Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Зависи од девојката, претпоставувам... И колку често го прави тоа? До одредена граница е нормално.Дали е нормално за машко повеќе да сака да е со другар му неголи со девојката? ми треба мислење од машка особа:? дали е нормално ова ?
Normalno e, ako si poloso drustvo od drugar mu..Дали е нормално за машко повеќе да сака да е со другар му неголи со девојката? ми треба мислење од машка особа:? дали е нормално ова ?
Не му се допаѓаш,и нема како да ти каже,и на тој начин ти покажува. Јас кога сакам некоја тогаш она ми е центар на светот. Цело време сакам да сум со неа.Дали е нормално за машко повеќе да сака да е со другар му неголи со девојката? ми треба мислење од машка особа:? дали е нормално ова ?
Не мора да значи дека е секад така. Има и луѓе кои и покрај тоа што ја сакаат личноста со која се во врска и сакаат да поминуваат време со неа, си ја сакаат и слободата и нејќат да бидат ограничувани. Во една здрава врска сосема нормално е човек да си има и свои активности, кои не го вклучуваат партнерот. Ако умееш да балансираш помеѓу заедничките и одделните активности, нема потреба од лутење.Не му се допаѓаш,и нема како да ти каже,и на тој начин ти покажува. Јас кога сакам некоја тогаш она ми е центар на светот. Цело време сакам да сум со неа.
Дали е нормално за машко повеќе да сака да е со другар му неголи со девојката? ми треба мислење од машка особа:? дали е нормално ова ?
Каква елементарна грешка во чекори. Во ред е тоа да си е твој избор, ама така ако судиш за други, си се зезнал. Немаат сите луѓе потреба било кого да стават во центарот на својот живот. Има луѓе кои си имаат свој свет и дозволуваат другите да влезат и да си најдат свое место во него, а не ги направат нив целиот свет. И се е различен пристап и начин.Не му се допаѓаш,и нема како да ти каже,и на тој начин ти покажува. Јас кога сакам некоја тогаш она ми е центар на светот. Цело време сакам да сум со неа.
Голем дел од постов се сложувам, но има еден дел каде се остава т.н. сива зона.Каква елементарна грешка во чекори. Во ред е тоа да си е твој избор, ама така ако судиш за други, си се зезнал. Немаат сите луѓе потреба било кого да стават во центарот на својот живот. Има луѓе кои си имаат свој свет и дозволуваат другите да влезат и да си најдат свое место во него, а не ги направат нив целиот свет. И се е различен пристап и начин.
Никогаш не би направила некој да биде центар на мојот свет, ниту пак јас очекувам и сакам да бидам центар во туѓ свет. Поентата е да направиш место за човекот во твојот живот и таму да му е удобно, нормално со прилагодувања и тој да направи место за тебе во неговиот. Се останато се прилагодува и се прават компромиси.
Ама да го промениш цел твој свет за друга личност за мене е нерационално, нелогично и нема толку врска (да не речам ич) со љубов. И после кога другата личност не сака да е во центар на тој свет, одеднаш таа е woшата. Или тој. Зависи нели.
Врската треба да е додаток во твојот живот, нешто што ќе го надополни, а не нешто што сосема ќе го промени од корен, правејќи да ги запоставуваш и напушташ работите кои тебе ти се важни.
Се обраќам во второ лице, ама генерално општо зборам, само твојот пост ме инспирираше.
Не можеш со сигурност да тврдиш дека е така, не им ја знаеш врската, а и таа даде многу малку информации за да може да и се одговори, не можеш туку-така да тврдиш нешто.
Нормално е човек со тек на време да се менува, секој човек вака или така остава некаква трага врз нас и ни влијае, тоа никој не го порекнува, ама ти ми ја имаш комплетно утнато поентата.Голем дел од постов се сложувам, но има еден дел каде се остава т.н. сива зона.
Значи општо, кога човек влегува во врска итекако е во состојба да се промени. Знам по 90% од луѓето што сум ги видел пред и потоа. Колку и да е несвесно, со самото тоа што влегуваме во сериозна врска, работите се менуваат, перцепцијата е веќе друга. Дури и да е врската од типот "open relationship". Со тек на време можеби, (а и со искуство) станува побледо, но со самото тоа што поголемиот дел го поминуваш со партнерот и имаш други мисли, посебно на зачеток на некаква заедница, создава да изгледаш различно во туѓите очи.
Издигнување на пиедестал на партнерот нема никаква врска со ова. Тоа е веќе онаа крајност на идеализирање на личноста, а не љубов.
Врската не треба животот да ти го промени од корен, па ни тебе како личност. Нормално кога влегуваш во врска, се прават прилагодувања, јас тоа го кажав де. Само не сметам дека е ок, комплетно да ти го обземе животот, да направи да заборавиш на своите цели, амбиции и соништа. Ако врската може да се вклопи во твојот живот, значи е добра врска, ама ако треба целиот живот да го менуваш за врската да ти биде центар, притоа занемарувајќи ги твоите активности кои ги сакаш, ондак за мене тоа не е здрава врска.Врската треба да е додаток во твојот живот, нешто што ќе го надополни, а не нешто што сосема ќе го промени од корен, правејќи да ги запоставуваш и напушташ работите кои тебе ти се важни.
зависи од многу фактори...колку тоа повеќе сака да е со другар му....колку време се знаат со него и колку се блиски... и колку време и колку е близок со девојката исто...многу фактори се во прашање....Дали е нормално за машко повеќе да сака да е со другар му неголи со девојката? ми треба мислење од машка особа:? дали е нормално ова ?
Нормално е ако има подобар секс со другар му, инаку не е нормално.Дали е нормално за машко повеќе да сака да е со другар му неголи со девојката? ми треба мислење од машка особа:? дали е нормално ова ?
Дали е нормално за машко повеќе да сака да е со другар му неголи со девојката? ми треба мислење од машка особа:? дали е нормално ова ?
Болдот е целиот нивен проблем. И тоа не дека ете по некоја случајност можеби цурата сака почесто да се гледа со типот, туку поради слабата взаемна комуникација. Ако нејзе тоа и` пречи, најнормално е да отвори таква тема на разговор со дечкото. Нема баук од тоа, особено ако не се повишува глас за некои недоразбирања.зависи од многу фактори...колку тоа повеќе сака да е со другар му....колку време се знаат со него и колку се блиски... и колку време и колку е близок со девојката исто...многу фактори се во прашање....
ако му е таков животот да поминува време со другар/ите повеќе ондак не гледам причина за паника доколку не праи нешто што не треба....доколку доволно време посветува на девојката ондак нормално е....секој си има различен поглед за тоа како треба да се однесува во врска...
А и можеби девојката претерува со реакција и очекува 24/7 да се заедно со дечкото ....треба да се биде разумен и да се разговара веќе ако смета тоа толку..