Љубовта кај слепите лица

  • Креатор на темата Креатор на темата Vetrence
  • Време на започнување Време на започнување

Vetrence

...believe in yourself! :)
Член од
2 јули 2007
Мислења
7.469
Поени од реакции
676
Локација
Somewhere here ...
Љубовта кај слепите луѓе

Повекепати размислувам на оваа тема. Како се раѓа љубовта кај слепите лица бидејки тие неможат да гледат? Или мегу лице кое е слепо и лице со нормален вид? Дали имаат некои поразвиени чувства или нешто друго?Како што знам од познатите лица таков случај е со пејачот Дејан Матич.
Ваши примери и размислувања на оваа тема.:smir:

п.с ако има ваква тема или не е за тука,фрлај на старо железо :)
 
Леле темава Енерџи.
Па зар се е во убавината и надворешниот изглед???

Тие луѓе иако имаат недостаток ете во случајов збориш за слепи луѓе, но тие се сосема нормални и можат речиси нормално да функционираат.
Зар битно е да знаат како некој физички изгледа ако времето поминато со некој човек им е драгоцено, ако сакаат да се во нивна близина, ако си одговараат карактерно ... воопшто не е битно да знаат како изгледа човекот.
Лошо е што не можат да ги видат останатите убавини од светот, а воопшто не е лошо ако не знаат како изгледа нивниот партнер.
 
Слепите имат развиено (или повеќе ги користат) другите чула. Допир, мирис и слух. Кај нас рзаците со очи најважно е да е женско какво такво симпатично, а дал е капена ил одмиена не ни е гајле. Не обраќаме пажња на такви ситници како њух.
 
Тоа што не се способни да гледаат, не значи дека не можат да го чувствуваат убавото, како грижа, посветеност... љубов.
Реално, и тебе ако некоја те привлече поради нејзиниот изглед, а те третира како ѓубре, нема да чувствуваш љубов спрема неа... нели? Освен ако не си масохист.:) Не е се` во изгледот.

Не само што умеат да љубат и слепите, туку убедена сум дека тоа можат да го направат многу поискрено од многумина со “соколови очи“.:smir:
 
Повекепати размислувам на оваа тема. Како се раѓа љубовта кај слепите лица бидејки тие неможат да гледат? Или мегу лице кое е слепо и лице со нормален вид? Дали имаат некои поразвиени чувства или нешто друго?Како што знам од познатите лица таков случај е со пејачот Дејан Матич.
Ваши примери и размислувања на оваа тема.:smir:

п.с ако има ваква тема или не е за тука,фрлај на старо железо :)
Ќе ти опишам пример од секојдневниот живот...Идам јас накај школо се качувам во автобус, и гледам позади мене млада девојка која под рака ја носи нејзината мајка се качува во автобусот. Ја седнува и му вика на возачот: Господине Ве молам кога ќе дојдете до Југо Дрво кажете и каде сте за да се симне...И се си е најнормално...Стигнуваме со бусот на Југо Дрво, возачот и кажува. Девојката станува, се фаќа за држачот и чека...Автобусот застанува...Здогледувам јас надвор, младо момче со очила за сонце кое го држт под рака како чека...
Тие ја пречекаа девојката, и потоа ги оставија сами.Каде отидоа потоа незнам. Само знам дека на враќање од школо (сега од др страна на Југо Дрво) тие стоеа таму со истиот човек кој го придржуваше малдиот дечко...Дојде автобусот, застана на станицата, а тие се бакнаа...Кога и помогнаа да се качи во автобусот на нејзинито лице видов голема насмевка. Таа беше среќна. Оттогаш ги гледам скоро секој ден. И едноставно сфатив дека тие ја осеќаат љубовта на еден друг начин. Сфатив дека тие навистина се сакаат... А како успеале?!
Па за нив светот не е визуелно дозволен. ОСтаваат душата да биде онаа која ќе ги води во животот, и затоа успеаваат да се заљубат оној пат кога треба и во правилниот човек...
 
Па ко ќе се земи факто дека најголем број на сексања се со затворени очи или в темница, мислам дека видот и не е толку битен во љубовта.
 
Како се раѓа љубовта кај слепите лица бидејки тие неможат да гледат?
Љубовта се раѓа со меѓусебна привлесчност на двете особи, не мора да е физичка привлечност.

бајдвеј глупа тема
едит:прескокни!
Леандра
 
Па ко ќе се земи факто дека најголем број на сексања се со затворени очи или в темница, мислам дека видот и не е толку битен во љубовта.

Toчно. До некаде.
Но ти требаат очи за предигра. :)))

Инаку, верувам во вакви работи.
Доволно е да поминат неколку дена заедно, да се зближат. Карактерно.
Потоа само си доаѓа.
Како што рекоа, немора физичко привлекување за некаде да се роди љубов.
 
Можеби доказ дека физичкиот изглед не е пресуден.
Не сум имала пријател на кој му е оштетен видот,можеби некој што има може да ни објасни како се привлекуваат.
 
И јас сум размислувал за ова...

Ај океј не им е пречка за да се сакаат ама како ќе дојдат до тој степен да се засакаат, како би се родила љубов кога се двајцата слепи или едниот од нив...:nesum:
 
И јас сум размислувал за ова...

Ај океј не им е пречка за да се сакаат ама како ќе дојдат до тој степен да се засакаат, како би се родила љубов кога се двајцата слепи или едниот од нив...:nesum:
Како што напоменав погоре, тие не ги пресудуваат работите со очите, туку со срцето и душата...
Очите лажат...но срцето и душата никогаш
 
...Tие имаат посебно развиени сетила, тие го доживуваат животот поинаку...По-реално, по-вистински...Тие можат вистински да сакаат, можат слободно да држат лекции на оние со вид на тема: како да се сака, без предрасуди и проблеми...Тие се пример дека физичкиот изглед не е битен за да се сака некого...дека она битното, е внатрешно, длабоко...тоа треба да се цени...:smir:
 
кика не ме сфакај погрешно. Не реков никаде дека надворешниот изгледа и убавината се пресудни за една врска. Мене ме интересира и занимливо ми е како се ствара таа врска кај нив. Дали имаа поразвиени чувства од нас,некои примери ако знаете како што пиша гладиус,а исто така добар пост и на параоник.:wink:
 
Слепите лица не го гледаат, ама го чувствуваат човекот. Затоа обично нивната проценка е поверодостојна од оние кои визуелно ги гледаат нештата. Тие не можат да бидат изманипулирани со "невин" поглед, со трепкање, со лажна насмевка и сл.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom