Љубовта кај слепите лица

  • Креатор на темата Креатор на темата Vetrence
  • Време на започнување Време на започнување
Мало појаснување како чувствуваат слепите лица:

Благодарение на слухот слепите лица се способни да ги локализираат во просторот предметите кои испуштаат звук, да го одредат правецот на простирање на звучниот бран, според простирањето и квалитетот на звукот да судат за големината и исполнетоста на затворениот простор. Преку интонацијата и јачината на гласот на соговорникот судат за неговото расположение и карактер. Додека слухот кај слепите лица има огромно значење за дистантната перцепција, кога станува збор за блиската перцепција тој примат го има тактилниот осет. Кај слепите лица се јавува зголемена тактилна осетливост на оние делови од кожата кои имаат активно учество во опипувањето. Ова пред се се однесува на прстите и дланката од раката. Раката му го дава на слепото лице она што нас ни го даваат очите (формата, големината, температурата, цврстината, еластичноста и рапавоста на предметите). Пипањето со рацете е особено важно при просторната ориентација на слепите лица, односно одредувањето на местоположбата идентитетот и оддалеченоста на предметите.

Извор: http://www.hendikep.org.mk/voved/karak_vid.htm
 
Како се ствара таа врска?

Ќе пробам вака. Тоа што имаат еден недостаток и не можат да го видат светот го надополнуваат со доста поголема развиеност на другите сетила. И тие комуницираат, имаат начини на забавување и дружење, со еден збор функционираат што е можно понормално. Кај секого работат хормоните..така и кај нив. едниствено по што се разликува таа врска е онаа физичка привлечност. Да тие можеби не може да бидат физички привечени од другата особа, но затоа кај нив тоа е психички.
Тие се привлечени од начинот на размислување, на зборување, на однесување на другиот. Она што кај нас се јавува подоцна бидејќи најпрвин го приметуваме физичкиот изглед, а потоа ако воспоставиме контакт го откриваме и карактерот на таа личност. Велам ако воспоставиме контакт, зошто многупати се случува и да избегнеме контакт со личност која не ни е симпатична.

Физичкиот контакт кај лицата со оштетен вид е онаа споредна работа, која ја осознаваат подоцна преку допири.

Интересна тема на која би сакала да прочитам повеќе мислења како она на гладиус. :)
 
:oftopic:


Дали слепите лица сонуваат?

Слепите луѓе сонуваат
Луѓето кои ослепеле по раѓањето можат да гледаат слики во нивните соништа. Луѓето кои се родени слепи не гледаат слики, но ги доживуваат своите соништа многу живописно вклучувајќи ги и сетилата за звук, мирис и допир.

http://gvonline.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=1264&Itemid=1
 
Ќе ти опишам пример од секојдневниот живот...Идам јас накај школо се качувам во автобус, и гледам позади мене млада девојка која под рака ја носи нејзината мајка се качува во автобусот. Ја седнува и му вика на возачот: Господине Ве молам кога ќе дојдете до Југо Дрво кажете и каде сте за да се симне...И се си е најнормално...Стигнуваме со бусот на Југо Дрво, возачот и кажува. Девојката станува, се фаќа за држачот и чека...Автобусот застанува...Здогледувам јас надвор, младо момче со очила за сонце кое го држт под рака како чека...
Тие ја пречекаа девојката, и потоа ги оставија сами.Каде отидоа потоа незнам. Само знам дека на враќање од школо (сега од др страна на Југо Дрво) тие стоеа таму со истиот човек кој го придржуваше малдиот дечко...Дојде автобусот, застана на станицата, а тие се бакнаа...Кога и помогнаа да се качи во автобусот на нејзинито лице видов голема насмевка. Таа беше среќна. Оттогаш ги гледам скоро секој ден. И едноставно сфатив дека тие ја осеќаат љубовта на еден друг начин. Сфатив дека тие навистина се сакаат... А како успеале?!
Па за нив светот не е визуелно дозволен. ОСтаваат душата да биде онаа која ќе ги води во животот, и затоа успеаваат да се заљубат оној пат кога треба и во правилниот човек...

леле брат ко прочитав се наежив ... дефинитивно значи постој љубов во овај случај меѓу нив и то многу поискрена од сите ние овде останати шо „сакаме„
 
Бидејќи едно сетило е уништено, тогаш другите се поразвиени... па така преку слухот, допирот а најважното ... зрачењето на позитивна енергија прави да се заљубите...

А и на крај накраиштата, не е само клучна надворешната убавина, треба да се гледа внатрешната... јас личо не гледам надворешен изглед туку внатрешната убавина, карактерот и енергијата што ја шири окулу себе секоја личност ...а пак таа енергија што ја шириме (позитивна, негативна и сл.) слепите лица повеќе ја чуствуваат...
 
овие луѓе се 100 пати по-емоционално поврзани отколку кај оние со сите сетила...
бидејки, луѓето им гнетат стереотипи, ги избегнуваат, и немаат многу другари и другарки.... само фамилијата е се што ја имаат и партнерот...
 
Добра е темава, зошто се докажува дека не е се во физичкиот изглед и мислам дека љубов помеѓу слепи е она вистинска :) Многу интересна тема:vozbud:
 
Па баш нивната љубов е најубава, зошто не се ограничени од физичкиот фактор.

Замисли сите да бевме толку духовно продлабочени, па да не ни беше важно дали партнерот има бубуљица на чело, туку да не привлече затоа што има убав глас додека ни чита поезија.
Има нешто кај луѓето со хендикеп што им дава некаква чудна предност во однос на луѓето кои функционираат нормално.
Слепите поинаку го перцепираат светот од оние што успеваат да го видат. Придаваат значење на мали ситници кои нас ни се неважни, иако во суштина се баш најважните. Можат со еден допир да видат толку убавина, колку што ние не можеме да видиме со очи цел живот. Којзнае колку убаво звучат звуците во нивните уши.
Нас привидот може да ни ја уништи целата слика за некого и да не доведе до тоа да донесеме погрешен суд врз основа на физички карактеристики. Физичкиот фактор знае да биде ограничувачки до степен на дискриминација.
Сигурно слепите се далеку подобри во проценување на личности. Тоа што ни го пренесуваат очите ни ја заматува проценката, ама слепите се оградени од таква пречка.

Баш ме разнежни приказната за двајцата слепи од Југодрво. Мислам дека нивната љубовна приказна е попосебна од било која друга.
 
Интересна беше приказната за тие двајцата младичи од југото. Дај кој знае некој такви примери нека ги пише :)
 
Malce temava ne mi e OK, ne e se vo navoresniot izgled,tie imaat hendikep a toa e vidot sto ne znaci deka tie nemaat potreba od ljubov i od zaednica ..ednostavno tie gi imaat istite cuvstv a i potrebi kako nas..ne gledam razlika:toe:
 
Malce temava ne mi e OK, ne e se vo navoresniot izgled,tie imaat hendikep a toa e vidot sto ne znaci deka tie nemaat potreba od ljubov i od zaednica ..ednostavno tie gi imaat istite cuvstv a i potrebi kako nas..ne gledam razlika:toe:

Темава е отворена за дискусија за да дознаеме како се рага љубовта мегу нив,каква е и колко се развиени чувствата... :)

Не правиме разлика. :):)

АКо не ти чини не читај тука :)
 
Не ја гледам нешто поразлична љубовта кај нив. Љубовта на крај краишта е чувство, а чувствата немаат врска со визуелизацијата на работите.
Ако прашањето е конкретно за раѓањето на љубовта... сите ние имаме горе-долу различни работи на кои паѓаме. Изглед, насмевка (јас), глас, материјална состојба, интелигенција, цицки... Ако забележавте, само за првото е потребно да го видиш другиот.
 
Па ко ќе се земи факто дека најголем број на сексања се со затворени очи или в темница, мислам дека видот и не е толку битен во љубовта.

Ja ubi romantikata vo mene.

Ljubovta si e ljubov, se slucuva kaj site.
 
Mozat da 'vidat' so dopir. Ako ti pomine nekoj slep so dlankite po liceto, ke znae kako izgledas.
 
Темава е отворена за дискусија за да дознаеме како се рага љубовта мегу нив,каква е и колко се развиени чувствата... :)

Не правиме разлика. :):)

АКо не ти чини не читај тука :)
fala za upatstvoto...:helou: sepak mislam deka ti e izlisno :tapp:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom