B. Boop
Princ: Најозбилна...
- Член од
- 19 мај 2006
- Мислења
- 1.302
- Поени од реакции
- 263
Мало појаснување како чувствуваат слепите лица:
Благодарение на слухот слепите лица се способни да ги локализираат во просторот предметите кои испуштаат звук, да го одредат правецот на простирање на звучниот бран, според простирањето и квалитетот на звукот да судат за големината и исполнетоста на затворениот простор. Преку интонацијата и јачината на гласот на соговорникот судат за неговото расположение и карактер. Додека слухот кај слепите лица има огромно значење за дистантната перцепција, кога станува збор за блиската перцепција тој примат го има тактилниот осет. Кај слепите лица се јавува зголемена тактилна осетливост на оние делови од кожата кои имаат активно учество во опипувањето. Ова пред се се однесува на прстите и дланката од раката. Раката му го дава на слепото лице она што нас ни го даваат очите (формата, големината, температурата, цврстината, еластичноста и рапавоста на предметите). Пипањето со рацете е особено важно при просторната ориентација на слепите лица, односно одредувањето на местоположбата идентитетот и оддалеченоста на предметите.
Извор: http://www.hendikep.org.mk/voved/karak_vid.htm