Крусер
Тотем Пума
- Член од
- 4 јули 2008
- Мислења
- 3.556
- Поени од реакции
- 1.613
- Возраст
- 47
Што се однесува до сексот и се е супер на тоа поле..редовен си еа за ова второто болдирано проблемот е што не сакам да кажам нешто за кое не сум сигурна дали е така.Никогаш на никој не сум го кажала тоа те сакам и кога ке го кажам сакам да значи нешто и да биде вистина..ваљда разбираш која ми е поентата.
Разбирам. Не си сигурна дали навистина го сакаш и сакаш да си сигурна.
Еве еден проблем: љубовта не е работа на разумот, туку на чувствата. Со други зборови:
- ти никогаш нема да *знаеш* дека го сакаш, туку само ќе го *чувствуваш* тоа. Но тоа е во ред: тој токму тоа и го бара.
- ти никогаш нема да му *докажеш* дека го сакаш. Но тоа е во ред: самата помисла дека ти него го сакаш е сè што тој бара од тебе.
- ти никогаш нема да знаеш што ќе се случи следно, т.е. дали таа љубов ќе опстои и во иднина. Но тоа е во ред: љубовта што ја имаш *сега*, во овој момент, е многу повеќе отколку што некои луѓе постигнуваат за цел живот. На тој начин, колку повеќе сте заедно, може да биде само подобро.
Затоа, навистина нема потреба да имаш какви и да е сомнежи. Најмалку во себе. Но, како и да е, еве еден многу точен коментар за твојата состојба :helou:
ме погоди длаааабоко со болдираново...не дозволувам да се предадам целосно на чувствата и да уживам до крај..не знам како да го победам тој страв
![]()
„Со тебе ми е многу убаво. Сакам така убаво да биде и постојано и уште да ни биде поубаво.“
Кажувај му ја оваа реченица постојано, со чувства, за да разбере дека го мислиш тоа. Потоа, зависно од типот, тој можеби ќе бара да се изјасниш дека го сакаш со тие исти зборови, и тогаш треба да ги кажеш. Зашто, ако навистина ти е прекрасно со него, во сите погледи, ти него веќе го сакаш.
луѓе ај вака кажете со да правам како да докажам дека една нејзина другака пробува да не раздели и плус ич не мие по кеиф ај кажете ве молам пробав онака со муабет али нз неможе да го свати тоа а ради неа еднаш раскинавме ај малце помош ве молам
Нема што да и` докажуваш. Ако таа повеќе ја слуша другарка и` отколку тебе, поздрав и на двете. Но, бидејќи еднаш веќе ти се вратила, тоа значи дека сепак има уште нешто кон тебе.
Кажи и` отворено дека не ти се бендисува другарката и кажи и` зошто така мислиш. Па таа, во зависност од тоа дали ја цени повеќе другарка и` или тебе, или ќе се оддалечи од тебе, или ќе се приближи повеќе од тебе, а ќе се обиде да продискутира со другарка и`. Сепак, се претпоставува дека таа е со тебе, бидејќи и твоето мислење и` е важно, па треба да го изнесеш на виделина.