност,а не само нејзината површина.
сепак квантитетот води кон квалитет или пак несовршенството кон совршенство.барајте ке добиете вистинска љубов...
лаки ме не ни барав љубов а ја добив,баш онака по мои мерки:pipi:
 
Денес бев сведок на една ваква љубов...задоволување на сексуални потреби,белејќи си го образот и давајќи си утеха,дека сепак се работи за една љубов...колку само се лажеа...нешто ме копаше по стомаков да им кажам некои нешта,да им се развикам.Ако ништо друго ги немаа тие погледи што треба да ги имаат,не си го даваат тоа внимание што треба,освен кога ќе дојде незаузданиот нагон...и тогаш секој работи за себе,а ни еден не размислил да сподели,туку само да земе...
Полошо е кога бараме нешто што го има некој друг и мислиме дека сме го нашле,само поради желбата која тлее во нас,во случајов љубовта...Глумиме љубов,глумиме заљубени,глумиме среќни,глумиме споделувањ,глумиме дека се поднесуваме,глумиме нежност...а што е најтрагично,не сме ни свесни за тоа...се соживуваме со сопствената улога во таа драма...патетика...А да биде поголема иронијата на свои 18 години зборуваме за брак...се споредуваме со парот од Како ќе каже Џим...а лошо е што истите тие,ќе се тегнат со години мислејќи дека е тоа нивната идила,ќе се земат,а бракот ќе го завршат или разведени или секој на различен кревет во иста соба,по потреба може и да се спојат,од истите причини што се спојувале тие две изгубени души во младоста...
 
Отуѓувањето наспроти незапирливиот импулс да се биде среќен.
Оптичко и ментално изместени репери на однесување , облекување , пристапување, конверзирање, додворување, па дури и водење љубов.
Промискуитетно и анимално задоволување на потребите, површна страст ,декориран секс, каде чувствата се во спореден план или воопшто ги нема. Преправање, ама од страв да се погледнеш во огледало, да направиш чесен индивидуален опит , да си ги измериш потенцијалите.
Најчувствителното ткиво на времето- љубовта, стана обезвреднета категорија, наспроти осмозата на страста. Радикална редукција на душата...

Што значи дека треба да се предадеме на досадното секојдневие и да заборавиме дека постои љубов.

Некако ми звучи многу разочарувачки тоа.

Не велам дека не е така, но мислам дека на светов има уште многу љубов за сподулевање и постојат толку многу луѓе што знаат да ја споделат љубовта.

Зарем волку многу теми и толку многу мислење ќе кажеме дека се безвредни и безначајни. Не. напротив-сите ние сме среќни луѓе кои покажуваат дека има многу љубов и тоа вистинска.
 
a shto e muabetov na temava? Nekako ne mi e na mesto ili jas ke da sum pivnat? A?:smir: Se izvinuvam ama, mislam deka nekoj si vezbal pishuvanje na tastatura ovdeka!
 
Оптичко и ментално изместени репери на однесување , облекување , пристапување, конверзирање, додворување, па дури и водење љубов.
дрољи.
Промискуитетно и анимално задоволување на потребите, површна страст ,декориран секс, каде чувствата се во спореден план или воопшто ги нема.
дрољи-спонзоруши
Најчувствителното ткиво на времето- љубовта, стана обезвреднета категорија, наспроти осмозата на страста. Радикална редукција на душата...
за кој како.

бтњЧ чудна си.
едит. другарка на сатори, а?
јеа, вирдоу. оувр енд аут.
 
Хаха другарка на Сатори, ја прво мислев дека Сатори ја напишала темата, не видов кој. хаха

Инаку што знам, да, можеби, или не?
Љубовта е вечен поим и не може да згасне, тоа е факт, е сега да, точно е дека ја има помалку заради горе наведениве девојки ама тоа е, како може да смениме нешто?
 
Мене ми се свиѓа темава. Тоа се случува денеска - Редукција на душата! Сакаш (не зборам само за љубовна врска, туку за било каква љубов, кон пријател на пример), се разочаруваш, губиш делче...се жртвуваш за некој, испаѓа дека на тој некој не му гајле, пак губиш делче...веруваш целосно во некој, те разочарува или лаже, пак губиш делче...Резултат: стануваш површен, бесчувствителен и осеќаш едно нешто - празнина. Таа празнина се обидуваш да ја пополниш со се освен со искреност(во чувствата) бидејќи се плашиш...
Не само љубовта што се не ја изгуби својата вредност денеска...
Ама City убаво кажа, што, треба да се задоволиме со досадното секојдневие со убедување дека не постои љубов? Не, таман работа, туку да пробаме да живееме по свои правила, со наши оценки за вредностите на љубовта и др. работи во животот.
 
Отуѓувањето наспроти незапирливиот импулс да се биде среќен.
Оптичко и ментално изместени репери на однесување , облекување , пристапување, конверзирање, додворување, па дури и водење љубов.
Промискуитетно и анимално задоволување на потребите, површна страст ,декориран секс, каде чувствата се во спореден план или воопшто ги нема. Преправање, ама од страв да се погледнеш во огледало, да направиш чесен индивидуален опит , да си ги измериш потенцијалите.
Најчувствителното ткиво на времето- љубовта, стана обезвреднета категорија, наспроти осмозата на страста. Радикална редукција на душата...

Има да, има многу вакви случаеви. Но, ај размисли малце и види наоколу колку луѓе има кои вистински се сакаат и кои ја ценат љубовта и сите нејзини вредности. Погледај наоколу, отвори ја темата Во врска со љубовта..Сакам да ти кажам. Види колку вљубени души те опкружуваат, колку луѓе знаат всушност што е љубов.:ljubav:
 
Бре луѓе, чувствувате нешто, а не знаете да го преточите во зборови и директно го ставате или во категорија САКАМ или МРАЗАМ. Љубовта постои, но незнаењето да се дефинира таа комплексност наречена емоција остава многу луѓе да се преправаат, а и да се убедуваат самите дека сакаат (види вагинално-пенилни срања во Во врска со љубовта).

Луѓето не ги бива за мржња, себичност и подлост, а камо ли за љубов. :)
 
~*~

Имам да потенцирам само една единствена работа во врска со сите погорни коментари кои малку забегаа од темата и притоа не ја сфатија нејзината поента.
Не сакаше Катја да објаснува недостаток од романтика и љубов, туку колку таа е денес матријалистички оценета и останува без било какво реално чувство.
Љубовта секогаш била некој дел од нас и ќе остане, но, кога ќе се свртиме околу нас и ќе ги погледнеме сите спонзруши кои се шеткаат како да се на модна писта со парите на старите(се мисли во години) спонзори мислам дека треба да ви биде јасно што сакала да каже.:nema teorija:

Фала.
Пријатно!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom