- со големо задоволство ќе ти одговорам на прашањето од текстот,бидеиќи
јас сум од таа генерација кога љубовта не се мереше-искажуваше со секс.
- За ова имам пишувано во едне друга тема,( како ли се викаше,нешто беше
за прв пат,кога,дали веднаш сте имале, или така нешто) и опишав како беше во наше време ама еден ме нарече „ школски на Киро“
- Љубовни Писма.......е тоа беше љубов,тоа беа доживувања, кога го отвараш писмото на љубената тогаш срцето ти чука посилно-поискрено и
поверно,него сега кога овие генерации им ги симнуваат гаќите на девојките,
неможам да кажам на љубените,бидеиќи повеќето и не се, а и повеќето сами си ги симнуват гаќите.... ќе продолжам друг пат,можеби и ќе постирам некое љубовно писмо...
- Во тоа време немаше ни друга комуникација, телефон по домовите многу ретко, ( само кај оние со повеќе чварки на рамената ), а ако ти текне и да и го чуеш гласот на љубената (покрај ракописот) мораше пак преку пошта да пратиш писмо-картичка со порака ; во среда на 12 мај,во кабина 4 имате
разговор-повик точно во 18 часот со ....... е така беше, и ова често го практикувавме и имаше големи гужви пред телефонските кабини во пошта.
-А кога бевме во онаа армија „ЈНА“- далеку од дома и од љубената 1000 км.
се одржуваше врската со „љубовни писма“ ама и со овие телефонски врски.
- за сега толку